Инфраструктурни Оператори
Дома Економија и бизнис Инфраструктурни Оператори
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт - Локален економски развој

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 322 66 55
E: contact@gazibaba.gov.mk

 

Општина Гази Баба и пошироко главниот град Скопје може да се пофалат со релативно оптимална присутност и квалитет на инфраструктурните оператори во сферите на телекомуникации, водоснабдување и одвод, енергија (топлинска и електрична), комуналната хигиена, депонирањето на отпад, јавниот градски превоз.

Во сегментот на телекомуникациски оператори постои исклучително голема понуда во речиси сите сфери на телекомуникациски услуги – телефонијата (мобилна и фиксна), интернетот (кабелски широкопојасен, АДСЛ, ДСЛ, wireless, VOIP, широкопојасен пристап до фиксни мрежи, итн.)
Во овој момент сите оператори на телекомуникациски услуги што се присутни на пазарот во Република Македонија, се присутни и во ОГБ и градот Скопје.

Како позначајни би ги издвоиле:


Во сегментот на енергетски оператори би ги издвоиле

Првите два оператори се на пазарот на топинска енергија и ја покриваат речисио целата територија на градот Скопје. Во таа насока како општина веќе се заложивме сите урбани населени места во ОГБ да се приклучат на мрежата за топлинска енергија.

Националниот оператор за диструбуција на електричната енергија ЕВН ја покрива целата територија на градот Скопје и општина Гази Баба. Во изминатиот период во таа насока беа направени и одредени капитални инвестиции од операторот ЕВН во насока на највисоки стандарди на квалитет на дистрибуираната енергија до сите домаќинства во ОГБ.

Во сегментот на водоснабдување и одвод, комунална хигиена, депонирање на отпад и јавниот градски превоз, како оператори се јавуваат само јавните претпријатија (Водовод и Канализација – Скопје, Комунална Хигиена, Дрисла, Улици и Патишта, Градски превоз, ) во сопственост на градот Скопје.

Во наредниот период се предвидуваат и одредени концесии и инвестиции во сегментот на оперирање во горенаведените сфери, со што во голема мера ќе се подобри нивната функционалност и финансиска и економска одржливост, а со крајна цел поквалитетни услуги за сите – граѓаните, деловните субјекти, јавните субјекти, итн.
 





Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;