Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек


 

Согласно Програмата за Локален Економски Развој за 2016 година, („Службен гласник на Општина Гази Баба" бр. 14/2015), Општина Гази Баба објавува

ЈАВЕН ПОВИК

Заангажирање на 10 лица за спроведување на анкетно испитување на деловното опкружување на општина Гази Баба согласно стандардот на BFC – SEE за бизнис пријателска општина

1. Предмет на јавниот повик е ангажирање на 10 лица за имплементирање на:

  • - Анкетно испитување на деловното опкружување на ОГБ
  • - Согласно стандардот на BFC – SEE за бизнис пријателска општина кој општината го стекна во месец Мај 2016 година, е обврзана секоја година да спроведува анкетно испитување на деловното опкружување
  • - Согласно стандардот потребно е да се интервјуираат 3% од вкупниот број на деловни субјекти во општината, или вкупно 100 деловни субјекти

2. Право на учество на јавниот повик имаат:

  • - Невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија
  • - Лица со место на живеење во општина Гази Баба
  • - Добро да ја познава територијата на општината
  • - Да имаат завршено минимум средно образование или по можност високо образование

3. Потребна документација за пријавување

  • - Образец „Барање – АИДО 2016“
  • - Диплома за завршено средно или високо образование
  • - Фотокопија од лична карта
  • - Потврда за невработеност од Агенцијата за вработување на Република Македонија

Горенаведената документација целосно пополнета седоставува во оригинал или копија заверена на нотар

Образецот „Барање – АИДО 2016“ за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ги подигнат од архивата или веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.

Барањата за ангажирање како анкетар во проектот – Анкетно испитување на деловното опкружување на ОГБ ги разгледува Комисија формирана со решение од страна на Градоначалникот на Општина Гази Баба, г. Тони Трајковски, а составена од експерти од општината и Бизнис клубот на ОГБ.

4. Рок и начин на доставување на пријавите

  • - Рокот за поднесување на пријавите е од 07Октомври 2016 година. Огласот и образецот„Барање – АИДО 2016“ќе биде објавен и на веб страницата на Општина Гази Баба.
  • - Пријавата со бараната документација да се достави или преку пошта или лично во Архивата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот), на ул. „Архимедова“, бр.21000 Скопје, најдоцна до 31Октомври, 2016 година.

Подетални информации, заинтересираните компании можат да добијат на телефонскиот број 02/ 3226655 Сектор за ЛЕР и ИКР, или на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

5. Напомена

Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.


Образец Барање АИДО 2016

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree