Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек


Согласно заклучоците на Бизнис Клубот на ОГБ од состанокот бр. 5 на 14.10.2016 година,
(Состанок 5 на Бизнис клуб на ОГБ), објавуваме

АПЕЛ

до деловните субјекти за помош на настраданите семејства од поплавите во Општина Гази Баба

Почитувани членови на деловната заедница во општина Гази Баба и пошироко,

 

Сакаме да ви изразиме искрена благодарност за сета материјална, финансиска и човечка помош која ја дадовте во изминатиот период, а се однесуваше на санирање на последиците од поплавите кои се случија на територијата на општина Гази Баба во повеќе рурални населени места, кои гравитираат во подножјето на планината Скопска Црна Гора.

 

Успеавме последиците да ги санираме, инфраструктурата да се реконструира и рехабилитира за продолжување на нормалниот живот во овие населени места.

 

На последниот состанок на Бизнис Клубот на ОГБ (повеќе види на - Состанок 5 на Бизнис клуб на ОГБ) заклучивме дека е неопходна и понатамошна подршка за настраданите домаќинства од поплавените подрачја.

 

Во таа насока апелираме до сите деловни субјекти во ОГБ и пошироко во рамките на своите можности да помогнат на настраданите домаќинства.

 

Тоа може да го сторат на еден од следните начини:

  • - Финансиски (во рамки на вашите можности),
  • - Материјално, преку Бизнис клубот на ОГБ,
  • - Директно, според свое видување

 

Се надеваме дека позитивно ќе одговорите на овој наш апел за што искрено ви благодариме.

 

 

Со почит,  

Општина Гази Баба
Градоначалник,
Тони Трајковски, с.р.

Бизнис клуб на ОГБ,
Претседател,
Богослав Ангелоски, с.р.

 


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree