Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

 

 

 

Четвртта седница на Советот на Општина Гази Баба

Четвртта седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-2201/1 од 20.06.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Четврттата седница на Советот на Општина Гази Баба, за 28.06.2013 година (петок) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Буџетски календар за изготвување на Буџетот на Општина Гази Баба за 2014 година;

  2. Предлог - Програма за изменување на Програмата за одржување на комуналната чистота и реализација на проекти од комуналната инфраструктура, преку ангажирање на невработени лица за потребите на Општина Гази Баба за 2013 година;

  3. Предлог - Одлука за давање согласност на одлуката на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје, за одобрување на задолжување на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје спрема лизинг компанија;

  4. Предлог - Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје;

  5. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - изградба на фекална канализација во н.м Гоце Делчев (мерка 321 - подобрување на квалитетот на живот во рурални средини);

  6. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - изградба на фекална канализација во н.м Гоце Делчев (мерка 321 - подобрување на квалитетот на живот во рурални средини);

  7. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - изградба и реконструкција на локалната делница Црешево-Виниче (мерка 322 - обнова и развој на селата);

  8. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - изградба и реконструкција на локалната делница Црешево-Виниче (мерка 322 - обнова и развој на селата);

  9. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - означување на културни и природни знаменитости во Општина Гази Баба (мерка 323 - зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја);

  10. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - означување на културни и природни знаменитости во Општина Гази Баба (мерка 323 - зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја);

  11. Предлог - Одлука за именување на членови на Советот на културната манифестација ''Големата мајка'';

  12. Предлог - Одлука за збратимување и соработка меѓу Општина Гази Баба, Република Македонија и Општина Бургас, Република Бугарија; и

  13. Предлог - Одлука за збратимување и соработка меѓу Општина Гази Баба, Република Македонија и Општина Призрен, Република Косово.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Третта седница на Советот на Општина Гази Баба

Третта седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-1613/1 од 10.05.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Треттата на Советот на Општина Гази Баба, за 31.05.2013 година (петок) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Заклучок за усвојување на Извештајот за остварување на приходите и извршување на расходите на Буџетот на Општина Гази Баба за период Јануари-Март 2013 година;

  2. Предлог - Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Гази Баба за 2013 година;

  3. Предлог - Одлука за отварање на преодна сметка на Општина Гази Баба во деловна банка заради воведување на ПОС-терминали за наплата на административни такси;

  4. Предлог - Одлука за утврдување на надоместок на членовите на Советот на Општина Гази Баба;

  5. Предлог - Одлука за давање согласност за поголем опфат на деца во воспитните групи во објектите на ЈУДГ ''ДЕТСКА РАДОСТ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  6. Предлог - Одлука за давање согласност за поголем опфат на деца во воспитните групи во објектите на ЈУДГ ''25 МАЈ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  7. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Гази Баба за 2013 година;

  8. Предлог - План за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Гази Баба - за реконструкција на јавното улично осветлување во Општина Гази Баба;

  9. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2013 година;

  10. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на намената одземјоделско земјиштето во градежно земјиште, по барање УП1 бр.28-1167 за КП 318/6 КО Инџиково;

  11. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на намената на земјиштето на кое се наоѓа бесправен објект-семејна куќа, по барање УП1 бр.28-3263 за КП 718/2, КП721/3 и КП 910 КО Јурумлери;

  12. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-453 за КП 157 КО Трубарево;

  13. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-1810 за КП 352/8 КО Инџиково;

  14. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообракајница, по барање УП1 бр. 28-7625 за КП 473/3 КО Јурумлери;/p>

  15. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на намената на земјиштето, по барање УП1 бр. 28-4240 за КП 718/1 КО Јурумлери;

  16. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши усогласување на бесправeн објект по барање УП1 бр. 28-719 за КП 4675/4 КО Сингелиќ-1; и

  17. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши усогласување на бесправeн објект по барање УП1 бр.28-729 за КП 952 и КП 971 КО Гази Баба.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Втора седница на Советот на Општина Гази Баба

Втора седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-1613/1 од 10.05.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

РЕШЕНИЕ

 

Ја свикувам Втората на Советот на Општина Гази Баба, за 17.05.2013 година (петок) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

1. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на статутарно-правната комисија на Советот на Општина Гази Баба;

2. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за програмирање на работата на Советот на Општина Гази Баба;

3. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за финансии и Буџет на Советот на Општина Гази Баба;

4. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина на Советот на Општина Гази Баба;

5. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за општествени дејности на Советот на Општина Гази Баба;

6. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Гази Баба;

7. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија на Советот на Општина Гази Баба;

8. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Гази Баба;

9. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за земјоделие на Советот на Општина Гази Баба;

10. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за култура, спорт и рекреација на Советот на Општина Гази Баба;

11. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за родова еднаквост на Советот на Општина Гази Баба;

12. Предлог - Решение за избор на претседател и членови на комисијата за чување на традициите на македонскиот народ, заедниците и македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја на Советот на Општина Гази Баба; и

13. Предлог - Решение за изменување и дополнување на решението за определување на членови од Советот на Општина Гази Баба, за учество во склучување на бракови во матична служба на Град Скопје и месните канцеларии во Општина Гази Баба.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree