Земјоделие во ОГБ
Дома Економија и бизнис Земјоделие во ОГБ
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

Контакт - Локален економски развој

Општина Гази Баба
1000 Скопје

T: +389 (0)2 322 66 55
E: contact@gazibaba.gov.mk

 

    Општина Гази Баба зафаќа површина од 92км2. Голем дел од таа површина припаѓа на руралниот дел од општината, со 65% обработливо земјиште од вкупното земјиште на територијата на Општина Гази Баба

    Општина Гази Баба располага со 5500 ха земјоделско земјиште и тоа, во сопственост на правниte субјекти е околу 1900 ха, додека индивидуалните земјоделци располагаат со околу 3650 ха.

    На земјиштето со кое стопанисуваат правните субјекти претежно се застапени житните и фуражните култури, додека на земјоделското земјиште што е сопственост на приватни лица застапени се житните и градинарските култури.

    Од вкупното користено земјоделско земјиште во општината, 90% се ораници, бавчи и куќни градини, а останатиот дел припаѓаат на пасишта, овоштарници и лозја.

    Најдолен дел од површината на ораници, бавчи и градини се посеани со жита (1.305ха, 61%), потоа, зеленчук (515ха, 24%) и фуражни култури (225ха, 10%).

    На вкупните површини на житни култури посадена површина од 1.305ха дури 60% отпаѓаат на пченицата, 22% на јачменот и 15% на пченката. Останатите 3% се површина засеана со друг вид на житни култури.

    На 22% од вкупното користено земјоделско земјиште во ОГБ е посеано со зеленчук. Градот Скопје располага со расеани вкупно 1.555ха зеленчук од кои 33% се наоѓаат во ОГБ. Најголем процент на засеан зеленчук и отпаѓа на пиперката (96ха), лубениците (100ха), компирот (73ха), доматите (45ха) итн.

    Од фуражните култури најзастапена е детелината на 179ха, што претставува 80% од вкупно засеаната површина со фуражни култури и со помали површини од останати култури. На територијата на ОГБ се произведува дури на 31% од вкупните површини засеани со фуражни култури во Скопје.

    Од сите Скопски општини, ОГБ има најголема површина покриена со пластеници (54%), односно повеќе од 740 илјади квадратни метри, просечно тоа значи дека секое ИЗС има 1.276м2 пластеници.

    Општина Гази Баба има изработено Подстратегијата за рурален развој која произлегува пред се од потребите на граѓаните во руралните средини на оваа општина за воспоставување на организиран пристап за решавање на постоечките проблеми во руралните средини на ОГБ и можностите на општината да даде свој придонес во склоп на своите надлежности и потенцијали.






Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;