|
Надлежности на градоначалникот
(1) Градоначалникот:
- Ја претставува и застапува општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на советот;
- Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
- Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
- Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се
делегирани на општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на
советот;
- Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на
општината;
- Го извршува буџетот на општината;
- Избира директори на јавните служби кои ги основала општината,
врз основа на јавен конкурс;
- Редовно го известува советот за извршувањето на своите
надлежности во согласност со статутот;
- Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни
и физички лица, во согласност со закон;
- Донесува правилник за систематизација на работните места на
општинската администрација;
- Раководи со општинската администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите
на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е
определено со закон.
- Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на
сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
- Врши други работи утврдени со закон и со статутот.
(2) Градоначалникот може да овласти раководен службеник на
општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како
и да потпишува акти.
|
|
|
|
|
|