Kонтакт
Општина Гази Баба
1000 Скопје
T: +389 (0)2 322 66 55
E: gradonacalnik@gazibaba.gov.mk
kabinet@gazibaba.gov.mk
Прием
секој прв вторник во месецот,
од 09:00 до 15:00 часот.
Почитувани корисници на интернет,
Срдечно ве поздравувам и Ве поканувам на разгледување на овие страници кои Ви нудат изобилство на информации за општина Гази Баба, за услугите со кои ги сервисираме вашите потреби од сите сфери на надлежност на општината, како и за сите други видови и форми на активности, настани, вести и информации од значење за нашата општина. Современата комуникациска интернет технологија ни овозможува двонасочен, брз проток на информации па ве упатувам на користење на бесплатниот телефонски број, линкот „пријави проблем“ и прашај го градоначалникот за сите ваши прашања, проблеми, предлози, сугестии и коментари.
Со отвореноста и сензибилитетот кон ставовите на жителите на ОГБ може многу да се придонесе кон пофункционална локална самоуправа. Интернетот со сите свои предности е одлична можност да се приклучиме кон современите трендови на децентрализација на управата, односно демократизација на заедницата во која живееме.
Затоа ќе се залагам веб страната на општина Гази Баба со својот изглед и содржина во потполност да кореспондира со актуелните настани во општината, како и што повеќе жители на општината да имаат пристап до таквата современа мрежа за размена на информации.
|
|||
|
|
|||

Градоначалник

