Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Проект "Градиме заедничка иднина"

Градоначалникот Борис Георгиевски ги прими учениците на основните училишта „Наим Фрашерин“ од Тетово и „Григор Прличев“ од општина Гази Баба. Целта на посетата е одбележувањето на Денот на планетата Земја, за што учениците од двете училишта изготвија брошури и флаери за нејзино зачувување, направени по истражувањата на загаденоста во Тетово и Гази Баба во кои се предложени мерки за негово намалување. Изготвените флаери, учениците ги поделија на граѓаните во оштината.

На средбата беше најавен почетокот на Проект „Градиме заедничка иднина“ кој ќе ја отсликува меѓуетничката интеграција и кохезија на учениците и наставниците, во кој ќе учествуваат сите 11 основни училишта од Гази Баба и учениците од Тетово.

Градоначалникот Георгиевски им порача на учениците дека треба да продолжат со добрата меѓусебна соработка, да се почитуваат без разлика на верските, националните, образовните и половите разлики, а дека тој лично ќе им биде голем поддршка во реализирањето на Проектот.

Почнувајќи од сега се до Денот на општина Гази Баба 3-ти ноември, учениците ќе бидат вклучени во мешани групи, каде ќе работат на различни активности, кои ќе бидат претставени на Денот на општината, а најдобрите ќе добијат и награди.


20.04.2018 

Велосипедски трки по повод денот на планетата Земjа

По повод одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ 22-ри април, традиционалнo по 22-ри пат, во објектот „Калинка“ при предучилишната установа „Детска Радост“ се одржаа велосипедски трки под мотото „Бидете чувари и пријатели на планетата земја, заедно сме посилни“, каде децата од сите групи со своите велосипеди, тротинети, ролери се забавуваа, другаруваа и спортуваа.

Градоначалникот Борис Георгиевски присуствуваше на настанот, ги поздрави присутните и на најмладите им порача да спортуваат да бидат здрави и да се грижат за планетата Земја.

Целта на овој настан е пред се подигање на свеста кај децата уште од најмала возраст да се грижат за својата околина и да влијаат кај возрасните за што е можно помалку да ги користат моторните возила а воедно да спортуваат и да го сакаат спортот.


20.04.2018 

Учениците од ОУ "Наум Охридски" во посета на општината

Во посета на општина Гази Баба беа ученици од 4-то одделение од основното училиште „Наум Охридски " од н.м Булачани, по повод изучување на методската единица Општина по предметот Општество.

Учениците се запознаа со секторите и одделенијата во општината, со работните задолженија и обврски на општинската администрација и градоначалникот Борис Георгиевски на кого му поставија бројни прашања во рамките на нивните интересирања.


17.04.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree