-
СТАТУТ НА ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА
Врз основа на Членовите 3, 7 и 36, став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа ("Службен весник на РМ" бр. 5/02), Советот на Општината "ГАЗИ БАБА" на Дванаесеттата седница одржана на 14.03.2006 година, донесе
С Т А Т У Т
НА ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБАОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Општината ГАЗИ БАБА е основана и нејзиното подрачје е утврдено со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр. 55/04).
Член 2
Со овој статут на Општината ГАЗИ БАБА (во натамошниот текст: Општината), во согласност со закон, се уредуваат:
-организацијата и работата на органите на Општината; -организацијата и работењето на комисиите на Советот на Општината; -вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност; -начинот на информирање на граѓаните и слободниот пристап до информации од јавен карактер; -случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот на Општината; -начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на Општината и постапување по нив; -начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните; -начинот на објавувањето на прописите на Советот; -начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, во вонредна состојба, во кризна состојба и во заштита и спасување; -месната самоуправа; -начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината; -како и други прашања од значење за Општината.
Член 3
Определени прашања сврзани со остварувањето на надлежностите, процедурите за работа и одлучување во Советот на Општината, поблиску се уредуваат со деловник на Советот на Општината (во натамошниот текст: деловник). Деловникот го донесува Советот на Општината (во натамошниот текст: Совет), со мнозинство гласови од вкупниот број Членови на Советот.
Член 4
Општината е правно лице.
Член 5
Седиштето на Општина ГАЗИ БАБА е во Скопје на Булевар "Александар Македонски" бб.
Член 6
Општината има право на сопственост.
Член 7
Општината има свој грб и знаме кои се уредуваат со Одлука на Советот на Општината.
Член 8
"Општината Гази Баба има свој печат. Печатот на Општината Гази Баба има форма на круг со пречник од 30 мм., во чија средина се наоѓа грбот на ОпШтината, околу него во горната половина на кругот е впишан текстот Република Македонија, а на долната половина на кругот е впишан текстот Скопје. На горната половина на кругот, под текстот Република Македонија е впишан текстот Општина Гази Баба. Текстот на печатот е на Македонски јазик и неговото кирилско писмо. Печатот што го има Општината, го употребуваат Советот на Општината, Градоначалникот и Општинската администрација на Општината Гази Баба".
Член 9
"Општината Гази Баба има свој празник. Празник на Општината е 3-ти Ноември, денот на првото конституирање на Општината".
Член 10
Општината Членува во Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија.
Член 11
Во вршењето на своите надлежности, Општината може меѓусебно да соработува со другите општини. Заради остварување на заеднички интереси и вршење на заеднички работи од надлежност на Општините, Општината може со другите Општини да здружува средства и да формира заеднички јавни служби, во согласност со Закон. Со цел за извршување на одделни надлежности, Општината може исто така со другите општини да формира заеднички административни тела во одредени области, во согласност со Закон. Општината може да соработува и со единиците на локалната самоуправа на други земји, како и со меѓународни организации на локалните заедници, како и да Членува во меѓународни организации на локалните власти.
ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТЕЊЕ НА ОРГАНИТЕ НА ОПШТИНАТА
Органи на Општината
Член 12
Органи на Општината се:
- Совет и Градоначалник.
- Совет
- Конституирање
Член 13
Конститурањето на Советот, се врши со верификација на мандатите на
Членовите на Советот избрани на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечената изјава со содржина утврдена со закон. Верификацијата на мандатите на Членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Верификационата комисија што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните Членови на Советот. Верификацијата на мандатите на Членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, ја врши Советот на првата седница на која што тие ќе присуствуваат.
Член 14
Постапката за верификација на мандатите на Членовите на Советот поблиску се уредува со Деловникот.
Права и должности на Членовите на Советот
Член 15
Членот на Советот има права и должности утврдени со закон и со овој Статут.
Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот и давање и потпишување на свечената изјава.
Член 16
Членот на Советот има право и должност: да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината; да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот; да бара од администрацијата на Општината (во натамошниот текст: администрација), како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот; да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која Членува; да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија. Членот на Советот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Советот на Општината.
Член 17
Членот на Советот има право да присуствува и учествува во работата на седница на комисија на Советот, иако не е Член на комисијата, но без право на одлучување.
Член 18
Членот на Советот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј Член е, должен е за тоа благовремено да го извести претседателот на Советот и претседателот на комисијата. Членот на Советот кој од оправдани причини подолго време е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј Член е, има право да побара од Советот одобрение за отсуствување од седниците. По барањето од ставот 2 на овој Член, Советот одлучува без претрес.
в) Претседател на Советот
Член 19
Претседателот на Советот го избира Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број Членовите на Советот. Предлог за претседател на Советот може да даде секој Член на Советот. Изборот на претседател на Советот може да се изврши и со тајно гласање, доколку за таков предлог на Член на Советот одлучи Советот со мнозинство од присутните Членови на Советот. Постапката за избор на претседател на Советот се уредува со Деловникот.
г) Начин на работа
Член 20
Советот работи на редовни седници, а по потреба може да одржува свечени и вонредни седници.
Член 21
Денот, часот и местото на одржување на редовна седница на Советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи на седницата се објавуваат на огласна табла на Општината. Претседателот на Советот може да одлучи денот, часот и местото на одржување на седницата на Советот, како и предлогот на дневниот ред да се објават во средствата за јавно информирање.
Член 22
Советот одржува свечени седници за одбележување на значајни историски настани, а може да одржува свечени седници и за ислушување на говори на наши и странски државници, претставници на меѓународни организации и истакнати граѓани на странски држави како гости на Општината.
Член 23
Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните и во случаи на вонредни околности.
Вонредна седница на Советот свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива или на барање од најмалку 1/3 од Членовите на Советот или на предлог на градоначалникот. Поканата за вонредна седница заедно со предлогот на дневен ред на Членовите на Советот им се доставува на најбрз можен начин. Пред отпочнувањето со работа на седницата, Членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на вонредна седница, без претрес и со мнозинство од присутните Членови на Советот.
Член 24
Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, на седницата претседава најстариот Член на Советот.
Член 25
Советот може да одлучи со мнозинство гласови од вкупниот број Членови на Советот, гласањето по определени прашања да биде тајно.
Член 26
Свикувањето на седниците на Советот, утврдувањето на дневниот ред, текот на седницата, записниците, постапката за донесување на акти и други прашања сврзани со работата на Советот, поблиску се уредуваат со Деловникот.
2. Градоначалник
Член 27
Градоначалникот ги врши своите надлежностите во рамките утврдени со закон и овој Статут.
Член 28
Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Општината, без право на одлучување. Градоначалникот може да определи и свои претставници кои присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Општината.
Член 29
Градоначалникот редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот.
Член 30
Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината. Градоначалникот управува со сопственоста на Општината од јавен интерес и како добар домаќин. Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со закон.
Член 31
Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.
Член 32
Новоизбраниот градоначалник ја презема должноста од претходниот градоначалник во рок од седум дена од денот на изборот. Градоначалникот ја врши професионално својата функција. За време на вршењето на функцијата, градоначалникот не може да врши друга професионална дејност. Градоначалникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење во Советот. Градоначалникот со решение определува кој од Членовите на Советот ќе го заменува во случај на спреченост или отсуство, согласно закон. За настанувањето на спреченост или отсуство, градоначалникот го известува претседателот на Советот и Членот на советот кој ќе го заменува. На Членот на Советот му мирува функцијата Член на Советот за времето кога го заменува градоначалникот. Претседателот на Советот не може да го заменува градоначалникот. Платата и надоместоците на градоначалникот, како и надоместокот за Членот на Советот кој го заменува градоначалникот се уредува со закон.
Член 33
а) Секретар
Градоначалникот на Општината од редот на раководните државни службеници од Општинската администрација именува секретар на Општината. Мандатот на Секретарот на Општината трае колку и мандатот на Градоначалникот.
3. Посебни тела на Општината
а) Комисија за односи меѓу заедниците
Член 34
Во Општината се формира Комисија за односи меѓу заедниците (во натамошниот текст: Комисија). Комисијата ја сочинуваат по (1) еден претставник на заедниците кои се застапени во Општината, со мандат од 4 (четири) години. Членовите на Комисијата не може да се избираат од редот на Членовите на Советот.
Член 35
Одлука за формирање на Комисијата донесува Советот, на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања. Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања го составува предлогот од став 1 на овој Член по претходно добиени предлози на политичките партии застапени во Советот.
Член 36
Комисијата од редот на своите Членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број Членови на Комисијата, со јавно гласање.
Член 37
Комисијата работи на седници. Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Комисијата. Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број Членови на Комисијата. Комисијата одлучува со мнозинството од вкупниот број Членови на Комисијата. На седниците на Комисијата може да присуствуваат и учествуваат во работата, градоначалникот на Општината и претседателот на Советот, без право на одлучување.
б) Совет за заштита на потрошувачите
Член 38
Во Општината се формира Совет за заштита на потрошувачите. Советот за заштита на потрошувачите е составен од 9 Членови, претставници на поголемите групи на корисници на јавните услуги во општината. Членовите на Советот за заштита на потрошувачите не може да се избираат од редот на Членовите на Советот на Општината.
Член 39
Одлука за формирање на Советот за заштита на потрошувачите донесува Советот на Општината, на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања. Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања го составува предлогот од став 1 на овој Член по претходно добиени предлози на облиците на месна самоуправа во Општината.
Член 40
Советот за заштита на потрошувачите од редот на своите Членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број Членови на Советот за заштита на потрошувачите, со јавно гласило
Член 41
Советот за заштита на потрошувачите работи на седници. Седниците по правило се јавни. Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Советот за заштита на потрошувачите. Советот за заштита на потрошувачите може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број Членови на Советот за заштита на потрошувачите. Советот за заштита на потрошувачите одлучува со мнозинството од вкупниот број Членови на Советот за заштита на потрошувачите. На седниците на Советот за заштита на потрошувачите можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на Советот на Општината, без право на одлучување.
Член 42
Советот за заштита на потрошувачите разгледува прашања и утврдува предлози кои што се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби на Општината, а особено: ја следи состојбата на давањето на услуги од јавните служби; се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги; се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги кон корисниците на услугите; организира јавни трибини и други форми на учество на граѓаните на кои ќе се расправа за унапредување на заштитата на потрошувачите. За согледаните, односно констатираните состојби, насоки, иницијативи и сугестии го информира Советот на Општината и Градоначалникот.
в) Партиципативно тело од областа на урбанизмот
Член 43
Во Општината се формира партиципативно тело од областа на урбанизмот (совет, одбор), заради пренесување на ставовите и мислењата на граѓаните и правните лица во процесот на урбанистичкото планирање, како и заради следење на состојбите и давање иницијативи, насоки и сугестии во процесот на планирање и изготвување плански решенија за Општината. Партиципативното тело од областа на урбанизмот се состои од 9 Членови.
Член 44
Одлука за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот донесува Советот, на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања. Членовите на Партиципативно тело од областа на урбанизмот се избираат: од редот на Членовите на Советот; по предлог на облиците на месна самоуправа; по предлог на здруженијата на граѓани; здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот и од општинската администрација.
Член 45
Партиципативно тело од областа на урбанизмот од редот на своите Членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број Членови на партиципативното тело, со јавно гласање.
Член 46
Партиципативното тело од областа на урбанизмот работи на седници. Седниците по правило се јавни. Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Партиципативно тело од областа на урбанизмот. Партиципативното тело од областа на урбанизмот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број Членови. Партиципативното тело од областа на урбанизмот одлучува со мнозинството од вкупниот број Членови. За согледаните, односно констатираните состојби, насоки, иницијативи и сугестии го информира Советот на Општината и Градоначалникот. На седниците можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот, претседателот на Советот и претседателот на Комисијата за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина без право на одлучување.
III. ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТЕЊЕ НА КОМИСИИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА
1. Комисии на Советот
Член 47
За разгледување на прашања и утврдување предлози од одредена област, Советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии. Составот на комисиите соодветствува на пропорционалната застапеност на политичките партии во Советот.
Член 48
Постојани комисии на Советот се: Комисија за мандатни прашања, избори и именувања, Статутарно правна комисија Комисија за програмирање на работата на Советот на Општина Гази Баба. Комисија за финансии и буџет Комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина. Комисија за општествени дејности. Комисија за месна самоуправа. Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија. Комисија за локален економски развој Комисија за земјоделие. Комисија за култура, спорт и рекреација. Комисија за родова еднаквост. Комисија за негување и чување на традициите на Македонскиот народ, Заедниците и Македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја.
Делокругот на работата на комисиите од став 1 на овој Член се определува со деловник на Советот. Советот може да формира и други постојани и повремени комисии, чиј состав и делокруг на работа се определува со актот за нивното формирање.
2. Состав, избор и начин на работа на комисиите
Член 49
Комисиите на Советот се состојат од претседател и минимум 4 Члена.
Член 50
Избор на претседател и Членови на комисија на Советот се врши на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања. Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања го дава предлогот од став 1 на овој Член врз основа на претходно доставени предлози на политичките партии застапени во Советот, при што води сметка за примена на принципот за нивна пропорционална застапеност во комисиите, имајќи го предвид вкупниот број на комисиите на Советот. Изборот на претседател и Членови на комисија се врши со мнозинство од присутните Членови на Советот.
Член 51
Предлог за разрешување на претседател и Членови на комисија може да даде самата комисија, Комисијата за мандани прашања, избори и именувања, најмалку 3 (три) Членови на Советот и претседателот на Советот. По предлогот за разрешување одлучува Советот, со јавно гласање, со мнозинство на присутните Членови на Советот.
Член 52
Избор заради промена на поодделен Член на комисија се врши на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, при што не може да се наруши принципот на пропорционална застапеност на партиите во комисиите.
Член 53
Комисијата работи на седници и расправа по материјали доставени од овластен предлагач. Дневниот ред на седницата на комисијата се утврдува на почетокот на седницата.
Член 54
Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството Членови на комисијата. Комисијата одлучува со мнозинство гласови на присутните Членови.
Член 55
Комисијата поднесува писмен извештај или предлог на Советот, и може да определи свој известител, кој по налог на комисијата или по барање на Советот, на седницата на Советот ќе го образложи ставот или предлогот на комисијата.
Член 56
На седницата на комисијата задолжително присуствува претставник на предлагачот на материјалот што се разгледува. Претставникот на предлагачот има право на седницата на комисијата да учествува во разгледувањето на предлогот што го поднел.
Член 57
Комисијата има право од предлагачот да бара известување, појаснување, како и други податоци што и се потребни за работа, а со кои предлагачот располага или е должен да ги собира и евидентира.
Член 58
На седниците на комисијата може да присуствуваат и да учествуваат претставници на органи, организации, заедници и здруженија, како и научни, стручни и јавни работници, заради изнесување на нивни мислења по прашањата што се разгледуваат на седницата на комисијата. Поканата до лицата од ставот 1, ја доставува претседателот на комисијата.
IV. ВРШЕЊЕ НА РАБОТИ СПОРЕД НАЧЕЛОТО НА СУПСИДИЈАРНОСТ
Член 59
Општината, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, има право на своето подрачје да спроведува иницијативи во врска со сите прашања од значење за Општината, што не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт. Определувањето на работите од став 1 на овој Член, дефинирањето на нивната содржина, начинот и постапката на нивното вршење се уредуваат со посебни одлуки на Советот, по предлог на градоначалникот.
Член 60
Општината може да доделува награди. Наградите се доделуваат како знак на признание за постигнати остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, културата, образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.
Член 61
Наградата може да се доделува на физички и правни лица од Општината, Градот Скопје, Републиката и од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници.
Член 62
Советот формира одбор за доделување на наградата. Работата на одборот поблиску се уредува со одлука на Советот на Општината. Средства за наградата и за работа на одборот се обезбедуваат од Буџетот на Општината и од други извори на приходи.
Член 63
Општината може да востановува други награди и признанија.
V. ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ И СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
а) Информирање на граѓаните
Член 64
Органите на Општината, комисиите на Советот на Општината и јавните претпријатија и установи основани од Општината ги информираат граѓаните за одлуките и своите активности кои се од непосредно значење за животот и работата на граѓаните во Општината и за други информации од јавен интерес. Граѓаните се информираат за: прописите кои ги донесува Советот на Општината; начинот и условите за остварување на нивните права; обврските на граѓаните кои произлегуваат од надлежност на Општината; плановите, проектите и програмите кои се во подготовка а се од значење за развојот на Општината; услугите кои ги добиваат од јавните служби и Општинската администрација и начинот на нивно добивање; приходите кои се остваруваат во Општината и начинот на нивна распределба и трошење; јавните набавки; именувањето на директори и претставници во управните одбори на јавните претпријатија и установи; други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на Општината и јавните претпријатија и установи во согласност со закон.
Член 65
Информирањето на граѓаните се врши редовно, без надоместок, преку: издавање службен гласник на Општината; издавање и дистрибуција до граѓаните на месечни информативни билтени, весник и слично; објавување на публикации; информативни канцеларии водени од општинската администрација и јавните служби основани од Општината; огласни табли (во простории на Општината, јавните претпријатија и установи, месната самоуправа); веб сајт; јавни трибини; средствата за јавно информирање и на друг соодветен начин кој е најповолен за информирање на јавноста.
Член 66
Информирањето на граѓаните се врши на Македонски јазик и кирилско писмо. Советот на Општината со посебна одлука може да утврди за одредени информации да се информира и на јазикот кој не е службен јазик во Општината, а го зборуваат дел од жителите на Општината.
б) Слободен пристап до информациите од јавен карактер
Член 67
Во Општината се обезбедува правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на Општината (Советот и градоначалникот), јавните претпријатија и установи основани од Општината и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања доверени од Општината (во натамошниот текст: иматели на информации). По исклучок, во случаи утврдени со закон, правото на слободен пристап до некои информации со кои располагаат имателите на информации од став 1 на овој Член, може да биде ограничен или да се обезбеди делумен пристап.
Член 68
За информации со кои располагаат и до кои се обезбедува слободен пристап, имателите на информации востановуваат и водат листа на информации која се објавува на начин кој е достапен за барателите на информации. За листата на информации и условите и начинот на слободен пристап до информациите, граѓаните се известуваат преку огласна табла или на друг погоден начин. Имателите на информации се должни редовно на секои три месеци да ја ажурираат листата на информации од јавен карактер со кои располагаат. Листата на информации од јавен карактер за органите на Општината ја предлага градоначалникот, а ја утврдува Советот. Листата на информации од јавен карактер за јавните претпријатија и установи основани од Општината ја утврдува управниот одбор на предлог на директорот.
Член 69
Постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации се остварува во согласност со закон. Градоначалникот на Општината создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат Советот на Општината и администрацијата. Директорот на јавното претпријатие и јавната установа основана од Општината создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат согласно статутот на претпријатието и установата.
Член 70
Слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат имателите на информации имаат сите правни и физички лица (во натамошниот текст: барател на информацијата). Слободниот пристап до информации се остварува во законски утврдениот рок: со увид во документите со кои располага имателот на информацијата; со добивање препис, фотокопија или електронски запис од документите со кои располага имателот на информацијата. Имателот на информацијата за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите определува службено лице.
Член 71
Барателот на информацијата за извршениот увид или добиениот препис, фотокопија од електронски запис на информацијата, плаќа соодветен надоместок во висина на материјалните трошоци, утврдени на начин уреден со закон. Барателот на информацијата при поднесувањето на барањето се известува за плаќањето и висината на соодветниот надоместок.
Член 72
Барателот на информација има право на жалба до надлежниот орган за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер доколку имателот на информацијата не ја достави бараната информација.
Член 73
Советот на Општината усвојува годишен извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите во минатата година во Општината. Годишниот извештај за остварувањето на слободен пристап до информации го подготвува градоначалникот на Општината и го доставува до Советот, најдоцна до 31 јануари во тековната година. Извештајот од став 1 на овој Член ги содржи и податоците за остварениот слободен пристап до информациите со кои располагаат и јавните служби кои ги формира Општината. Извештајот од ставот 1, по усвојувањето се доставува до надлежниот орган за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
VI. ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ОД СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ
Член 74
Советот може да работи без присуство на јавноста само во случаи определени со закон и овој статут, како и кога тоа ќе го предложат градоначалникот, претседателот на Советот или најмалку 1/3 (третина) Членови на Советот. Исклучувањето на јавноста може да се бара, кога прашањето за кое се расправа има допирни точки со јавниот морал; кога може да ги загрози интересите на определена личност или има допирни точки со одбраната и сигурноста на граѓаните. По предлогот од став 1 на овој Член, Советот одлучува без претрес, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број Членови на Советот.
VII. ОБЛИЦИ НА УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ
Член 75
Граѓаните непосредно учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење преку граѓанска иницијатива, собири на граѓани и референдум, на начин и постапка утврдени со закон.
VIII. ПРЕТСТАВКИ И ПРЕДЛОЗИ
Член 76
Физичките и правните лица имаат право да поднесуваат претставки и предлози што се однесуваат на работата на органите на Општината и администрацијата.
Член 77
Претставките и предлозите се поднесуваат во писмена форма или усно на записник пред овластено лице во администрацијата. За претставките и предлозите не се плаќа такса.
Член 78
Подносителот не смее да трпи штетни последици поради поднесувањето претставка или предлог, ниту поради тоа може да биде повикан на одговорност.
Член 79
Градоначалникот, во зависност од содржината на претставката, односно предлогот овластува еден или повеќе службеници да постапат по претставката, односно предлогот. Постапувањето по претставката, односно предлогот опфаќа прибирање на податоци, известувања и мислења за околностите што се од значење за правилно оценување на основаноста на претставката или за оправданоста на предлогот, како и преземање на потребни мерки за отстранување на евентуална повреда на правото на подносителот или повреда на јавен интерес.
Член 80
Градоначалникот е должен во што е можно покус рок, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот, на подносителот да му достави одговор.
IX. ЈАВНИ ТРИБИНИ, АНКЕТИ И ПРЕДЛОЗИ ОД ГРАЃАНИТЕ
Член 81
Органите на Општината, заради утврдување политика во определена област, преземање мерки за разрешување на прашања и проблеми од значење за граѓаните од подрачјето на Општината, како и при предлагање на одредени акти од своја надлежност може да организираат јавна трибина, да спроведат анкета или да прибираат предлози од граѓаните.
Видот, постапката, начинот и времето на организирање на формите на непосредно учество на граѓаните од став 1 на овој Член се уредува со акт на органот што ја организира. За организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните се објавувава соопштение во средствата за јавно информирање, во кое се назначува видот, целта, предметот и други податоци важни за организирање на соодветната форма на непосредно учество на граѓаните и се повикуваат заинтересираните за учество во истите. Организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните, може да се врши во соработка со други општини и со облиците на месна самоуправа. За јавната трибина, анкетата или предлозите на граѓаните се изготвува извештај.
Член 82
При организирање јавна трибина, спроведување анкета и прибирање предлози од граѓаните ќе се обезбеди: текст на документот или нацрт на одлука и друг општ акт објавен на погоден начин за да им биде достапен на граѓаните и на други заинтересирани субјекти; собирање и разгледување на мислењата и предлозите што биле изнесени и изготвување на извештај.
Член 83
Начинот и постапката на организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните се уредува со Деловникот.
X. ИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ОДБРАНАТА ВО ВОЕНА СОСТОЈБА, ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ВО КРИЗНА СОСТОЈБА И ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
Член 84
Во воена вонредна и кризна состојба, органите на Општината: продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со закон и преземаат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив. Општината се подготвува за извршување на обврските од став 1 на овој Член преку: планирање и организирање на мерките за заштита и спасување за свои потреби; формирање единици и штабови за цивилна заштита, во согласност со закон и прописи засновани на закон; обучување за одбрана, односно вклучување во активности за стекнување на неопходни воено-стручни и други знаења за учество во одбраната; преземање мерки, активности и постапки за заштита и чување на тајноста на податоците, информациите и документите од областа на одбраната, во согласност со закон и прописи засновани на закон; координација и соработка со другите општините.
XI. НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ НА СОВЕТОТ
Член 85
Прописите на Советот се објавуваат во службеното гласило на Општината, пред да влезат во сила, со Решение од Градоначалникот. Службено гласило на Општината е "Службен гласник на Општина Гази Баба". Во службеното гласило на Општината може да се објавуваат и прописите на други општини.
Член 86
Прописите на Советот влегуваат во сила, осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на Општина Гази Баба", а по исклучок што го утврдува Советот, најрано со денот на објавувањето. Прописите на Советот можат да влезат во сила и во покус рок од осум дена ако: причините поради кои се предлага донесувањето на прописот и целите што се сака да се постигнат со неговото донесување се од итен и неодложен карактер; не создаваат материјални обврски за граѓаните и правните лица; прашањата што се регулираат се од сферата на одбраната, заштитата и спасувањето и сл.; тоа го налагаат начелата на целисходност, рационалност, ефикасност, економичност, оперативност и сл.
XII. МЕСНА САМОУПРАВА
Член 87
Граѓаните во општината одлучуваат за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месна самоуправа кои можат да ги основаат согласно со овој Статут.
Член 88
Во општината како облици на месна самоуправа можат да се основаат: -во градот - урбани заедници; -во населените места - месни заедници.
Член 89
Подрачјето за кое се основаат урбаните заедници се границите на урбаните единици утврдени со урбанистичкиот план на градот. Подрачјето за кое се основаат месните заедници се границите на катастарските општини на населените места.
Член 90
Иницијатива за основање облици на месна самоуправа можат да покренат најмалку 10 % од граѓаните со право на глас, жители на подрачјето за кои има интерес за основање на облик на месна самоуправа.
Член 91
Иницијативата за основање содржи: подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање на обликот на месна самоуправа, образложение на потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани.
Член 92
Одлуката за основање на облик на месна самоуправа се донесува на Собир на граѓани од соодветното подрачје со право на глас, по пат на јавно гласање со мнозинство гласови од присутните граѓани. Собирот на граѓани од претходниот став на овој Член го свикува градоначалникот на општината, во рок од 15 дена од денот на донесувањето на одлуката.
