Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Четвртта седница на Советот на Општина Гази Баба

Четвртта седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-2201/1 од 20.06.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Четврттата седница на Советот на Општина Гази Баба, за 28.06.2013 година (петок) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Буџетски календар за изготвување на Буџетот на Општина Гази Баба за 2014 година;

  2. Предлог - Програма за изменување на Програмата за одржување на комуналната чистота и реализација на проекти од комуналната инфраструктура, преку ангажирање на невработени лица за потребите на Општина Гази Баба за 2013 година;

  3. Предлог - Одлука за давање согласност на одлуката на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје, за одобрување на задолжување на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје спрема лизинг компанија;

  4. Предлог - Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈКП ''Гази Баба - 2007'' - Скопје;

  5. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - изградба на фекална канализација во н.м Гоце Делчев (мерка 321 - подобрување на квалитетот на живот во рурални средини);

  6. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - изградба на фекална канализација во н.м Гоце Делчев (мерка 321 - подобрување на квалитетот на живот во рурални средини);

  7. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - изградба и реконструкција на локалната делница Црешево-Виниче (мерка 322 - обнова и развој на селата);

  8. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - изградба и реконструкција на локалната делница Црешево-Виниче (мерка 322 - обнова и развој на селата);

  9. Предлог - Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот - означување на културни и природни знаменитости во Општина Гази Баба (мерка 323 - зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја);

  10. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на проектот - означување на културни и природни знаменитости во Општина Гази Баба (мерка 323 - зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја);

  11. Предлог - Одлука за именување на членови на Советот на културната манифестација ''Големата мајка'';

  12. Предлог - Одлука за збратимување и соработка меѓу Општина Гази Баба, Република Македонија и Општина Бургас, Република Бугарија; и

  13. Предлог - Одлука за збратимување и соработка меѓу Општина Гази Баба, Република Македонија и Општина Призрен, Република Косово.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree