Тарифи за комунални такси
Дома Економија и бизнис Тарифи за комунални такси
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт - Локален економски развој

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 322 66 55
E: contact@gazibaba.gov.mk

 

Тарифен број 1


  • За фирма, односно назив на деловните простории на физичките лица кои вршат дејност од 1.300 денари до 2.700 денари

  • деловните простории на физичките лица кои вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ од 350 денари до 700 денари

  • деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите од 4.000 денари до 8.000 денари, освен за продавници,киосци, деловни единици и слично за кои таксата изнесува 2.000 денари

  • деловни простории на правни лица од комуналните дејности од 2.000 денари до 4.000 денари

  • деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови кои дејствуваат повремено од 2.000 денари до 4.000 денари


Тарифен број 2


За користење на површини во кампови, за подигање на шатори и другаслична привремена употреба – дневно од 20 денари до 40 денари. Наплатата на таксата ја вршат угостителските, туристичките и други правни лица, другите даватели на угостителски и туристички услуги, физичките лица кои вршат угостителска и туристичка дејност. Давателите на услуги, наплатената такса ја уплатуваат на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината, за општините во градот Скопје и за градот Скопје на чие подрачје е извршена наплатата.


Тарифен број 3


За користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност од м дневно од 5 денари до 15 денари. Наплатата на таксата ја врши органот надлежен за издавање на одобрение за вршење на дејност и ја уплатува на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината, за општините во градот Скопје и за градот Скопје на чие подрачје е извршена наплатата.


Тарифен број 4


За истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места се плаќа таксаи тоа:

  • до седум дена од 400 денари до 800 денари

  • до 30 дена од 700 денари до 1.300 денари

  • до една година од 800 денари до 1.600 денари


Тарифен број 5


За користење на музика во јавни локали

  • годишно од 3.300 денари до 6.700 денари


Тарифен број 6


За поставување на витрини за изложување на стоки надвор од деловните простории се плаќа такса годишно и тоа:

  • за физички лица кои вршат дејност од 700 денари до 1.300 денари

  • за правните лица од областа на производството, прометот и услугите од 1.300 денари до 2.700 денари


Тарифен број 7


За користењето на плоштадите и друг простор во градовите и другите населени места со цел за изложување на предмети, приредување изложби и забавни приредби за вршење на дејност, се плаќа такса за заземена површина од м2 дневно од 3 денари до 7 денари. Наплатата на таксата ја врши органот надлежен за издавање одобрение зa изложување на предмети, приредување изложби и забавни приредби и ја уплатува на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината, за општините во градот Скопје, односно за градот Скопје на чие подрачје е извршена наплатата.


Тарифен број 8


За користење на просторот за паркирање на моторни возила:

  • паркирање на патнички возила на јавни паркиралишта – дневно од 15 денари до 30 денари

  • по саат од 10 денари до 20 денари

  • паркирање на товарни моторни возила и автобуси- дневно од 50 денари до 100 денари

  • паркирање на приколки - дневно од 20 денари до 50 денари

Наплатата на таксата ја врши правното лице на кое му е доверено организирањето и одржувањето на паркинг - плацот и ја уплатува на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината, за општините во градот Скопје и за градот Скопје на чие подрачје е извршена наплатата.


Тарифен број 9


За користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли и тоа:

  • за патнички возила до 1000 кубика од 30 денари до 70 денари

  • за патнички возила од 1000 до 1300 кубика од 50 денари до 100 денари

  • за патнички возила од 1300 до 1500 кубика од 70 денари до 130 денари

  • за патнички возила од 1500 до 1800 кубика од 200 денари до 400 денари

  • за патнички возила над 1800 кубика од 300 денари до 600 денари

  • за товарни возила по тон носивост од 70 денари до 130 денари

  • за автобуси и други возила што служат за превоз на патници од 350 денари до 700 денари

  • за специјални возила од 30 денари до 70 денари

  • за сите видови мотоцикли од 30 денари до 70 денари

Наплатата на таксата ја врши органот надлежен за регистрација на возилата и ја уплатува на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината, за општините во градот Скопје и за градот Скопје на чие подрачје е извршена наплатата.


Тарифен број 10


За користење и одржување на јавно осветлување се плаќа комунална такса во висина на противвредност од 15 KWh по цена за јавно осветлување за секое броило за мерење на електрична енергија. Наплатата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броило ја врши трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија и ја уплатува на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината и за општините во градот Скопје на чие подрачје е извршена наплатата.



Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;