Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Третта седница на Советот на Општина Гази Баба

Третта седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-1613/1 од 10.05.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Треттата на Советот на Општина Гази Баба, за 31.05.2013 година (петок) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Заклучок за усвојување на Извештајот за остварување на приходите и извршување на расходите на Буџетот на Општина Гази Баба за период Јануари-Март 2013 година;

  2. Предлог - Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Гази Баба за 2013 година;

  3. Предлог - Одлука за отварање на преодна сметка на Општина Гази Баба во деловна банка заради воведување на ПОС-терминали за наплата на административни такси;

  4. Предлог - Одлука за утврдување на надоместок на членовите на Советот на Општина Гази Баба;

  5. Предлог - Одлука за давање согласност за поголем опфат на деца во воспитните групи во објектите на ЈУДГ ''ДЕТСКА РАДОСТ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  6. Предлог - Одлука за давање согласност за поголем опфат на деца во воспитните групи во објектите на ЈУДГ ''25 МАЈ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  7. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Гази Баба за 2013 година;

  8. Предлог - План за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Гази Баба - за реконструкција на јавното улично осветлување во Општина Гази Баба;

  9. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2013 година;

  10. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на намената одземјоделско земјиштето во градежно земјиште, по барање УП1 бр.28-1167 за КП 318/6 КО Инџиково;

  11. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на намената на земјиштето на кое се наоѓа бесправен објект-семејна куќа, по барање УП1 бр.28-3263 за КП 718/2, КП721/3 и КП 910 КО Јурумлери;

  12. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-453 за КП 157 КО Трубарево;

  13. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-1810 за КП 352/8 КО Инџиково;

  14. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообракајница, по барање УП1 бр. 28-7625 за КП 473/3 КО Јурумлери;/p>

  15. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на намената на земјиштето, по барање УП1 бр. 28-4240 за КП 718/1 КО Јурумлери;

  16. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши усогласување на бесправeн објект по барање УП1 бр. 28-719 за КП 4675/4 КО Сингелиќ-1; и

  17. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши усогласување на бесправeн објект по барање УП1 бр.28-729 за КП 952 и КП 971 КО Гази Баба.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree