Инвестирај во ОГБ
Дома Економија и бизнис Инвестирај во ОГБ
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт - Локален економски развој

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 322 66 55
E: contact@gazibaba.gov.mk

 

    Ако сте во потрага по локација за вашиот нов бизнис, општина Гази Баба е вашето вистинско решение – така ќе се најдете во срцето на најиндустриската општина во Скопје и Република Македонија, со голема традиција во сегментите на фармација, металопреработувачката индустрија, металургијата, прехранбената индустрија, индустријата на вино и пиво, логистичката индустрија, трговијата, со развиени комуникациски врски до сите урбани центри во регионот на ЈИЕ, крстопат на европските коридори 8 (Е65 Исток – Запад, Варна – Софија – Скопје – Тирана – Драч) и 10 (Е75 Југ – Север, Атина – Солун – Скопје – Белград – Загреб – Минхен), во близина на потенцијалите кои ги нуди заобиколницата низ ОГБ за индустриска зона, на 15км од меѓународниот аеродром Александар Македонски. Тука никој нема да ве праша што можете да направите за Гази Баба, туку што Гази Баба може да направи за вас.


    Дојдете во Гази Баба, веднаш да ги завршиме сите договори – ние ги цениме туѓите пари и знаење, и подготвени сме да им помогнеме на сите. Во нашата компјутерската база на податоци за неколку секунди ќе ги добиете сите информации потребни за подготовка на отпочнување на работа, а од Централниот регистар на РМ за неповеќе од неколку недели, лесно ќе ги добиете сите документи за правниот систем на вашата компанија.


    Ние не се двоумиме во одлуките, подготвени сме да ви излеземе во пресрет да интервенираме кај највисоките државни органи, да ви помогнеме, да ви обезбедиме совети од најкомпетентите луѓе од најистакнатите економски, научни и универзитетски институции.


    Администрацијата на Гази Баба ќе биде на ваша страна во преговорите со банките снабдувачите и дистрибутерите, националните и меѓународни спонзори, потенцијални партнери и клиенти. Поддршката на Вашиот бизнис ја сметаме за наша должност.


    Вашите инвестициски трошоци во Гази Баба повеќекратно ќе бидат пониски отколку во големите урбани средини во регионот на Југоисточна Европа, а тие центри ќе ви бидат пристапни и од тука.


    Тоа ја одредува нашата политика кон бизнисот, особено на инвестициите и развојот. Затоа нас многу ни е важен вашиот успех во нашата општина.





Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;