ОГБ Локална Економија
Дома Економија и бизнис ОГБ Локална Економија
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт - Локален економски развој

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 322 66 55
E: contact@gazibaba.gov.mk

 

ОГБ ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

Општина Гази Баба во рамките на Република Македонија е препознатлива како примарна локација за high tech индустриите, модерните сервисни компании, преработувачката и прехранбената индустрија.


Конкурирајќи со други региони во ЈИЕ за растечките компетитивни центри за иновативни технологии и индустрии (автомобилски компоненти,информациско комуникациските технологии - ICT, фармација и медицинските технологии, биотехнологии, агробизнис и прехранбена индустрија, машинска и преработувачка индустрија, енергија, градежни и минерални ресурси) општина Гази Баба својата предност ја има и како резултат на нејзината специфична местоположба – како порта на Север и Југ, и Исток и Запад преку сообраќајните и транспортни коридори 8 и 10, развиена инфраструктура за бизнис, и долгогодишна традиција во привлекување на домашни и странски деловни субјекти на територијата на ОГБ.


Како дел од главниот град со пет универзитети (еден државен и четири приватни), 49 факултети како и 9 истражувачки институти претставува уникатен научен и истражувачки простор.


Динамизмот и модерноста на главниот град ја прави ОГБ топ дестинација за компаниите во растечките индустрии.



Индустрија и Трговија


Општина Гази Баба е подготвена да стане место за индустриските компании специјализирани во сферите на пропулзивните индустрии.
После одредени структурни промени, индустриите лоцирана во ОГБ може да се соочат со иднината со полна доверба.
Со комбинацијата на напредни технологии и целосно модернизирани индустрии од традиционален тип, индустријата и трговијата на ОГБ нуди јасни можности за сите нови деловни субјекти и понудувачи кои сакаат да остварат контакт со растечките индустрии.


УСЛУГИ


Општина Гази Баба како дел од главниот град се набљудува како регионален провајдер на услуги и логистика. Сервис провајдерите лоцирани во ОГБ претставуваат бизнис сектор со најбрз растеж. Побарувачката за иновативни услуги рапидно се зголемува.

ОГБ е исто така и локација за конференции и саемски манифестации. Меѓудругото, ОГБ нуди и модерна и ефикасна инфраструктура за логистичките компании.





Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;