 |
Општина Гази Баба е формирана на 3 ноември 1976 година, и од тогаш тој ден претставува патронен празник на општината.
На 8 Септември Собранието на Република Македонија прогласува независност и суверенитет на Република Македонија. Од тој момент Општина Гази Баба станува дел од главниот град на Република Македонија и негова комуникациска и сообраќајна порта.
Местоположба:
Се наоѓа во северниот дел на Р. Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје. Поголемиот дел од територијата во централниот, југозападниот и јужниот дел се наоѓа во рамница под обработлива површина ( 65% од вкупната територија) со неколку височини, во северниот дел од општината кај паркот шума Гази Баба и во централниот дел во месноста Камник, и планински дел ( Скопска Црна Гора) во источниот дел од општината. Се граничи со скопските општините: на север со Бутел и Чаир, на запад со Центар и Аеродром, на југ со Илинден и Петровец, и на исток со Арачиново и Липково. Пречникот на простирање на Општината исток-запад изнесува 10 км, а север-југ 15 км.
|