|
There are no translations available.
Усвоена Одлуката за плаќање воден надомест за 2012
|
Општина Гази Баба продолжува со практиката од 2010 година да помага на
индивидуалните физички лица – водокорисници, со тоа што на седницата на Советот
на Општината одржана на 24.01.2012 година, донесе Одлука за превземање на
обврските за плаќање воден надомест за одводнување на индивидуалните физички
лица – водокорисници (сопственици / корисници на индивидуални станбени објекти и
земјоделско земјиште) на подрачјето на општината.
На подрачјето на Општина Гази Баба под системот за одводнување “Скопско Поле” се
опфатени вкупно 2175 ха, од кои 1371 ха поседуваат индивидуалните физички лица –
водокорисници. Надоместот по хектар изнесува 2400 денари, што значи вкупниот
надомест, кој општината треба да го исплати на Водостопанство Скопско Поле –
Скопје, изнесува 3.290.400,00 денари.
Превземената обврска за плаќање се однесува за 2012 година.
Надоместокот ќе биде искористен за редовно и навремено чистење на каналската
мрежа на подрачјето на општина Гази Баба, од страна на Водостопанство Скопско
Поле – Скопје, со цел спречување на евентуални поплави на замјоделското земјиште
и други површини на подрачјето на општината.
27.01.2012
|
|