Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

 

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Гази Баба, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект„Со подобри услуги поблиску до граѓаните “ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица- корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • - Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
  • - Млади лица до 29 години
  • - Лица корисници на социјална помош или паричен надоместок по основ на невработеност
  • - Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
  • - Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • - Жртви на семејно насилство
  • - Жени припадници на помалите етнички заедници
  • - Лица припадници на ромската етничка заедница
  • - Самохрани родители
  • - Родители на деца со пречки во развојот
  • - Родители на три и повеќе деца
  • - Лица со незавршено средно или пониско образование

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • - 4 (четири) образовни асистенти со завршен ВСС- VII/1- дипломиран дефектолог, психолог, педагог, наставник по одделенска настава, професор по предметна настава
  • - 3 (три) извршители за грижа на стари лица со завршено ССС- ниво (завршено средно тригодишно или четиригодишно образование/ дипломиран социјален работник со ВСС/ дипломиран психолог со ВСС/ дипломиран социолог со ВСС

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Гази Баба и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во: општина Гази Баба кај лицето Валентина Ангеловска- Ќиевска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје кај лицето Флора Лачи, и во Центар за социјлна работа Гази Баба кај лицето Снежана Касутевска.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree