|
Бесплатната линија - 0800 422 22 Т: +389 2 3226-655 |
|
Инфо центарот е нов, едноставен и отворен сервис во служба на граѓаните, функционира од Јули 2005 година, со единствена цел навремено, точно, професионално и ефикасно информирање на граѓаните за сите активности во ОГБ, за подрачните министерства и за сите останати барања, предлози, проблеми и тековни случувања. Во инфо центарот работат тројца државни службеници, кои директно и непосредно им помагаат на граѓаните во изнаоѓањето на решенија за проблемите што се во делокругот на надлежностите на општината. Вработените во инфо центарот се должни да ги примат и услужат граѓаните, еднакво, професионално и непристрасно, без разлика на нивните политички ставови, верска определба, расна и полова припадност, социо-економскиот статус и/или етничка припадност. Инфо центарот служи и за посредно пренесување на коментарите, потребите и забелешките на граѓаните до Градоначалникот, Советот и секторите на Општината „Гази Баба“ – Скопје, и тие претставуваат суштинска определба на општината, бидејќи проблемите и потребите на граѓаните се легитимна грижа на локалната власт. |
|
|

ИНФО центар