Член 93
Граѓаните преку облиците на месна самоуправа, во согласност со овој Статут и одлуките за основање се грижат за: -решавање на прашања од комунална инфрастрктура за соодветното подрачје; -одржување на објектите од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.); -заштита на животната средина и природата; -уредување и одржување на гробиштата во селските населби; -покренување иницијатива за уредување на просторот; -организирање културни, спортски, забавни и други манифестации; и -други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на граѓаните. Советот на облиците на месната самоуправа дава иницијативи и предлози до надлежните органи на општината, за прашања од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и други прашања од интерес на граѓаните.
Член 94
Работите од Членот 93 на овој Статут се финансираат од: -средствата што општината ќе им ги одстапи на облиците на месна самоуправа согласно со плановите и програмите за нивниот развој; -средства што граѓаните непосредно ги здружуваат; -средства што ќе ги издвојат заинтересираните правни и физички лица; -средства од надомест на услуги; и -подароци и други средства. Прибирањето и трошењето на средствата од ставот 1 се врши преку буџетот на Општината.
Член 95
Орган на облиците на месна самоуправа е Советот. Советот на облиците на месна самоуправа го избираат граѓаните на обликот на месната самоуправа на собир на граѓани со јавно гласање, доколку Собирот не одлучи гласањето да биде тајно . Советот на облиците на месна самоуправа е составен од 5 (пет) до 11 (единаесет) Члена. Мандатот на Членовите на Советот на месната самоуправа трае 4 (четри) години.
Член 96
Одлука за распишување на избори за Членови на Советот на облиците на месна самоуправа донесува Советот во стариот состав, најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот. Ако Одлуката од став 1 на овој Член не се донесе во утврдениот рок Одлука за распишување за избор на Членови на Советот на облиците на месната самоуправа, донесува Собирот на граѓани.
Член 97
Предлагање и утврдување на кандидати за Членови на Советот на облиците на месна самоуправа се врши на Собир на граѓани, доколку присуствуваат најмалку 3 % за урбани заедници и 5% за месни заедници од граѓаните со право на глас, жители на соодветната урбана односно месна заедница. За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број гласови од присутните граѓани на собирот.
Член 98
Постапка за предлагање, утврдување и избор на Членови на Советот на облиците на месна самоуправа поблиску се уредува со правилата за работа на обликот на месна самоуправа, донесени од Советот на општината, во рок од 60 (шеесет) дена од денот на донесувањето на Статутот на Општината.
Член 99
За избрани Членови на Советот на облиците на месна самоуправа се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.
Член 100
Советот на облиците на месна самоуправа од редот на своите Членови избира претседател кој го претставува и застапува обликот на месната самоуправа.
Член 101
Градоначалникот на општината, со решение може да делегира вршење на определена работа од непосреден интерес и секојдневно значење за животот и работата на жителите. Средствата потребни за извршување на работите, од ставот 1 на овој Член се утврдуваат во решението за делегирање на надлежноста. Со решението се определува органот и начинот на вршење на надзор над извршувањето на работите од ставот 1 на овој Член.
Член 102
Општинската администрација ги врши стручните, административно-техничките и сметководствено финансиските работи на органот во обликот на месната самоуправа. Контрола над трошењето на средствата што ќе бидат пренесени за извршување на делегираните надлежности врши општинската администрација.
Член 103
Општината води евиденција на облиците на месна самоуправа основани на нејзиното подрачје.
XIII. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА ГРБОТ И ЗНАМЕТО
Член 104
Иницијатива за изменување на грбот и знамето на Општината Гази Баба можат да поднесат минимум 1/2 од вкупниот број на Членови на Советот или Градоначалникот. Советот, постапувајќи по иницијативата од став 1 на овој Член, може со одлука да ја утврди оправданоста од изменување на грбот и знамето на Општината, како и да се пристапи кон почнување на постапка за нивно изменување. Одлуката од став 1 на овој Член Советот ја донесува со мнозинство гласови од присутните Членови на Советот. Во случај на неприфаќање на иницијативата од став 1 на овој Член, нова иницијатива за изменување на грбот и знамето на Општината не може да се поднесе пред истек на време од 1 (една) година од денот на одржувањето на седницата на Советот на која не е прифатена иницијативата.
Член 105
За изменување на грбот и знамето на Општината Гази Баба, Советот распишува конкурс за идејно решение и образува комисија.
Член 106
Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврдува предлог за грб односно знаме и го доставува до Советот на усвојување.
Член 107
Советот одлучува по предлогот на комисијата со мнозинство гласови од вкупниот број на Членови на Советот.
XIV. ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ
Член 108
Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Општината може да поднесе Член на Советот, комисија на Советот, Градоначалникот и најмалку 10% од граѓаните со право на глас, жители на подрачјето на Општината. По иницијативата за изменување и дополнување на Статутот одлучува Советот.
Член 109
По прифаќањето на иницијативата за изменување и дополнување на Статутот, градоначалникот изготвува предлог на статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот.
XV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 110
Имателите на информации од Членот 67 на овој статут се должни во рок од шест месеци од денот на донесувањето на овој статут да ја донесат и објават листата на информации од Членот 68 на овој статут.
Член 111
Градоначалникот на Општината во рок од три месеци од денот на донесувањето на овој статут, согласно актот за организација на општинската администрација, ќе распореди државен службеник од администрацијата кој ќе ги извршува работите на посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Член 112
Во рок од 3 месеци од денот на влегување во сила на овој статут, Општината ќе ги воведе во евиденција постојните облици на месна самоуправа, основани во согласност со статутот на Општината.
Член 113
Со влегување во сила на овој статут престанува да важи Статутот на Општината Гази Баба бр.09-441/6 од 24.09.1997 година ("Службен гласник на Град Скопје", бр. 11/97).
Член 114
Овој статут влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на Општина Гази Баба".
Бр.07-1038/4 од 14.03.2006 год. Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ, НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА Кире Бузлиев, с.р.
-
ДЕЛОВНИК НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА
Врз основа на член 3 став 2 од Статутот на Општина Гази Баба ("Службен гласник на Општина Гази Баба" бр.2/06), Советот на Општината Гази Баба на Четиринаесеттата седница одржана на 13.06. 2006 година, донесе
ДЕЛОВНИК
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБАI. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој деловник поблиску се уредуваат определени прашања сврзани со организацијата и начинот на работа на Советот на Општината Гази Баба (во натамошниот текст: Советот), конституирањето, односно верификацијата на мандатот на членовите на Советот, правата и должностите на членовите на Советот, правата и должностите на претседателот на Советот, работата на Советот, неговите комисии, и посебните тела на Општината, програмирањето на работата на Советот, јавноста во работата на Советот и неговите комисии, актите на Советот, донесувањето прописи од надлежност на Советот, претресувањето извештаи, анализи и други материјали, давањето согласност на статути и годишни сметки, односите на Советот со градоначалникот, односите на советот со јавните служби, установи и претпријатија, односите на советот со советите на други општини, вршењето на стручни работи за потребите на Советот, измените на Деловникот, како и други прашања од значење за работата на Советот.
Член 2
Работата на Советот, постојаните и повремените комисии е јавна, освен во случаите определени со закон, Статутот на Општината Гази Баба (во натамошниот текст: Статутот) и со овој Деловник.
II. КОНСТИТУИРАЊЕ НА СОВЕТОТ, ОДНОСНО ВЕРИФИКАЦИЈА НА МАНДАТОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ
Член 3
Конституирањето на Советот се врши со верификација на мандатите на членовите на Советот на првата конститутивна седница на Советот.
Советот е конституиран доколку на коститутивната седница присуствуваат и им се верификуваат мандатите на мнозинството од вкупниот број членови на Советот, по предлог на Верификационата Комисија.Член 4
Верификационата комисија ја избира Советот на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот.
Верификационата комисија брои 3 членаЧлен 5
Верификационата Комисија, може да оспори решенија издадени од Општинската изборна комисија, за избор на одделни членови на Советот и да предложи верификацијата на мандатот да се одложи заради утврдување дали тие се издадени согласно постигнатите изборни резултати на учесниците.
Верификационата Комисија може да предложи одлагање на верификацијата на мандатот на одделен член на Советот, и заради тоа што:- со сигурност не може да се утврди неговиот идентитет (исто име и презиме со други личности);
- постојат индиции за можна неспојливост на функцијата (вработен е во општинската администрација или презел функција или должност која со закон е утврдена како неспојлива со фунцијата член на совет);
- настапила фактичка неможност за верификација на мандатот под услови утврдени со закон (во случај на смрт, престанок на жителството во општината, правосилна пресуда за кривично дело или донесено решение за одземање на деловната способност).
Член 6
Верификационата Комисија му поднесува извештај на Советот со предлог на кои членови на Советот треба да им се верификуваат мандатите, а на кои треба да се одложи верификацијата на мандатите.
Предлогот за верификација на мандатите на присутните членови на Советот се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, одлучува за секој предлог на Верификационата Комисијата, за одлагањето на верификацијата на мандатот на членови на Советот.
Доколку предлогот за одлагање на верификацијата на мандатот не го добие потребното мнозинство се смета дека Советот, го верификувал мандатот на членот на Советот, чие одлагање се барало.
Одлагањето на верификацијата на одделни мандати по предлог на Верификационата Комисијата, не може да биде подолго од 2 месеца.
Член на Советот чиј мандат е оспорен или чија верификација е одложена, има право да присуствува на седница на Советот и да учествува во работата, без право на одлучување.Член 7
Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, на оние кои се избрани на изборите за замена, како и на оние чија верификација е одложена, ја врши Советот на првата седница на која што тие ќе присуствуваат.
III. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ
1. Заеднички одредби
Член 8
Членот на Советот ги остварува правата и должностите утврдени со законот, Статутот и со овој Деловник.
Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот.Член 9
Заради вршење на својата должност, членот на Советот има право од градоначалникот, општинската администрација, јавните служби, установи и претпријатија, основани од Општината и од други институции да бара податоци што му се потребни за неговата работа во Советот.
Член 10
Членот на Советот не може да учествува во процесот на одлучувањето за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, дете или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.
Членот на Советот е должен да го информира Советот за прашањата за кои тој има финансиски или друг личен интерес.
Членот на Советот, не може да биде вработен во Општинскат администрација на Општината во која е избран.
Со денот на вработувањето согласно со став три на овој член ќе се смета дека членот на Советот поднел оставка.
Членот на Советот вработен во јавните служби кои ги основала Општината, не може да учествува во процесот на одлучувањето за прашања што се однесуваат на јавната служба во која е вработен.2. Присуствување на седници и учество во работата
Член 11
Членот на Советот има право и должност да присуствува на седниците на Советот, постојаните и повремените комисии во кои членува и да учествува во работата и одлучувањето.
Член 12
Членот на Советот има право да присуствува и на седниците на комисиите во кои не е член, како и право да учествува во нивната работа, но без право на одлучување.
Член 13
За присуството на седниците на Советот и на комисиите во кои членуваат членовите на Советот, се води евиденција.
Евиденцијата ја води општинската администрација.Член 14
Општинската администрација го известуваат претседателот на Советот, за случаите кога член на Советот три пати едноподруго отсуствувал од седниците на Советот и комисиите во кои членува, а не го оправдал своето отсуство.
Претседателот на Советот е должен веднаш да ја извести Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, со цел да се утврдат причините за отсуството и да се утврди дали постојат законски услови за утврдување престанок на мандатот на членот на Советот или за разрешување на членот на Советот од комисиите во кои членува и да му предложи на Советот на негово место да избере друг член.3. Покренување иницијативи и поднесување предлози
Член 15
Членот на Советот има право на седниците на Советот,:
- да ги изнесува предлозите и мислењата на граѓаните и да му предлага на Советот заземање ставови од надлежност на Советот за тие предлози и мислења;
- да дава иницијативи за донесување на прописи од надлежност на Советот, како и да поднесува амандмани на предлозите на прописите;
- да поднесува барање за давање на автентично толкување прописите;
- да иницира распишување референдум за решавање на прашања од интерес за Општината, како и за претходно изјаснување на граѓаните за одделни предлози на одлуки или за нивно потврдување;
- да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од значење за определена дејност, како и од значење за граѓаните;
- да предлага претресување на прашања што се однесуваат на спроведувањето на политиката што ја утврдил и прописите што ги донел Советот или на прашања што се однесуваат на извршување на законите и другите прописи и општи акти;
- да предлага претресување на прашања кои се однесуваат на работата на градоначалникот;
- да бара од Градоначалникот да го извести Советот за својата работа;
- да предлага претресување на прашања што се однесуваат на остварувањето на надзорот над вршењето на работите од надлежност на општината;
- да предлага претресување на прашања во врска со состојбата во дејностите за кои Општината основала јавни служби, установи и претпријатија, како и прашања во врска со остварувањето на надзорот над нивната работа, и
- да предлага спроведување на анкети по прашања од надлежност на Советот.
Член 16
Членот на Советот има право поединечно или заедно со други членови на Советот, да предлага избор и разрешување на претседател на Советот, претседатели и членови на комисиите и посебните тела на Општината, што ги избира односно именува Советот, на начин и под услови утврдени со закон, Статутот и овој Деловник.
4. Поставување советничко прашање
Член 17
Членот на Советот има право на Градоначалникот и на раководните органи, односно членовите на органите на управување на јавните служби, установи и претпријатија што ги основа Општината, да им поставува 3 прашања (советнички прашања) што се однесуваат на нивната работа или на работата од нивна надлежност, односно од надлежност на органите, службите, установите и претпријатијата.
Прашањето треба да е кратко и прецизно, при што членот на советот треба да означи на кого му е упатено прашањето.Член 18
Прашањето може да се поставува усно на седница на Советот, а во времето меѓу две седници писмено.
Прашањата се поставуваат и одговорите се добиваат како последна точка од дневниот ред.
Советот може да одржува и посебни седници за поставување прашања. Предлог за одржување посебна седница може да поднесат градоначалникот, претседателот на Советот или група од 5 членови на Советот. Советот за одржување посебна седница одлучува со мнозинство гласови на присутните членови на седницата на која е поднесен предлогот.Член 19
На усно поставеното прашање се одговара на седницата на која е поставено прашањето, доколку се присутни лицето на кое му е поставено или претставникот на институцијата на која тоа се однесува.
Ако на поставеното прашање не може да се даде целосен одговор на таа седница или ако се отсутни лицето на кое му е поставено или претставникот на институцијата на која тоа се однесува, одговорот во целост ќе се даде писмено или усно на наредната седница на Советот.Член 20
Членот на Советот може да побара на прашањето што го поставил да му се одговори писмено.
Писмениот одговор се дава во рок од 10 дена од денот на поставувањето, односно приемот на прашањето.
Ако на прашањето не може да се даде одговор во рокот од став 2 на овој член, членот на Советот ќе биде известен кога ќе му биде даден одговорот.
Ако се работи за сложено прашање, кое бара посеопфатни анализи или претпоставува следење на состојбите во подолг временски период, Советот може да определи подолг рок за давање на одговорот.Член 21
На прашањето поставено до Градоначалникот, одговор дава Градоначалникот или лице што тој го овластил.
Кога одговорот го дава лице овластено од страна на Градоначалникот, се смета дека одговорот го дал Градоначалникот.Член 22
По примениот одговор, членот на Советот кој го поставил прашањето може да постави и дополнително прашање.
Член 23
По добиениот одговор на поставеното прашање, односно на дополнителното прашање, членот на Советот може да предложи предметот на кој се однесува неговото прашање да се стави на дневен ред на таа седница на Советот или на една од наредните седници.
За предлогот од став 1 на овој член, по ислушувањето на мислењето на градоначалникот или лицето на кое му било поставено прашањето, одлучува Советот.
Градоначалникот или лицето на кое му е поставено прашањето, може да побара претресот по тоа прашање да се одложи додека не се соберат податоци.
Ако барањето од став 3 на овој член се усвои, Советот определува рок до кога се одлага претресувањето на тоа прашање.Член 24
Доколку членот на Советот не е задоволен од добиениот одговор на прашањето, може да му предложи на Советот или на градоначалникот на Општината, да ги разрешат раководните лица и носителите на функции, што ги смета за одговорни за состојбата од која не е задоволен.
За предлогот од ставот 1 на овој член, органите на Општината одлучуваат во рамките на своите надлежности.5. Чување тајна
Член 25
Членот на Советот е должен да чува тајна.
Тајната може да биде државна, службена и деловна.
Како тајна се сметаат податоците што членот на Советот ќе ги дознае на седницата на Советот или комисиите, во врска со прашањата за кои на седницата се расправа без присуство на јавноста.
За тајна се сметаат и сите материјали што му се упатуваат на Советот и комисиите, а кои се означени како такви, со ознака "доверливо" од страна на подносителот на материјалите.
Со материјалите што се сметаат за тајна се постапува согласно со напомената-упатството за ракување и чување на материјалите, што се проследува кон таквите материјали.6. Обезбедување на услови за вршење на функцијата член на Совет
Член 26
Заради обезбедување на услови за вршење на функцијата член на Совет, општинската администрација и органите на управување на јавните служби, установи и претпријатија основани од Општината, на членовите на Советот:
- им укажуваат стручна помош во изработувањето на предлозите што тие му ги поднесуваат на Советот, односно комисиите, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што им ги доверил Советот, односно работното тело;
- им обезбедуваат дополнителна документација која им е потребна за нивната работа;
- им даваат стручни објасненија и појаснувања за проблемите на кои тие работат;
- се грижат за обезбедување на технички услови за нивната работа.
Член 27
Членовите на Советот имаат право да ги користат просториите и документацијата на Општината, за извршување на нивните права и должности.
7. Престанок и одземање на мандатот на членовите на Советот
Член 28
На член на Советот му престанува мандатот во случаите утврдени со закон.
Член 29
Членот на Советот има право да поднесе оставка и да ја образложи.
Оставката му се поднесува на претседателот кој ја проследува до членовите на Советот.
Оставката може да се поднесе и образложи на самата седница на Советот.
По поднесувањето на оставката, Советот на самата седница или првата наредна седница, без расправа, констатира престанок на мандатот на членот на Советот.
Претседателот на Советот ја известува општинската изборна комисија, за престанокот на мандатот на членот на Советот.Член 30
На член на Советот му престанува мандатот кога ќе се вработи во општинската администрација, како и кога презел функција, односно служба која, според законот, е неспојлива со вршењето на функцијата член на Совет.
За настанување на случајот на неспојливост членот на Советот е должен, веднаш да го извести претседателот на Советот.Член 31
На членот на Советот ќе му биде одземен мандатот доклоку повеќе од три пати едноподруго неоправдано отсуствувал од седниците на Советот.
Член 32
Претседателот на Советот е должен да ја извести Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања и да го внесе во предлогот на дневниот ред за првата наредна седница на Советот секој случај што со себе повлекува престанок на мандатот на некој од членовите на Советот.
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања е должна да го разгледа секој случај што повлекува престанок или одземање на мандатот на член на Советот, да побара податоци од надлежни институции и служби за да ги потврди фактите и да ги утврди причината и денот на настанување на условите за престанок или одземање на мандатот на член на Советот.
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања е должна на Советот да му поднесе извештај и предлог заради констатирање престанок или донесување одлука за одземање на мандатот на член на Советот.
Советот ќе ја утврди причината и денот на престанок на мандатот и ако Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, не поднесе извештај и не даде предлог во врска со настанат случај што повлекува престанок или одземање на мандатот на член на Советот, и тоа врз основа на документи кои го потврдуваат настанувањето на услови предвидени со закон за престанок и одземање на мандатот на член на Советот, обезбедени од страна на општинската администрација.IV. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ
1. Начин на избор на претседателот на Советот
Член 33
Советот има претседател кој го претставува Советот и врши други работи определени со закон, Статутот на Општината и овој Деловник.
Член 34
Претседателот на Советот го избира Советот по предлог на еден или група членови на Советот.
Советот гласа за сите поднесени предлози, односно предложени кандидати за избор на претседател, освен за оние кандидати кои дале изјава дека не ја прифаќаат кандидатурата.2. Права и должности на претседателот на Советот
Член 35
Претседателот на Советот:
- ги свикува и раководи со седниците на Советот;
- се грижи за организацијата и работата на Советот;
- ги потпишува одлуките и актите на Советот и ги доставува на Градоначалникот заради објавување;
- дава иницијатива за претресување одделни прашања од делокругот на Советот и комисиите и се грижи за усогласување на нивната работа;
- ја поттикнува и помага меѓусебната соработка на комисиите на Советот и се грижи за нивната соработка со други органи;
- ги закажува седниците на комисиите кага по барање на членовите на комисијата седницата нема да ја закаже претседателот на комисијата;
- се грижи за примената на Деловникот;
- ги толкува одредбите на Деловникот ;
- иницира и остварува соработка и координација со претседателите на советите на други општини и
- врши и други работи определени со закон, Статутот и со овој Деловник.
Член 36
Претседателот на Советот има право да учествува во работата на комисиите на Советот и да им предлага да претресуваат прашања од нивна надлежност.
Член 37
Претседателот на Советот може заради организација на работата на Советот да формира Координативното тело кое:
- ја планира динамиката на седниците на Советот, во зависност од значењето, природата и времето на поднесување на предлозите на акти и други материјали;
- иницира дневен ред и време на одржување на седниците на Советот;
- дава иницијатива на Советот и комисиите за претресување на прашања од нивна надлежност.
Координативното тело го сочинуваат по еден член на Советот како претставник на листата за избор на членови на Советот, што согласно извештајот на Општинската изборна комисија, добила мандати на одржаните локални избори.
3. Избор на претседател на Советот со јавно гласање
Член 38
Претседателот на Советот го избира Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на Советот.
Член 39
Ако се предложени повеќе кандидати за претседател на Советот, избран е кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на Советот.
Член 40
Советот гласа одделно за секој од предложените кандидати.
Член 41
Претседателот на Советот ги повикува членовите на Советот да се изјаснуваат "за" предлогот, без повикување да се изјаснат "против", односно "воздржан".
Членот на Советот во постапката за избор на претседател на Советот со јавно гласање има право да се определи, односно да гласа "за" само за еден од кандидатите.
Член 42
Доколку во првиот круг никој од кандидатите за претседател на советот не го добил потребното мнозинство гласови, се пристапува кон втор круг на гласање за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најголем број гласови.
Член 43
Ако во првиот круг повеќе кандидати добиле ист број на гласови, заради што не може да се определат двајца кандидати што имаат најголем број на гласови, гласањето се повторува само за кандидатите што имаат ист број на гласови, со цел да се определат двајцата кандидати за кои ќе се гласа во вториот круг.
Член 44
Ако и по вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не го добил потребниот број гласови тогаш се повторува постапката за избор на претседател на Советот.
4. Избор на претседател на Советот со тајно гласање
Член 45
Изборот на претседател на Советот може да се изврши со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
Член 46
Со тајното гласање раководи комисија што ја избира Советот по предлог на членот на Советот, што предложил гласањето да биде тајно.
Член 47
Тајно гласање за избор на претседател на Советот се врши со гласачки ливчиња.
На гласачкото ливче за избор на претседател на Советот се отпечатуваат имињата и презимињата на лицата предложени за избор, односно разрешување и тоа според редот на поднесените предлози.
На гласачкото ливче пред името на кандидатите се става реден број.Член 48
Гласачките ливчиња мораат да бидат со еднаква големина, боја и форма.
На секое гласачко ливче се става печат на Општината.Член 49
Секој член на Советот добива по едно гласачко ливче.
Откако ќе се утврди дека сите членови на Советот, добиле по едно гласачко ливче, претседавачот ќе ги даде потребните објаснувања за начинот на гласањето и ќе го определи времето потребно за пополнување на гласачките ливчиња.Член 50
Членот на Советот гласа на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот за кого гласа и лично го спушта гласачкото ливче во поставената гласачка кутија, превиткано на начин што обезбедува тајност на гласањето.
Член 51
Откако сите присутни членови на Советот ќе гласаат и откако претседавачот ќе објави дека гласањето е завршено, се преминува на утврдување на резултатите од гласањето.
Резултатите од гласањето се утврдуваат врз основа на предадените гласачки ливчиња.Член 52
Гласачкото ливче од кое не може јасно да се утврди за кого е гласано (заокружени се повеќе кандидати, прешкртани се имињата на еден или повеќе кандидати, ливчето е преправано, искинато или непополнето), се смета за неважечко.
Член 53
По завршување на гласањето и пребројувањето на гласачките ливчиња, претседателот на комисијата ќе го објави резултатот од гласањето и ќе соопшти колку вкупно членови на Советот, подигнале гласачки ливчиња, колку гласале, колку гласови добил секој од кандидатите.
Член 54
Врз основа на извештајот на комисијата, претседавачот ќе констатира кој од кандидатите е избран за претседател на Советот.
Член 55
Доколку, ниту еден од кандидатите не е избран за претседател на Советот во првиот круг на гласање, односно не го добил потребното мозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, претседавачот ќе констатира за кои двајца кандидати, кои добиле најголем број гласови во првиот круг на гласање, ќе се гласа во вториот круг.
Ако во првиот круг повеќе кандидати добиле ист број на гласови, заради што не може да се определат двајца кандидати што имаат најголем број на гласови, гласањето се повторува само за кандидатите што имаат ист број на гласови, со цел да се определат двајцата кандидати за кои ќе се гласа во вториот круг.Член 56
Во постапката и начинот на гласање во вториот круг, со двајца кандидати, соодветно се применуваат одредбите од овој Деловник што се однесуваат на гласањето во првиот круг.
Член 57
Ако ниту еден од двајцата кандидати во вториот не го добил потребното мнозинство изборната постапка во целост се повторува.
V. РАБОТА НА СОВЕТОТ
1. Свикување на седници
Член 58
Советот работи на Седници што ги свикува претседателот на Советот, по сопствена иницијатива.
Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, седница свикува најстариот член на Советот.
Седница на Советот, согласност со закон, може да се свика и на барање на Градоначалникот, како и на барање на најмалку ? од членовите на Советот, во рок од 15 дена од поднесувањето на барањето.
Доколку претседателот на Советот не ја закаже седницата по барање на членовите на Советот, седницата може да ја свикаат подносителите на барањето, да го предложат дневниот ред на седницата, а со седницата да раководи претседател што ќе го избере Советот за таа седница.Член 59
Покана за седница на Советот им се испраќа на сите членови на Советот, најдоцна 7 дена пред денот определен за одржување на седницата.
Заедно со поканата, на членовите на Советот им се доставува предлог на дневен ред и соодветен материјал за прашањата што се предлагаат на дневен ред.
По исклучок, во итни случаи, утврдени со Статутот, претседателот на Советот може да свика вонредна седница и во рок покус од 7 дена, а дневниот ред да го предложи на самата седница.2. Дневен ред
Член 60
Дневен ред на седница на Советот се утврдува на предлог на претседателот на Советот на почетокот на седницата, со мнозинство гласови на присутните членови на Советот.
Во предлогот на дневниот ред претседателот на Советот ги внесува сите прашања што до денот на свикувањето на седницата му се доставени од страна на градоначалникот или други предлагачи.Член 61
Секој член на Советот може на седницата да предложи:
- предложениот редослед на точките на дневниот ред да се измени;
- некоја од предложените точки да се симне од дневниот ред;
- дневниот ред да се дополни со нова точка на дневниот ред, но е должен да ја образложи итноста на тој предлог.
Градоначалникот може да предложи дополнување на дневниот ред на седницата со определено прашање и итноста да ја образложи Градоначалникот или претставник што тој ќе го овласти.
Советот со мнозинство гласови на присутните членови одлучува одделно за секој предлог за измена и дополнување на предложениот дневен ред.
Доколку е прифатен предлогот за синување на некоја од предложените точки од дневниот ред, не може да се бара нејзино повторно внесување во дневниот ред на истата седница.3. Претседавање и учество
Член 62
На седница на Советот претседава претседателот на Советот.
Во случај на негова спреченост или отсутност, го заменува најстариот член на Советот.
Ако најстариот член на Советот е спречен или отсутен, на седницата претседава членот на Советот, кој по предлог на еден или група членови на Советот, ќе го избере Советот со мнозинство на гласови од присутните членови на Советот.Член 63
Во работата на седница на Советот, без право на одлучување, можат да учествуваат и поканети претставници на јавни служби, установи и претпријатија.
Член 64
На седница на Советот никој не може да говори пред да побара и добие збор од претседателот.
Пријавите за збор се поднесуваат лично откако ќе започне претресот и можат да се поднесуваат се до неговото завршување.Член 65
Членот на Советот говори од говорницата или од своето место доколку има технички услови сите присутни да го следат неговото излагање.
Доколку во работата на Советот, се користи друг јазик, освен службениот, при излагањето се обезбедува превод, за да можат присутните на седницата да го следат излагањето.Член 66
Претседателот се грижи членот на Советот да не биде попречуван во својот говор.
Членот на Советот може да го опомене или да го прекине во говорот само претседателот на Советот.Член 67
Претседателот им дава збор на членовите на Советот по редот на нивното пријавување.
Претседателот веднаш ќе му даде збор на членот на Советот кој сака да земе збор во врска со повреда или неправилна примена на одредбите на Деловникот (процедурално прашање) или на утврдениот дневен ред.
Говорот на овој член на Советот не може да трае подолго од 3 минути.
По излагањето на членот на Советот претседателот е должен да даде објаснување.Член 68
Претседателот ќе му даде збор на членот на Советот ако побара збор (реплика) за да го исправи наводот што е неточно изложен или што дал повод за недоразбирање или предизвикал потреба од лично објаснување, и тоа откако ќе го заврши излагањето оној што ја предизвикал потребата од реплика.
Во својата реплика, која не може да трае подолго од 2 минути, членот на Советот мора да се ограничи на исправката, односно на личното објаснување.
Членот на Советот на кого му е упатена репликата, има право на одговор, во траење од 1 минута.
Членот на Советот, правото на репликата и одговорот на репликата, можат да се користат само еднаш во текот на расправата по една точка од дневниот.Член 69
Членот на Советот може да говори само по прашање што е на дневен ред.
Ако членот на Советот се оддалечи од дневниот ред, претседателот ќе го повика да се придржува за дневниот ред.
Ако членот на Советот и по повторната опомена не се придржува за дневниот ред, претседателот може да му го одземе зборот.4. Ограничување на времетраењето на излагањето
Член 70
По предлог на претседателот или од член на Советот, кого го поддржуваат најмалку 5 членови на Советот, може да одлучи, со мнозинство гласови на присутните членови на Советот, по истото прашање на седницата да се говори само еднаш, како и да се определи времетраењето на излагањето, што не може да биде пократко од 5 минути.
5. Одржување на редот
Член 71
За одржување на редот на седницата се грижи претседателот.
Член 72
За повреда на редот на седницата, против членот на Советот кој го повредува редот може да се изречат следните мерки: опомена, одземање на зборот и оддалечување од седницата.
Изречените мерки се внесуваат во записникот на седницата.Член 73
Опомена ќе му се изрече на членот на Советот кој во своето излагање се оддалечува од дневниот ред, кој со своето однесување, со земање збор кога претседателот не му дал збор, со упаѓање во збор, или со слична постапка го нарушува редот на седницата и одредбите на овој Деловник.
Одземање на зборот ќе се изрече на член на Советот кој со својот говор на седницата го повредува редот на седницата и одредбите на овој Деловник, а на истата седница веќе двапати е повикан да не го нарушува редот на седницата и одредбите на овој Деловник.
Мерките опомена и одземање на зборот ги изрекува претседателот.Член 74
Мерката оддалечување од седницата му се изрекува на членот на Советот што нема да постапи по барањето на претседателот кој му ја изрекол мерката одземање на збор или на друг начин ја попречува работата на седницата или го навредува Советот или неговите членови, или во говорот употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Советот.
Членот на Советот може да биде оддалечен само од седницата на која го повредил редот.Член 75
Мерката оддалечување од седницата можат да ја предложат претседателот на Советот или член на Советот.
Членот на Советот спрема кој се предлага изрекување на мерката оддалечување од седницата има право на збор, при што неговото излагање не може да трае подолго од 3 минути.
Мерката оддалечување од седницата ја изрекува Советот без претрес, со мнозинство гласови од присутните членови на Советот.
Членот на Советот на кој му е изречена мерката оддалечување од седницата е должен веднаш да се оддалечи од седницата и не може повеќе да присуствува на седницата од која е оддалечен.Член 76
Ако со редовни мерки не може да го одржи редот на седницата, претседателот ќе ја прекине седницата.
Член 77
Претседателот може да нареди од салата во која се одржува седницата да се отстрани секе лице кое го нарушува редот.
Член 78
Сите лица кои се наоѓаат во просториите на Советот, додека трае седницата, по службена должност се должни да ги извршат налозите на претседателот во поглед на одржување на редот.
6. Тек на седница
Член 79
Членовите на Советот имаат право, пред да се утврди дневниот ред на седницата, да стават забелешки на записникот од претходната седница.
За основаноста на забелешките одлучува Советот без претрес, а ако забелешките се усвојат, во записникот ќе се извршат соодветни измени.Член 80
По усвојувањето на дневниот ред, претседателот ги информира членовите на Советот за дополнително доставените или пред седницата поделените материјали и дава други соопштенија што се од значење за работата на седницата и што треба да се имаат предвид при одлучувањето.
Член 81
Седницата се одржува според усвоениот дневен ред, а претседателот е должен да отвора претрес по секоја од точките, освен ако со закон, Статутот и со овој Деловник е определено да се одлучува без претрес.
Советот со мнозинство гласови од присутните членови може да одлучи на предлог на градоначалникот или член на Советот, да води заедничка расправа по повеќе точки од дневниот ред, доколку тие имаат сродна или меѓусебно поврзана содржина, но гласањето мора да биде поединечно.
Советот со мнозинство гласови од присутните членови може да одлучи на предлог на градоначалникот или член на Советот, да се направи измена во редоследот на расправата по точките од усвоениот дневен ред.Член 82
Претресот по определено прашање трае и се води се додека по него има пријавени за збор.
Претседателот го заклучува претресот откога ќе утврди дека повеќе нема пријавени за збор.Член 83
Претресот по одделни прашања е единствен.
Во текот на претресот најпрво се расправа за амандманите доколку такви има поднесено по предлогот.7. Мнозинство за работа, прекин и пауза на седница
Член 84
Советот може да работи ако на седница присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Советот.
Ако претседателот смета дека на седницата не присуствува доволен број членови на Советот, ќе побара да се изврши прозивка.
Прозивката ќе се изврши и ако тоа го побара член на Советот.
Ако се утврди дека на седницата не присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Советот, седницата не може да се одржи, односно ако е веќе започната се прекинува.
Во случаите од став 4 на овој член, претседателот ја презакажува седницата, со писмено известување упатено на сите членови на Советот.
Претседателот на Советотот може да даде пауза на седницата ако оцени дека има потреба, и кога тоа ќе го побараат најмалку пет члена на Советот, заради дополнителни консултации.
Времето за продолжување на прекинатата седница и траењето на паузата го определува претседателот на Советот.8. Одлучување
Член 85
Советот одлучува со мнозинство на гласови од присутните членови на Советот а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот.
Статутот, буџетот, завршната сметка на буџетот на Општината и Деловникот на Советот се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови на Советот.Член 86
Членовите на Советот гласаат на тој начин што се изјаснуваат "за" или "против" предлогот или се воздржуваат од гласањето.
Член 87
Јавното гласање се врши со со користење на соодветен електронски ситем, со кревање на рака или со поименично усно изјаснување.
Член 88
Гласањето со употреба на соодветен електронски систем, се врши на начин кој овозможува секој од членовите на советот да гласа и да се евидентира секој даден глас "за", "против" или "воздржан", и да се утврди збирот на гласовите, односно резултатот од гласањето.
Член 89
Гласањето со кревање на рака се врши на тој начин што претседателот ги повикува членовите на Советот најнапред да се изјаснат кои се "за" предлогот, потоа да се изјаснат кои се "против" предлогот и на крајот да се изјаснат тие што се воздржуваат од гласањето.
Член 90
Поименично гласање се врши кога претседателот смета дека е потребно точно да се утврди резултатот од гласањето.
Поименично гласање се врши и кога тоа ќе го побара член на Советот.
При поименично гласање членовите на Советот, усно се изјаснуваат дали се "за", "против" или "воздржан".
Прозивката ја врши службеник на општинската администрација.Член 91
Тајно гласање се врши со гласачки ливчиња.
Со тајното гласање раководи комисија што ја избира Советот по предлог на членот на Советот, што предложил гласањето да биде тајно.Член 92
Ако тајното гласање е за донесување на пропис од надлежност на Советот, на гласачкото ливче точно се отпечатува називот на прописот и се овозможува членот на советот да гласа "за", "против" или "воздржан".
Член 93
Ако тајното гласање е за избор или разрешување, на гласачкото ливче се отпечатуваат имињата на лицата предложени за избор, односно разрешување и тоа според редот на поднесените предлози.
На гласањето за избор или разрешување пред името на кандидатот се става реден број.Член 94
Гласачките ливчиња мораат да бидат со еднаква големина, боја и форма.
На секое гласачко ливче се става печат на Општината.Член 95
Секој член на Советот добива по едно гласачко ливче.
Откако ќе се утврди дека сите членови на Советот, добиле по едно гласачко ливче, претседателот ќе ги даде потребните објаснувања за начинот на гласањето и ќе го определи времето потребно за пополнување на гласачките ливчиња.
По истекот на определеното време, претседателот ги повикува членовите на Советот да гласаат.Член 96
Членот на Советот лично го спушта гласачкото ливче во поставената гласачка кутија, превиткано на начин кој обезбедува тајност на дадениот глас.
Член 97
При гласање за избор, членот на Советот гласа на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот за кого гласал.
При гласање за разрешување, членот на Советот гласа на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на лицето за чие разрешување се гласа.
Гласачкото ливче од кое не може јасно да се утврди за кого, односно за што е гласано се смета за неважечко.Член 98
Откако сите присутни членови на Советот ќе гласаат и откако претседателот ќе објави дека гласањето е завршено, се преминува на утврдување на резултатите од гласањето.
Резултатите од гласањето се утврдуваат врз основа на предадените гласачки ливчиња.Член 99
По завршување на гласањето и пребројувањето на гласачките ливчиња, претседателот на комисијата ќе го објави резултатот од гласањето на истата седница на Советот и ќе соопшти колку вкупно членови на Советот гласале, колку биле "за", "против„ или "воздржани" и колку има неважечки гласачки ливчиња.
9. Записници
Член 100
За работата на седниците на Советот се води записник.
Записникот содржи основни податоци за работата на седницата, а особено за бројот на присутните и имињата и презимињата на оправдано отсутните членови на Советот, имињата и презимињата на членовите на Советот кои не го најавиле своето отсуство, дневниот ред што е усвоен на седницата, предлозите и амандманите што се поднесени на седницата и за прописите, други акти и заклучоци што се донесени на седницата.
Во записникот се внесуваат резултатите од гласањето по одделни прашања.
