Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Општина Гази Баба и пошироко главниот град Скопје може да се пофалат со релативно оптимална присутност и квалитет на инфраструктурните оператори во сферите на телекомуникации, водоснабдување и одвод, енергија (топл инска и електрична), комуналната хигиена, депонирањето на отпад, јавниот градски превоз.

Во сегментот на телекомуникациски оператори постои исклучително голема понуда во речиси сите сфери на телекомуникациски услуги – телефонијата (мобилна и фиксна), интернетот (кабелски широкопојасен, АДСЛ, ДСЛ, wireless, VOIP, широкопојасен пристап до фиксни мрежи, итн.) 

Во овој момент сите оператори  на телекомуникациски услуги што се присутни на пазарот во Република Македонија, се присутни и во ОГБ и градот Скопје.

Како позначајни би ги издвоиле:

Телеком Македонија

VIP ONE

BLIZOO

Во сегментот на енергетски оператори би ги издвоиле Балкан Енерџи Груп – Скопје, Енергетика – Елем и ЕВН.

Првите два оператори се на пазарот на топинска енергија и ја покриваат речисио целата територија на градот Скопје. Во таа насока како општина веќе се заложивме сите  урбани населени места во ОГБ да се приклучат на мрежата за топлинска енергија.

Националниот оператор за диструбуција на електричната енергија ЕВН ја покрива целата територија на градот Скопје и општина Гази Баба. Во изминатиот период во таа насока беа направени и одредени капитални инвестиции од операторот ЕВН во насока на највисоки стандарди на квалитет на дистрибуираната енергија до сите домаќинства и деловни субјекти во ОГБ.

Во сегментот на водоснабдување и одвод, комунална хигиена, депонирање на отпад и јавниот градски превоз, одржување на зелени површини, како оператори се јавуваат градските ЈП (Водовод и Канализација – Скопје, Комунална Хигиена, Дрисла, Улици и Патишта, ЈСП, Паркови и зеленило.

Во наредниот период се предвидуваат и одредени инвестиции во сегментот на оперирање во горенаведените сфери, со што во голема мера ќе се подобри нивната функционалност и финансиска и економска одржливост, а со крајна цел поквалитетни услуги за сите – граѓаните, деловните субјекти, јавните субјекти, итн.

Политика на квалитет

 

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree