Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Дваесетта седница на Советот на Општина Гази Баба

Дваесетта седница на Советот на Општина Гази Баба


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Бр.07-3147/1 од 18.08.2014 година
С К О П Ј Е

 

 

 

 

 

Врз основа на член 58 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба (''Службен гласник на Општина Гази Баба'' бр.4/06), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Ја свикувам Дваесеттата седница на Советот на Општина Гази Баба, за 25.08.2014 година (понеделник) со почеток во 12 часот. За работата на седницата го предлагам следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог - Заклучок за усвојување на информацијата за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на полициската станица ''Гази Баба'' - Скопје, за првата половина од 2014 година;

  2. Предлог - Одлука за поништување на Одлуката за изменување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Гази Баба;

  3. Предлог - Одлука за изменување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Гази Баба;

  4. Предлог - Одлука за давање согласност за реализација на проектот за поставување на систем на подземни контејнери за собирање на комунален отпад, на подрачјето на Општина Гази Баба;

  5. Предлог - Заклучок за усвојување на извештајот за остварување на приходите и извршување на расходите на Буџетот на Општина Гази Баба, за периодот Јануари - Јуни 2014 година;

  6. Предлог - Решение за изменување на решението за определување на членови од Советот на Општина Гази Баба за учество во склучување на бракови во матичната служба на Град Скопје и месните канцеларии во Оштина Гази Баба;

  7. Предлог - Одлука за утврдување на услови за начинот на градење, во село Црешево - Општина Гази Баба, за кое нема урбанистички план;

  8. Предлог - Одлука за ослободување на инвеститорот - Македонска православна црква - Охридска архиепископија, од плаќање на дел од надоместокот за уредување на градежното земјиште, за изградба на православен храм;

  9. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-489 за КП 2158 КО Маџари;

  10. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-716 за КП 3641 КО Сингелиќ - 1;

  11. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена во намената на земјиштето, по барање УП1 бр.28-912 за КП 1630/1 КО Маџари;

  12. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-1165 за КП 1515 КО Маџари;

  13. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-2908 за КП 5035 КО Сингелиќ - 1;

  14. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена во намената на земјиштето, по барање УП1 бр.28-3822 за КП 1554 КО Сингелиќ - 1;

  15. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба од измена на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена во намената на земјиштето, по барање УП1 бр.28-5106 за КП 980 КО Гази Баба;

  16. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-7395 за КП 4014 и КП 4015 КО Сингелиќ - 1;

  17. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-11292 за КП 4674 КО Сингелиќ - 1;

  18. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-13877 за КП 1363 КО Сингелиќ – 1; и

  19. Предлог - Одлука со која не се утврдува потреба да се донесе урбанистичко-планска документација, со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди, по барање УП1 бр.28-14068 за КП 996 КО Маџари.

 

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општина Гази Баба, на ул. ''Архимедова'' бр.2.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,
Милан Андоновски, с.р.

 

 

 

 


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree