Барање за отуѓување на градежно земјиште над 30%

Со потполнето барање/образец се поденсуваат следните докази:

  • извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
  • геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
  • имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое преставува над 30% од градежната парцела;
  • имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
  • уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
  • доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
  • Уплатница за уплатени административни такси од 1.500,00 ден.

Жиро сметка за уплата на административни такси:

Назив на примачот: Трезорска сметка
Сметка: 100000000063095
Банка на примачот: Народна банка на РМ
Уплатна сметка: 840-177-03182
Цел на дознака: административни такси
Приходна шифра: 722315
Програма: 00