Членот на Советот кој на седницата издвоил мислење, може да побара во записникот да се внесат битните делови од неговата изјава.Член 101
Записникот им се испраќа на членовите на Советот, по правило, заедно со поканата за одржување на наредната седница.
Член 102
Записникот на кој не се ставени забелешки, односно записникот во кој согласно со усвоените забелешки се извршени измени се смета за усвоен.
Усвоениот записник го потпишува претседателот на Советот.
За составувањето на записникот и за чувањето на оригиналните записници од седниците на Советот се грижи општинската администрација.10. Стенографски белешки
Член 103
За работата за седниците на Советот се водат стенографски белешки, а по потреба се обезбедува и тонско или видео снимање.
Составен дел на стенографските белешки се и непрочитаните говори на членовите на Советот што на седницата, во текот на претресот, писмено се приложени.
Стенографските белешки им се ставаат на увид на членовите на Советот, по нивно барање.
Секој член на Советот има право да побара во стенографските белешки да се изврши исправка во неговото излагање, но без внесување на битни измени.
За остварувањето на ова право на членовите на Советот се грижи претседателот на Советот.
Ако се појави спор за основаноста на барањето да се изврши исправка во стенографските белешки, за барањето се одлучува на седницата без претрес.
Стенографските белешки за работата на Советот се чуваат во документацијата на општинската администрација.VI. КОМИСИИ НА СОВЕТОТ
1. Постојани и повремени комисии
Член 104
Советот формира постојани и повремени комисии.
Член 105
Постојаните комисии, во рамките на својот делокруг:
- ги разгледуваат предлозите за донесување на прописи и други акти од надлежност на Советот и му поднесуваат извештај со свои мислења и предлози;
- проучуваат и разгледуваат други прашања од својот делокруг и на Советот му даваат мислења и предлози по тие прашања.
Член 106
Повремените комисии Советот ги формира заради проучување на определено прашање кое не спаѓа во делокругот на постојаните комисии, како и во други случаи кога за тоа ќе се укаже потреба,
Повремената комисија престанува со работа кога ќе ја изврши задачата заради која е формирано и во други случаи кога Советот за тоа ќе одлучи.2. Состав на комисиите
Член 107
Бројот на членовите на постојаните комисии се определува со Статутот.
Составот, бројот на членовите и задачите на повремените комисии се утврдува со актот за формирање на телото.
Членови на повремените комисии можат да бидат, покрај членови на Советот и научни и стручни работници.Член 108
Постојаните и повремените комисии имаат претседател и определен број членови.
Претседателот на постојаната и на повремената комисија:- ја организира работата на комисијата;
- дава иницијатива за претресување на определени прашања од делокругот на комисијата;
- се грижи за известување на членовите на комисијата и на Советот за проблемите од делокругот на комисијата;
- ги подготвува и свикува седниците;
- го предлага дневниот ред на седниците и претседава со нив;
- се грижи за спроведување на заклучоците, и
- врши и други работи што се определени со овој Деловник.
Во случај на спреченост или отсутност, претседателот го заменува член на комисијата.
3. Начин на работа
Член 109
Комисиите работат на седници што ги свикува претседателот на Комисијата по сопствена иницијатива.
Претседателот на комисијата е должен да свика седница ако тоа го бара претседателот на Советот или ако тоа го бараат најмалку 3 членови на комисијата, наведувајќи го прашањето што треба да се стави на дневен ред на седница.
Ако претседателот не свика седница кога е должен тоа да го стори, седницата е должен да ја свика претседателот на Советот.
Ако по барање на најмалку 3 членови на комисијата, седница не свика ниту претседателот на комисијата, ниту претседателот на Советот, седницата ќе ја свикаат членовите на комисијата, кои тоа го барале.
Поканата за седница со предлогот на дневниот ред и материјалите што ќе се разгледуваат на седницата, претседателот на комисијата им ги доставува на членовите на комисијата најдоцна 5 дена пред денот на одржувањето на седницата.
По исклучок, претседателот може да свика седница и во покус рок.
Претседателот на комисијата, за свиканата седница ги известува предлагачите на материјалите што комисијата ќе ги претресува, со цел да определат претставници за присуство на седницата.Член 110
Записниците и извештаите од седницата на комисијата ги потпишува претседателот на комисијата.
Член 111
Иницијатива за внесување одделни прашања во предлогот на дневниот ред на седницата на комисијата можат да дадат членови на советот, други комисии на Советот, како и јавните служби, установи и претпријатија основани од Општината.
Член 112
Претресот по прашањата што се на дневен ред на седницата на комисијата, може да заврши со прост премин на наредната точка од дневниот ред или со донесување на заклучок, за што на Советот може да му поднесе извештај.
Член 113
Комисијата може да му предложи на Советот да го одложи претресувањето на одделно прашање што комисијата го разгледувала, а кое е содржано во предлогот на дневниот ред за седницата на Советот.
Член 114
Комисиите на Советот покренуваат разгледување на прашања од својот делокруг по сопствена иницијатива, а се должни да го разгледаат секое прашање од својот делокруг, чие разгледување ќе го побара претседателот на Советот и Градоначалникот.
Член 115
Дневниот ред на седницата на комисијата се утврдува на почетокот на седницата.
Член 116
Комисиите можат да работат ако на седницата присуствуваат мнозинството членови на комисијата.
Комисиите одлучуваат со мнозинство гласови на присутните членови на комисијата.Член 117
Кога ќе одлучи да му поднесе извештај или предлог на Советот, комисијата определува свој известител, кој по налог на комисијата, по сопствена иницијатива или по барање на Советот, на седницата на Советот ќе го образложи ставот или предлогот на комисијата.
Член 118
На седницата на комисијата задолжително присуствува претставник на предлагачот.
Претставникот на предлагачот има право на седницата на комисијата да учествува во расправата по предлогот што го поднел.Член 119
Комисијата има право од предлагачот да бара известување, појаснување, како и други податоци што му се потребни за работа, а со кои предлагачот располага или е должен да ги собира и евидентира.
Член 120
Комисијата може на свои седници да покани претставници на органи, организации, заедници и здруженија, како и научни, стручни и јавни работници, заради изнесување на нивни мислења по прашањата што се разгледуваат на седницата на комисијата.
4. Делокруг на постојаните комисии на Советот
Член 121
Советот ги има следните постојани комисии:
а) Комисија за мандатни прашања и избори и именувања;
б) Статутарно-правна комисија;
в) Комисија за програмирање на работата на Советот на Општината Гази Баба;
г) Комисија за финансии и буџет;
д) Комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина;
ѓ) Комисија за општествени дејности;
е) Комисија за месна самоуправа;
ж) -Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија;
з) Комисија за локален економски развој;
ѕ) Комисија за земјоделие;
и) Комисија за култура, спорт и рекреација;
ј) Комисија за родова еднаквост, и
к) -Комисија за негување и чување на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја.а) Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
Член 122
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања:
-разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно-имунитетните прашања;
-разгледува и подговтува предлози за избор, именувања и разрешувања од надлежност на Советот;-\
-опредлува плати, надоместоци и други примања на избрани и именувани лица;
-ја определува висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот на Општината, како и на трошоците направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот на Општината;
Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на Општината на својата прва седница, со тоа што претседателот е од листата на предлагачот што има најголем број мандати за членови на Советот, избрани на непосредните избори.б) Статутарно-правна комисија
Член 123
Статутарно-правната комисија:
-го утврдува предлогот на Статутот на Општината;
-го утврдува предлогот на Деловникот на Советот на Општината;
-покренува иницијатива и ги проучува мислењата, предлозите и сугестиите што се однесуваат на Статутот на Општината и Деловникот на Советот на Општината и предлага нивно изменување и дополнување;
-ги разгледува нацртите и предлозите на одлуките и други општи акти од аспект на нивна усогласеност со Уставот, законите и Статутот на Општината, и за тоа поднесува Извештај со мислења и предлози на Советот;
-подготвува предлог-мислеса по предлог-законите кои се однесуваат на Општината;
-дава исправки на грешките в о текстот на одлуките и други општи акти што се објавени во "Службен гласник на Општината Гази Баба", и
-разгледува и други општи акти од надлежност на Советот.в) Комисија за програмирање на работата на Советот на Општината Гази Баба
Член 124
Комисијата за програмирање на работата на Советот на Општината Гази Баба го утврдува предлогот на Програмата за работа на Советот на Општината Гази Баба и го доставува до Советот за донесување. Комисијата го утврдува Предлогот на Програмата врз основа на предходно прибавени предлози и мислења од овластени предлагачи и заинтересирани субјекти.
Предлог-Програмата содржи назив на материјалот односно актот, кратка содржина, предлагач и рок.
Предлог-Програмата, Комисијата ја изготвува на крајот на календарската година која ќе се применува наредната година.г) Комисија за финансии и буџет
Член 125
Комисијата за финансии и буџет ги следи, разгледува и анализира појавите, проблемите и прашањата во врска со финансирањето на функциите на Општината; ги разгледува нацртот и предлогот на буџетот и завршната сметка на буџетот; ги следи состојбите со остварувањето на изворните приходи на Општината и остварува увид во реализацијата на планираните расходи.
д) Комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина
Член 126
Комисијата за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина ги разгледува прашањата од областа на урбанистичкото уредување на просторот на Општината; ги разгледува деталните урбанистички планови и урбанистичката документација; ги разгледува прашањата од областа на комуналните дејности, и тоа: изградба, одржување и заштита на сервисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти, одржувањето на јавната чистота на сервисните и станбените улици, одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбени улици, изградбата и одржувањето на јавното осветлување на станбените и сервисните улици на подрачјето на Општината, дезинфекција и дератизација, отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини; ги разгледува прашањата во врска со заштитата и унапредувањето на животната средина (заштита од загадување на воздухот и водата и спречување на штетната бучава), и по нив дава соодветни предлози и мислања на Советот на Општината.
ѓ) Комисија за општествени дејности
Член 127
Комисијата за општествени дејности во рамките на правата и должностите на Општината ги разгледува прашањата во врска со организацијата на основното образование, мрежата на училиштата, основање и престанок на основните училишта, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи за деца -детски градинки, и други прашања од областа на основното образование и од областа на социјалната и детската заштита во согласност со Закон, и по нив дава соодветни предлози и мислења на Советот на Општината.
е) Комисија за месна самоуправа
Член 128
Комисијата за месна самоуправа разгледува прашања од областа на месната самоуправа, а кои се однесуваат на: постапката за свикување и одржување на Собирот на граѓаните, основање на облици на месна самоуправа и изборот на Советот на урбаната односно месната заедница.
ж) -Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија
Член 129
Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија покренува иницијативи и предлози за одбележување на празници и манифестации и ги разгледува иницијативите и предлозите поднесени од други субјекти; покренува иницијативи и предлози за доделување награди и признанија и ги разгледува иницијативите и предлозите поднесени од други субјекти; дава предлози и ги разгледува предлозите за прогласување почесен граѓанин на Општината; дава мислење по поднесени предлози, и обранизира свечено одбележување при врачување на наградите и признанијата.
з) Комисија за локален економски развој
Член 130
Комисијата за локален економски развој разгледува прашања за планирање на локалниот економски развој; развојни и структурни приоритети; развојот на малите и средни претпријатија, како и други прашања од оваа област.
ѕ) Комисија за земјоделие
Член 131
Комисијата за земјоделие разгледува прашања од областа на земјоделието, во кое се опфатени состојбите, проблемите и развојот на земјоделието на подрачјето на Општината Гази Баба.
и) Комисија за култура, спорт и рекреација
Член 132
Комисијата за култура, спорт и рекреација разгледува прашања во врска со организацијата, развојот и унапредувањето на: културата, развој на мрежата на установи, поттикнување на творештвото, заштита и користење на културното богатство; физичката култура, развој на масовниот спорт и рекреативните активности, спортски приредби и манифестации и други прашања од значење за спортот.
ј) Комисија за родова еднаквост
Член 133
Комисијата за родова еднаквост разгледува прашања за еднаквите можности помеѓу жените и мажите, состојбите со застапеноста на жените во органите, учествува во проекти од оваа област и разгледува прашања од значење за родовата еднаквост.
к) -Комисија за негување и чување на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава и заштита на историските споменици испомен обележја
Член 134
Комисијата за негување и чување на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја ги разгледува прашањата во врска со негувањата и чувањата на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава, и ги разгледува прашања во врска со уредувањето на начинот на одржувањето и користењето на историските споменици и спомен обележја.
5. Посебни одредби за избор и разрешување на претседатели и членови на комисии
Член 135
Избор на претседател и членови на комисија на Советот се врши во целина, врз основа на предложени листи.
Листа може да предложи секој од членовите на Советот или група советници.
Предложената листа се става на дневен ред на седницата на Советот само ако сите предложени кандидати за членови на комисијата дале изјава со која ја прифаќаат кандидатурата.
Кандидатските листи се поднесуваат до претседателот на Советот кој ги доставува до Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Изборот на претседател и членови на комисиите се врши со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови на Советот.Член 136
Избор заради промена на пооделен член на комисија се врши врз основа на поединечни предлози, со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови на Советот.
