Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Седма седница на Советот на Општина Гази Баба

Седма седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07- 3629/1 од 12.08.2013 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Седмата седница на Советот на Општина Гази Баба, за 19.08.2013 година (понеделник) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Заклучок за усвојување на Информацијата за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на полициската станица ''Гази Баба'', за првата половина од 2013 година;

  2. Предлог - Одлука за давање согласност за отворање на нова воспитно-образовна група на деца на возраст од 2-3 години, во објектот ''Сончоглед'' на ЈУДГ ''ДЕТСКА РАДОСТ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  3. Предлог - Одлука за давање согласност за отворање на нова воспитно-образовна група на деца на возраст од 4-5 години, во објектот ''Сонце'' на ЈУДГ ''25 МАЈ'' - Општина Гази Баба - Скопје;

  4. Предлог - Одлука за определување на надоместок за изборните трошоци на организаторите на изборната кампања, за членови на Советот на Општина Гази Баба и за Градоначалник на Општина Гази Баба, на Локалните избори - 2013 година;

  5. Предлог - Заклучок за усвојување на Елаборатот за проценка на штети на подрачјето на Општина Гази Баба, од природната непогода (невреме) на 23.06.2013 година;

  6. Предлог - Заклучок за усвојување на Извештајот за остварување на приходите и извршување на расходите на Буџетот на Општина Гази Баба, за периодот Јануари - Јуни 2013 година;

  7. Предлог - Одлука за воспоставување на соработка помеѓу Општина Гази Баба и Град Скопје, за санација на ударните дупки на улиците во надлежност на Општина Гази Баба;

  8. Предлог - Заклучок за утврдување на Нацрт-Одлука за изменување на Деловникот на Советот на Општина Гази Баба;

  9. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план - Дел од Источна индустриска зона, ''Средношколски центар'', Општина Гази Баба - Скопје; и

  10. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план - Источна индустриска зона, Локалитет - ''ПИВАРА'', Општина Гази Баба - Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree