Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

 

 

 

Седма седница на Советот на Општина Гази Баба

Седма седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07- 3629/1 од 12.08.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Седмата седница на Советот на Општина Гази Баба, за 19.08.2013 година (понеделник) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Заклучок за усвојување на Информацијата за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на полициската станица ''Гази Баба'', за првата половина од 2013 година;

  2. Предлог - Одлука за давање согласност за отворање на нова воспитно-образовна група на деца на возраст од 2-3 години, во објектот ''Сончоглед'' на ЈУДГ ''ДЕТСКА РАДОСТ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  3. Предлог - Одлука за давање согласност за отворање на нова воспитно-образовна група на деца на возраст од 4-5 години, во објектот ''Сонце'' на ЈУДГ ''25 МАЈ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  4. Предлог - Одлука за определување на надоместок за изборните трошоци на организаторите на изборната кампања, за членови на Советот на Општина Гази Баба и за Градоначалник на Општина Гази Баба, на Локалните избори - 2013 година;

  5. Предлог - Заклучок за усвојување на Елаборатот за проценка на штети на подрачјето на Општина Гази Баба, од природната непогода (невреме) на 23.06.2013 година;

  6. Предлог - Заклучок за усвојување на Извештајот за остварување на приходите и извршување на расходите на Буџетот на Општина Гази Баба, за периодот Јануари - Јуни 2013 година;

  7. Предлог - Одлука за воспоставување на соработка помеѓу Општина Гази Баба и Град Скопје, за санација на ударните дупки на улиците во надлежност на Општина Гази Баба;

  8. Предлог - Заклучок за утврдување на Нацрт-Одлука за изменување на Деловникот на Советот на Општина Гази Баба;

  9. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план - Дел од Источна индустриска зона, ''Средношколски центар'', Општина Гази Баба - Скопје; и

  10. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план - Источна индустриска зона, Локалитет - ''ПИВАРА'', Општина Гази Баба - Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Шестта седница на Советот на Општина Гази Баба

Шестта седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-3044/1 од 09.07.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Шесттата седница на Советот на Општина Гази Баба, за 15.07.2013 година (понеделник) со почеток во 13 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, за 2012 година;

  2. Предлог - Одлука за давање согласност за основање на регионален одбор за управување со отпад;

  3. Предлог - Заклучок за прифаќање на Иницијативата на Градоначалникот на Општина Гази Баба, бр.08-3275/1 од 08.07.2013 година, за отпочнување на постапка за изменување на Статутот на Општина Гази Баба;

  4. Предлог - Статутарна Одлука за изменување на Статутот на Општина Гази Баба;

  5. Предлог - Заклучок за прифаќање на Иницијативата на Градоначалникот на Општина Гази Баба, бр.08-3275/2 од 08.07.2013 година, за отпочнување на постапка за изменување на Деловникот на Советот на Општина Гази Баба;

  6. Предлог-Одлука за формирање на Комисија за Деловник на Советот на Општина Гази Баба;

  7. Предлог - Програма за поставување на урбана опрема, на подрачјето на Општина Гази Баба, за период 2013-2014 година;

  8. Предлог - Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Гази Баба за 2013 година;

  9. Предлог - Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Гази Баба за 2013 година;

  10. Предлог - Одлука за надомест за одземање на право на користење на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, на КП 724/2 и КП 725/2 КО Гази Баба, заради реализација на ДУП УЗ ''Железара'', локалитет ''Г'';

  11. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена во намената на земјиште, по барање УП1 бр.28-4555 за КП 1552 КО Сингелиќ -1;

  12. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-7666 за КП 1195/2 и КП 1159/1 КО Маџари;

  13. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-4052 за КП 156 КО Трубарево;

  14. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-4364 за КП 173/3 КО Јурумлери;

  15. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена во намената на земјиште, по барање УП1 бр.28-8274 за КП 4742/2 КО Сингелиќ -1;

  16. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-14503 за КП 110/1 КО Гази Баба;

  17. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-13705 за КП 110/1 КО Гази Баба;

  18. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-14206 за КП 110/1 КО Гази Баба;

  19. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-14168 за КП 110/1 КО Гази Баба;

  20. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-13992 за КП 110/1 КО Гази Баба;

  21. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-12868 за КП 489 КО Гази Баба;

  22. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена во намената на земјиште, по барање УП1 бр.28-10553 за КП 315/2 и дел од КП 316/1 КО Инџиково;

  23. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-9606 за КП 355 КО Сингелиќ - 2;

  24. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-8469 за КП 383/1 КО Инџиково;

  25. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-276 за КП 489 КО Гази Баба;

  26. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура, по барање УП1 бр.28-3559 за КП 1316 КО Сингелиќ -1;

  27. Предлог - Одлука со која се утврдува потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши усогласување на бесправен објект, по барање УП1 бр.28-1717 за КП 4228 и КП 4237/1 КО Сингелиќ-1;

  28. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура, по барање УП1 бр.28-6665 за КП 42 и КП 41/1 КО Трубарево;

  29. Предлог - Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ЈКП ''ГАЗИ БАБА - 2007'' - Скопје, за 2012 година;

  30. Предлог - Одлука за давање согласност на Статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП ''ГАЗИ БАБА -2007'' - Скопје; и

  31. Предлог - Одлука за еднократна парична помош за настаната штета од пожар.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Петта седница на Советот на Општина Гази Баба

Петта седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-2201/1 од 20.06.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Четврттата седница на Советот на Општина Гази Баба, за 28.06.2013 година (петок) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Буџетски календар за изготвување на Буџетот на Општина Гази Баба за 2014 година;

  2. Предлог - Програма за изменување на Програмата за одржување на комуналната чистота и реализација на проекти од комуналната инфраструктура, преку ангажирање на невработени лица за потребите на Општина Гази Баба за 2013 година;

  3. Предлог - Одлука за давање согласност на одлуката на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје, за одобрување на задолжување на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје спрема лизинг компанија;

  4. Предлог - Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје;

  5. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - изградба на фекална канализација во н.м Гоце Делчев (мерка 321 - подобрување на квалитетот на живот во рурални средини);

  6. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - изградба на фекална канализација во н.м Гоце Делчев (мерка 321 - подобрување на квалитетот на живот во рурални средини);

  7. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - изградба и реконструкција на локалната делница Црешево-Виниче (мерка 322 - обнова и развој на селата);

  8. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - изградба и реконструкција на локалната делница Црешево-Виниче (мерка 322 - обнова и развој на селата);

  9. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - означување на културни и природни знаменитости во Општина Гази Баба (мерка 323 - зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја);

  10. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - означување на културни и природни знаменитости во Општина Гази Баба (мерка 323 - зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја);

  11. Предлог - Одлука за именување на членови на Советот на културната манифестација ''Големата мајка'';

  12. Предлог - Одлука за збратимување и соработка меѓу Општина Гази Баба, Република Македонија и Општина Бургас, Република Бугарија; и

  13. Предлог - Одлука за збратимување и соработка меѓу Општина Гази Баба, Република Македонија и Општина Призрен, Република Косово.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree