-
Тони Трајковски
2013 год.
2009 год.Тони Трајковски
2009 - 2013 година
2013 година
Во текот на 2009 год се одржаа четвртите локални избори за градоначалник и членовите на советот на Општина Гази Баба. Во првиот круг за избор на градоначалник довербата на граѓаните ја доби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски. -
Коце Трајановски
2005 год.Коце Трајановски
2005-2009 год.
Во вториот круг за избор на градоначалник во 2005год, довербата на граѓаните со најголем број гласови ја доби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, дотогашен пратеник во Собранието на Република Македонија.Советот на Општината по неколкуте одржани седници најпрво го донесе Статутот на Општината, со кој се овозможи ефикасно функционирање на органите и телата на Општината и комисиите на советот, како и непречено спроведување на децентрализираните надлежности. Членовите на Советот најголемо внимание посветуваат на разгледувањето и донесувањето на одлуките за подобрување на комуналните проблеми на месното население, како и решавањето на осветлувањето, асфалтирањето на улиците и слично. -
Борче Стефановски
2000 год.Борче Стефановски
2000-2005
На одржаните избори во септември 2000 год За градоначалник на Општина Гази Баба беше избран Борче Стефановски од ВМРО ДПМНЕ за претседавач на Советот Маријан Здравковски од ЛДП, за секретар на Општината Мирко Передевски. -
Методија Гочевски
1996 год.Методија Гочевски
1996-2000 год.
Меѓу двата циклуса на парламентарните избори на 18 октомври 1996 година во Република Македонија се одржаа првите локални избори за градоначалници и членови на совети на општините. За прв градоначалник на Општина Гази Баба на непосредни избори на 18.10.1996 година беше избран Методија Гочевски од коалицијата ВМРО ДПМНЕ, ДП и МААК, за претседател на Советот Атанас Стамнов од ВМРО ДПМНЕ, за секретар Перо Ристовски. -
Илија Гоцевски
1991 год.Илија Гоцевски
1991-1996
По спроведувањето на првите повеќепартиски избори за одборници на Собранието на Општина Гази Баба, со непосредно и тајно гласање беше конституирано првото повеќепартиско собрание во 1991 година. За претседател на Собранието бил избран Илија Гоцевски, за секретар Ангеле Стаменковски, а за претседател на Извршниот совет Љубе Бојковски. -
Марика Панкова-Ботева
1986 год.Марика Панкова-Ботева
1986-1991
Во пролетта 1986 година биле спроведени избори за нови делегатски собранија. На седницата од 14 април 1986 година било извршено конституирањето на новото делегатско собрание на Општината Гази Баба, при што за нов претседател на Собранието, за периодот од 1986 до 1990 година, била избрана Марика Панкова-Ботева. -
Коста Јанчевски
1984 год.Коста Јанчевски
1984-1986
Коста Јанчевски, кој функцијата претседател на Собранието ја извршувал од 1984 до 1986 година. Функцијата секретар на Собранието и во наредниот четиригодишен период ја извршувал Ристо Дика. На истата седница биле избрани и членовите на Извршниот совет. -
Михајло Миљовски
1982 год.Михајло Миљовски
1982-1984 год.
Во текот на 1982 година биле спроведени избори на делегатите за состав на новото Собрание на Општина Гази Баба, кое се конституирало на 13 април 1982 година. На таа седница за претседател бил избран Михајло (Мишо) Миљовски, кој на таа функција бил до 1984 година. -
Пејко Блажевски
1978 год.
1976 год.Првиот претседател
Пејко Блажевски
1976-1978 год.
1978-1982 год.
Собранието на Општината на својата прва заедничка седница на сите собори извршила избор за претседател наСобранието на Општината. За прв претседател на Собранието на Општина Гази Баба бил избран Пејко Блажевски,а за секретар Ристо Дика. Мандатот на делегатите во сите собори на Општината Гази Баба избрани во 1976 година траел само две години. Во 1978 година, поради усогласување со изборниот систем во земјата се пристапило кон избор на нови делегати за Собранието на Општината. Новиот состав на Собранието на Гази Баба бил конституиран во април 1978 година, при што, повторно, Пејко Блажевски бил избран за претседател.