Член 137
Предлог за разрешување на претседател и членови на комисија може да даде комисијата, член на Советот или претседателот на Советот.
По предлогот за разрешување одлучува Советот, со јавно гласање, со мнозинство гласови на присутните членови на Советот.VII. ПРОГРАМИРАЊЕ НА РАБОТАТА
Член 138
Работата на Совеотт се одвива според програма за работа на Советот.
Програмата за работа ја донесува Советот за една календарска година, по предлог на комисијата што Советот ја формира од редот на своите членови.Член 139
Основа за изработка на програмата за работа на Советот се работите што со закон се ставени во надлежност на Советот.
Член 140
Предлози за внесување на одделни задачи и работи во програмата за работа на Советот можат да поднесуваат:
- членовите на Советот, комисиите, посебните тела на Општината и Градоначалникот;
- органите на државната управа;
- јавните служби, установи и претпријатија основани од Општината;
- јавните претпријатија што вршат работи од значење и интерес за Општината;
- облиците на месна самоуправа;
- здруженија на граѓани, и
- други заинтересирани субјекти.
Член 141
Програмата за работа на Советото особено содржи:
- назив на одлуките и другите општи акти и прашањата, односно темите што ќе ги разгледува Советот;
- субјектите задолжени за изготвување на актите и другите материјали и субјектите кои соработуваат во извршувањето на задачите и работите;
- предлагач на актите и другите материјали;
- државните органи од кои ќе се бара согласност за актите, доколку давањето согласност е предвидено со закон;
- роковите во кои одделни работи треба да се извршат.
Во програмата за работа се назначува кои документи се даваат на јавна или стручна расправа или на друг облик на непосредно изјаснување на граѓаните.
Член 142
Задолжените субјекти се должни во предвидените рокови тие акти и материјали да му ги поднесат на Советот на разгледување и усвојување.
Доколку од одредени причини тоа не е можно, тој е должен за тоа навреме да го извести Советот и да ги наведе причините заради кои не може да ги изврши програмираните задачи во предвидениот рок.VIII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА СОВЕТОТ
Член 143
Седниците на Советот се јавни.
Одлуката за исклучување на присуството на јавноста се донесува со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови на Советот кога тоа го бараат интересите на безбедноста, одбраната или кога се разгледува прашање од доверлив карактер.
На расправа на буџетот на општината и завршната сметка на буџетот присуството на јавноста не може да се исклучи.Член 144
Заинтересираните граѓани можат да присуствуваат на седниците на Советот по претходно одобрение од претседателот на Советот.
Член 145
Советот ја известува јавноста за прашањата што се разгледуваат и за кои се одлучува во Советот, за своите одлуки и ставови по тие прашања, како и за работата на комисиите, при што развива и користи најразлични форми за известување.
Член 146
Претставниците на средствата за јавно информирање имаат право да присуствуваат на седниците на Советот и на комисиите и да ја известуваат јавноста за нивната работа.
За седница на Советот на која се претресува некое прашање без присуство на јавноста, Советот може да ја извести јавноста преку давање соопштение.Член 147
На претставниците на средствата за јавно информирање им се ставаат на располагање нацртите и предлозите на прописите, информативните и документационите материјали, извештаите за работа на комисиите на Советот и записниците од седниците на Советот, освен ако одделно прашање се разгледува без присуство на јавноста.
Член 148
Советот може да одлучи нацрт, односно предлог на определена одлука или на друг општ акт кој се претресува во Советот, да се објави преку печатот или во посебна публикација.
Член 149
Советот може заради известување на јавноста за својата работа да одлучи да се даде официјално соопштение на средствата за јавно информирање.
Член 150
Конференција за печатот по прашања од надлежност на Советот, односно во врска со неговата работа, одржува претседателот на Советот, по сопствена иницијатива или кога така ќе одлучи Советот.
Претседателот на Советот, односно Советот може да определат друг член на Советот, кој ќе ја одржи конференцијата за печатот.IX. АКТИ НА СОВЕТОТ
Член 151
Советот донесува прописи за уредување на прашањата од своја надлежност и го следи нивното извршување.
Советот донесува статут, деловник на Советот, буџет и годишна сметка за извршување на буџетот, програми, планови, одлуки, решенија, правилници, препораки, заклучоци и други акти.
Одредбите на овој деловник, што се однесуваат на постапката за донесување одлуки, соодветно се применуваат и на постапката за донесување на прописи и други акти од став 2 на овој член, доколку со закон и Статутот не е поинаку определено.Член 152
Со препорака се укажува на значењето на определени прашања кои се однесуваат на тековните состојби и движења во определена област или на извршувањето на одлуки и други општи акти на Советот и се изразува мислењето на Советот по тие прашања.
Со препораката се укажува на правата и обврските на субјектите на кои име се упатува и на мерките што би требало да ги преземат за решавање на тие прашања.
Препораката нема задолжителен карактер и таа им се упатува на субјектите на кои се однесува со цел да ја разгледаат, да заземат став и да ја насочат својата акција кон прашањата на кои се однесува препораката и за тоа да го известат Советот.Член 153
Со заклучок Советот, во рамките на својот делокруг, може да утврдува обврски на Градоначалникот и на јавните служби основани од Општината, во однос на подготвувањето на одлуки или на други општи акти или во однос на вршењето на други работи од нивниот делокруг.
Со заклучок, Советот утврдува оценки, односно констатации за состојбите и зазема ставови и гледишта во врска со прашањата што ги претресува.Член 154
Решение е конкретен и конечен акт со кој Советот решава за поединечни работи.
Член 155
Прописите и другите општи и поединечни акти донесени на седница на Советот ги потпишува претседателот на Советот.
На оригиналите на прописите и на другите акти се става печатот на Општината.
Оригиналите на прописите и на другите акти на Советот се чуваат во архивата на Општината.
За чувањето и евиденција на оригиналите на прописите и на другите акти на Советот се грижи општинската администрација.X. ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ
1. Поведување на постапка
Член 156
Одлуките од своја надлежност Советот ги донесува по предлог на градоначалникот или на член на Советот.
Предлог за донесување одлука од надлежност на Советот може да поднесат и надлежните комисии на Советот.Член 157
Советот донесува одлуки од своја надлежност и на иницијатива поднесена од членовите на Советот, јавните служби, установи и претпријатија, облиците на месна самоуправа, здруженијата на граѓаните, граѓаните и други субјекти.
Иницијативата му се доставува на претседателот на Советот, кој ја упатува на Градоначалникот заради давање мислење.
Ако градоначалникот смета дека нема потреба од донесување одлука, за тоа ќе го извести претседателот на Советот и подносителот на иницијативата, наведувајќи ги причините за тоа.
Ако подносителот на иницијативата смета дека причините не се оправдани, тој може својата иницијатива повторно да ја поднесе преку претседателот на Советот.
Повторната иницијатива за донесување на одлука се претресува на седница на Советот, заедно со мислењето на градоначалникот.
Откако ќе ја разгледа повторната иницијатива, Советот може со заклучок да го задолжи градоначалникот да изготви и поднесе предлог на одлука.
За ставот што ќе го заземе по повторната иницијатива за донесување на одлука, Советот ќе го извести подносителот на иницијативата.2. Предлог на одлука
Член 158
Градоначалникот и другите предлагачи своите предлози за уредување на определени прашања од надлежност на Советот ги поднесуваат, по правило, во форма на предлог на одлуки.
По исклучок Одлуката може да биде поднесена во форма на нацрт.Член 159
Предлогот на одлуката ги содржи причините поради кои треба да се донесе одлуката, содржината на одлуката и образложение.
Член 160
Причините за донесување на одлуката ги содржат:
правните основи по кои соодветните прашања можат да се уредуваат;
целта што се сака да се постигне со уредувањето на односите на предложениот начин, како и последиците што ќе произлезат од предложените решенија, и
финансиски средства потребни за спроведување на одлуката и начинот на обезбедување на тие средства,Член 161
Содржината на одлуката што се предлага да се донесе се изготвува во вид на правно формулирани одредби.
Член 162
Текстот на одлуката мора да биде образложен.
Образложението особено ги опфаќа: правните основи за уредување на односите содржани во одлуката; причините поради кои се донесува одлуката; оцена на состојбите во областа што треба да се уреди со одлука и извршувањето на постојните прописи во таа област; финансиските средства потребни за спроведување на одлуката и начинот на нивното обезбедување, дали спроведувањето на одлуката повлекува материјални обврски за граѓаните, стопанските и други субјекти, како и други околности што се од значење за прашањата што се уредуваат со одлуката.
Кон образложението на одлуката со која се вршат измени и дополнувања на постојна одлука, се приложуваат и одредбите на одлуката што се менува односно дополнува.Член 163
Советот може, по предлог на членовите на Советот или од Статутарно-правната Комисија да донесе заклучок дека заради тоа што со одлуката се уредува сложена или обемна материја, како и во други случаи кога ќе оцени дека е тоа потребно, поднесениот предлог да се претресува и утврди како нацрт.
По завршениот претрес, Советот со заклучок ги утврдува своите ставови и забелешки кон нацртот и му ги упатува на предлагачот, за да ги има предвид при изработката на предлогот на одлуката.
Со заклучокот, Советот може да определи и рок во кој предлагачот треба да го изготви и поднесе предлогот на одлуката до Советот.Член 164
Предлагачот е должен во образложението на така изработен предлог посебно да ги наведе причините за неприфатените мислења и забелешки по нацртот.
Кон предлогот се поднесува и придружната документација за сложени и обемни прашања, а особено податоци за начинот на обезбедување на финансиските средства потребни за спроведување на одлуката.3. Претресување на одлука
Член 165
Претресот на одлуката, на седницата на Советот, по правило е единствен, доколку Советот не одлучи да води претрес по делови, односно членови.
Член 166
Советот може да одлучи да води одделно претрес во начело заради изјаснување за причините и потребата од донесување на предложената одлука и претрес по содржината на одлуката.
Во текот на претресот за предлогот во начело можат да се изнесуваат мислења, да се бараат појаснувања и да се покренуваат други прашања во поглед на причините за донесување, правните основи и целисходноста на решенијата што се дадени во одлуката.Член 167
Предлагачот на одлуката, односно неговиот претставник има право во текот на целиот претрес на одлуката да дава образложенија, појаснувања и да изнесува свои мислења.
Член 168
Градоначалникот, односно претставникот што тој го овластил може да учествува во текот на целиот претрес на одлуката на седницата на Советот и кога не е предлагач на одлуката.
Предлагачот може да го повлече предлогот на одлуката во секој момент се до заклучувањето на претресот.4. Амандмани
Член 169
На решенијата содржани во предлогот на одлуката за која се води претрес на седницата на Советот може да се поднесуваат предлози за измена или дополнување (во натамошниот текст: амандмани).
Амандман може да поднесе член на Советот, Градоначалнкот, постојната комисија која го разгледува предлогот и предлагачот на одлуката.Член 170
Амандманот се поднесува писмено.
Амандманот мора да биде образложен.
Ако амандманот содржи одредби со кои се ангажираат финансиски средства, подносителот на амандманот е должен истовремено да укаже и на можностите за обезбедување на тие средства.Член 171
Амандманот може, по правило, да се поднесе најдоцна 3 дена пред денот определен за одржување на седницата на Советот на која ќе се претресува предлогот на одлука, а се поднесува преку претседателот на Советот.
Член 172
Претседателот на Советот веднаш им го доставува амандманот на сите членови на Советот и на Градоначалникот и кога тој не е предлагач на одлука.
Амандманот на предлогот на одлука, претседателот на Советот го доставува и на Статутарно-правната Комисија, за да го проучи и на Советот да му достави извештај.Член 173
Ако амандманот на предлогот на одлука содржи одредби со кои се ангажираат финансиски средства, претседателот на Советот, амандманот веднаш ќе го достави и на комисијата во чиј делокруг спаѓаат прашањата на буџетот, за да го проучи влијанието на амандманот врз средствата со кои се располага и можните извори за финансирање на предложените решенија и за тоа да го извести Советот.
Член 174
Член на Советот може, по исклучок, да поднесе амандман на предлогот на одлуката на седница на Советот, во текот на претресот на тој предлог.
Амандманот се поднесува писмено и мора да биде образложен.Член 175
Предлагачот на одлуката може да поднесува амандмани се до заклучувањето на претресот по предлогот на одлука.
Градоначалникот може да поднесува амандмани и на предлози на одлуки што не ги поднел тој и тоа се до заклучување на претресот по предлогот на одлуката.
Амандманот на предлагачот на одлуката и амандманот со кој тој се согласил, се сметаат за составен дел на предлогот на одлуката.Член 176
Кога амандманот се поднесува во текот на претресот на предлог на одлука, претседателот на Советот ќе ја прекине седницата и ќе даде пауза за да можат подносителите да го изготват амандманот.
Член 177
Ако усвојувањето на амандманот би повлекувало побитни измени на текстот на предлогот на одлуката, за амандманот не може да се одлучи на седницата на Советот, додека надлежната комисија и Статутарно-правната Комисија ќе му поднесат извештај за тој амандман.
Член 178
За амандманот се води посебен претрес на седница на Советот.
За амандманот има право да се изјасни предлагачот на одлука и известителот на комисијата која ја претресувала одлуката.
