|
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- Роден 1973 година во Скопје
- Семеен човек, сопруга Ирена и синови Петар и Лука
- Хоби спорт, фудбал, кошарка,одбојка
ОБРАЗОВАНИЕ
- Дипломирал на Машинскиот факултет во 2001 година во Скопје
РАБОТНО ИСКУСТВО
- Од 2001 – 2003 година вработен во АД “ ЕСМ” –Скопје на позиција одговорен инженер а подоцна раководител на одделение.
- Во периодот од 2003–2005 година е вработен во NDI (National Democratic Institute) на позиција асистент во Собранието на Република Македонија во канцеларијата за комуникација со граѓани. Во тој период активно учествува на голем број обуки, семинари и работилници организирани од страна на NDI, Американската Амбасада, Собранието на Република Македонија, во насока на подобрување на парламентарната демократија
- Во 2007 година се вработува во АД „ЕЛЕМ“ – Подружница Енергетика – Скопје, како одговорен инжинер за развој и инвестиции, а подоцна ја извршува функцијата Директор на Подружницата
- Во 2005 година е избран за советник во Советот на Општина Гази Баба, а по овластување на градоначалникот до 07.07.2008 ја извршува функцијата заменик Градоначалник. Од 07.07.2008 е избран за Претседател во Советот на Општина Гази Баба
СЕГАШНА ПОЗИЦИЈА
- Од април 2009 година Градоначалник на Општина Гази Баба
- Претседател на надзорниот одбор на ЗЕЛС
|
|
|
|