Пролетни активности во ОУ „Вера Јоциќ“
[sigplus] Critical error: Image gallery folder foto/2013/201303/20130321/gallery_vera_jocik is expected to be a path relative to the image base folder specified in the back-end.
Пролетни активности во ОУ „Вера Јоциќ“
Во ОУ „Вера Јоциќ“ во општина Гази Баба, по повод 21 март- Ден на пролетта и екологијата, спроведоа еколошка акција со садење на цвеќиња и зеленило во училишниот двор и поставија штандови на кои ги продаваа своите рачни изработки.
Во оваа активност беа вклучени учениците од седмо и осмо одделение, кои по повод акцијата „Купете роза, за да купиме рози“ поставија штанд на кои беа изложени и продавани рачни изработки од материјали за рециклирање: хартија, пластика и слично, а парите кои се собрани, ќе бидат искористени за купување на нови садиници од бели рози.
Исто така еко тимот и останатите ученици спроведоа акција на чистење и уредување на училишниот двор со 25 садници на бели рози донирани од ПАКО МАК и изработка на мини паркче со засадување на различни видови на цвеќиња,во кои учествува и наставниците и техничкиот персонал. 21.03.2013 |