Градоначалникот има право да се изјаснува за амандманите и кога тој не го поднел предлогот на одлуката.Член 179
По амандман на предлогот на одлуката, поднесен во текот на претресот на предлогот на одлуката, Советот може да одлучи претресот да се одложи и да продолжи на една од наредните седници или претресот да се прекине, додека надлежната комисија и Статутарно-правната Комисија не го проучи амандманот.
Советот ќе го одложи претресот на предлогот на одлуката ако предлагачот на одлуката, Градоначалникот или надлежната комисија и Статутарно-правната Комисија, побараат одлучувањето по амандманот да се одложи за да можат амандманот да го проучат и по него да се изјаснат.Член 180
За амандманите се одлучува пред да се расправа по предлогот на одлука на која се однесува амандманот.
Член 181
Ако на ист член од предлогот на одлука се поднесени два или повеќе различни амандмани, за амандманите се гласа според редот по кој се поднесени.
Член 182
Доколку со некој од амандманите се предлага бришење на одделен член од предлогот на одлука, прво се гласа за тој амандман и ако тој амандман биде усвоен, нема да се гласа за другите амандмани на тој член.
5. Итна постапка за донесување на одлука
Член 183
Одлука може да се донесе и по итна постапка на редовна или вонредна седница на Советот.
Предлогот на одлуката што се предлага да се донесе на итна седница може да се достави на самата седница.
По итна постапка може да се донесе само одлука со која се уредуваат такви прашања за чие уредување постои вистинска и неодложна потреба и ако одложувањето на уредувањето на тие прашања би имало поголеми штетни последици за граѓаните на Општината Гази Баба, функционирањето на Општината, јавните служби и установи основани од Општината или ќе се загрози користењето на услугите или остварувањето на правата и интересите на физичките и правните лица.Член 184
Советот отвора расправа за оправданоста на предлогот да се донесе одлука по итна постапка.
Ако Советот го усвои предлогот одлуката да се донесе по итна постапка, се пристапува кон претрес по предлогот на одлуката.Член 185
Советот може пред или во текот на претресот, да побара од Статутарно-правната Комисија, итно да поднесе свое мислење и предлози по предлогот на одлуката.
Член 186
На предлогот на одлуката што се донесува по итна постапка секој член на Советот може да поднесува амандмани до заклучувањето на претресот.
Ако со усвојувањето на амандманот би биле предизвикани побитни измени во текстот на предлогот на одлуката, односно ако со амандманот се ангажираат финансиски средства, задолжително ќе се побара мислење од надлежната комисија за финансиски прашања и од Статутарно-правната Комисија.
Статутарно-правната Комисија и Комисијата за финансии и буџет се должни веднаш да го разгледаат амандманот и на Советот да му поднесат извештај.6. Јавна и стручна расправа по нацрти на прописи
Член 187
Советот самостојно, на предлог на градоначалникот или кога е тоа предвидено со закон, ќе донесе заклучок за организирање јавна или стручна расправа по нацрт на одлуки и други општи акти за кои ќе се оцени дека се од особено значење за граѓаните на Општината.
Член 188
Кога ќе заклучи нацрт на одлука или друг акт да се стави на јавна и стручна расправа Советот ќе определи:
- нацртот на одлуката и другиот општ акт да се објават за да им бидат достапни на граѓаните и на други заинтересирани субјекти;
- да се обезбеди собирање и разгледување на мислењата и предлозите што биле изнесени во текот на расправата и
- да се изготви и достави до Советот извештај за резултатите од расправата.
За извршување на задачите од став 1 на овој член Советот може да формира посебно работно тело.
Ако нацртот на одлуката и друг општ акт што се ставаат на расправа ги поднел Градоначалникот, Советот може да заклучи задачите од став 1 на овој член да ги изврши Градоначалникот или работното тело што тој ќе го формира.Член 189
Нацртот на одлуката и друг општ акт што се ставаат на расправа се објавуваат во дневните весници или како посебен сепарат.
Кон нацртот на одлуката и друг општ акт се објавува и повик до граѓаните и другите заинтересирани субјекти да достават свои мислења и предлози.
Во повикот се означува кому му се упатуваат мислењата и предлозите, како и рокот до кога тие можат да се упатуваат.
Рокот за расправа не може да биде покус од 15 дена.Член 190
Извештајот за резултатите од расправата ги опфаќа мислењата и предлозите што биле изнесени во расправата.
Извештајот му се доставува на предлагачот на одлуката.
Откако ќе го прими извештајот за резултатите од расправата, предлагачот на одлуката ќе изготви предлог на одлука, при што ќе ги има предвид искажувањата изнесени на седницата на Советот по нацртот на одлуката и мислењата и предлозите што биле изнесени на расправата.
Кон предлогот на одлуката, до Советот се доставува и извештај за резултатите од расправата заедно со ставовите на предлагачот на одлуката по мислењата и предлозите искажани во расправата.Член 191
Во организирањето и спроведувањето на јавната расправа се остварува соработка со месните заедници, односно други облици на месна самоуправа, а во организирањето и спроведувањето на стручната расправа со стручни организации и заедници, односно здруженија на граѓани.
XI. ПРЕТРЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ, АНАЛИЗИ И ДРУГИ МАТЕРИЈАЛИ
Член 192
Претресот по анализите, извештаите и другите материјали во Советот, може да заврши со прост премин на наредната точка од утврдениот дневен ред на Советот, односно комисијата или со донесување заклучок.
XII. ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА СТАТУТИ, ИЗВЕШТАИ И ГОДИШНИ СМЕТКИ
Член 193
Советот со решение одлучува за давање согласност или за отфрлање на барањето за давање согласност на статутот на јавната служба, установа и претпријатие основани од Општината, како и на други субјекти за кои со закон е определено Советот да дава согласност.
Доколку Советот не даде согласност ќе го задложи градоначалникот и субјектот кој бара согласност на статутот да извршат усогласување на статутот по прашањата кои биле причина да не се даде бараната согласност.Член 194
Статутите задолжително му се доставуваат на Градоначалникот заради давање мислење по нив, во рок од 30 дена од денот на приемот.
Член 195
На седницата на Советот на која се расправа за давање согласност на статутот на јавна служба, установа и претпријатие основано од Општината, како и на други субјекти за кои со закон е определено Советот да дава согласност се поканува и претставник на подносителот на статутот.
Член 196
Сатутот на кој е дадена согласност се применува од денот на донесувањето од надлежниот орган на јавната служба, установа и претпријатие основани од Општината, како и на други субјекти за кои со закон е определено Советот да дава согласност.
XIII. ОДНОСИ НА СОВЕТОТ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Член 197
Градоначалникот има право и должност да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.
Член 198
Градоначалникот може да определи свои претставници за седниците на Советот и комисиите.
Претставникот на Градоначалникот присуствува на седниците на Советот и комисиите и дава известувања и образложенија за предлогот на актот и за другите прашања кои се на дневен ред на седницата.Член 199
Претседателот на Советот и претседателите на комисиите задолжително го известуваат Градоначалникот за закажаните седници.
XIV. ОДНОСИ НА СОВЕТОТ СО ЈАВНИТЕ СЛУЖБИ, УСТАНОВИ И ПРЕТПРИЈАТИЈА
Член 200
Советот може да побара од Градоначалникот или од органите на управување на јавните служби што ги основала Општината, извештај за состојбите во определена област, за спроведување на политиката и за извршување на прописите и другите општи акти, што ги донел Советот во рамките на својата надлежност, како и за други задачи за кои се овластени од страна на Советот.
Советот може, со заклучок, да определи рок во кој јавните служби, установи и претпријатија основани од Општината, се должни да поднесат извештај.
Јавните служби, установи и претпријатија основани од Општината, можат и по сопствена иницијатива да го известуваат Советот за состојбата во соодветната област, за спроведување на политиката и за извршување на прописите и другите општи акти што ги донел Советот, како и за други прашања од својот делокруг.Член 201
Советот и неговите комисии можат, во рамките на својот делокруг, да бараат јавните служби, установи и претпријатија:
-да проучат определено прашање од својот делокруг и за тоа да им поднесат извештај;
-да ги известат за состојбите и појавите од областа на својот делокруг;
-да ги известат за спроведувањето на политиката што ја утврдил Советот и за извршувањето на одлуките, другите прописи и општи акти и за одделни прашања од областа на својот делокруг;
-да изготват предлог на одлука, на друг пропис или општ акт од областа на својот делокруг и
-да им ги достават податоците со кои располагаат или што се должни во својот делокруг да ги собираат и евидентираат, како и списите и другите материјали потребни за работа на Советот и неговите работни тела.
Ако субјектот од став 1 на овој член смета дека не може да постапи по барањето на Советот и неговата комисија, ќе ги извести за тоа Советот, комисијата и Градоначалникот и ќе ги изнесе причините поради кои не може да го стори тоа.Член 202
Советот и комисиите ги известуваат јавните служби, установи и претпријатија за седниците на кои ќе бидат претресувани прашања кои се однесуваат од областа на нивниот делокруг, заради учество на нивни претставници на тие седници.
Член 203
Раководните лица имаат право и должност да учествуваат во работата на седниците на Советот, кога на тие седници се претресува предлог на акт со кој се уредуваат прашања што се однесуваат на јавните служби, установи и претпријатија, со кои тие раководат или друго прашање кое се однесува на областа од нивниот делокруг.
На седниците на Советот, раководните лица даваат известувања и објаснувања за прашањата што се разгледуваат, а се должни, по барање, да даваат такви известувања и објаснувања и по писмен пат.Член 204
Раководните лица се должни по барање од комисиите на Советот, да учествуваат во работата на нивните седници, кога се разгледува предлог на акт со кој се уредуваат прашања што се однесуваат на делокругот на јавните служби, установи и претпријатија, со кои тие раководат.
Член 205
Ако раководното лице е спречено да учествува во работата на седницата на Советот или на работното тело може да определи во работата на седницата да учествува негов претставник.
XV. ОДНОСИ НА СОВЕТОТ СО СОВЕТИТЕ НА ДРУГИ ОПШТИНИ
Член 206
Меѓусебните односи на Советот со советите на други општини се остварува во рамките утврдени со закон, Статутот на Општината и овој деловник.
Советот соработува со советите на други општини и со нив развива меѓусебни односи во остварувањето на задачите од заеднички интерес, а особено во поглед на создавањето на што поповолни услови за остварување на правата на граѓаните.Член 207
Советот може да соработува со советите на општините во постапката за подготвување на прописи и други акти од заеднички интерес, заради усогласување на ставовите и изнаоѓање на заеднички организациони и други решенија за вршење на надлежностите на општините.
Член 208
Соработката на Советот на Општината со советите на други општини се заснова врз начелата на рамноправност и координација во сите фази на подготвување и спроведување на прописите и другите општи акти од заеднички интерес.
Член 209
Соработката на Советот со советите на други општини, може да се врши размена на информативни, документациони и други материјали, со формирање на заеднички работни групи за проучување на одредени прашања од интерес за општините, како и други видови на меѓусебна соработка.
XVI. ВРШЕЊЕ СТРУЧНИ РАБОТИ ЗА СОВЕТОТ
Член 210
Стручните и другите работи за потребите на Советот и неговите комисии и за членовите на Советот ги врши општинската администрација.
Општинската администрација:- учествува во подготвувањето на програмата за работа на Советот,
- учествува во подготвувањето на седниците на Советот и на работните тела,
- учествува во подготвувањето на одлуки и други општи акти и други материјали,
- им дава стручна помош на членовите на Советот,
- врши информативно-документациони работи за потребите на Советот,
- обезбедува неопходни услови за работа на членовите на Советот и
- врши административно-технички и други работи за потребите на Советот и комисиите.
XVII. ИЗМЕНА НА ДЕЛОВНИКОТ
Член 211
Иницијатива за измена на Деловникот може да поднесат членовите на Советот, комисиите, Градоначалникот и други субјекти.
По иницијативата за измена на Деловникот одлучува Советот.Член 212
По прифаќањето на иницијативата за измена на Деловникот, Советот формира Комисија за деловник која изготвува нацрт на одлука за измена на Деловникот.
Нацртот на одлуката за измена на Деловникот ја утврдува Советот и со заклучок ја задолжува Комисијата за деловник да изготви предлог на одлука за измена на Деловникот, при што да ги има предвид мислењата и забелешките изнесени во расправата пред Советот и неговите работни тела.XVIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 213
Со влегување во сила на овој Деловник престанува да важи Деловникот на Советот на Општината Гази Баба ("Службен гласник на Град Скопје" бр.4/98) и Одлуката за формирање на работни тела на Советот на Општината Гази Баба ("Службен гласник на Град Скопје" бр.12/97).
Член 214
Овој Деловник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на Општината Гази Баба".
Број 07-2502/2
од 13.06.2006 година
СКОПЈЕПРЕТСЕДАТЕЛ
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Кире Бузлиев, с.р.
Во согласност со Статутот на општина Гази Баба, Советот на ОГБ ги има следните надлежности:
► Го донесува статутот на општината и други прописи;
► Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
► Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
► Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
► Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
► Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
► Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
► Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
► Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
► Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
► Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
► Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
► Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на оpштината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
► Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
► Врши и други работи утврдени со закон.