Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Гази Баба, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 21.08.2020 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  „Социјална инклузија и подобрување на квалитетот на живот на маргинализирани групи”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

  • 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
  • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

 

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

  • 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
  • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

 

статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)          

-  млади лица до 29 години

-  лица корисници на гарантирана минимална помош

- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

- жртви на семејно насилство

- самохрани родители

- родители на деца со пречки во развојот

- родители на 3 и повеќе деца

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

7 Образовни асистенти –

Дипломиран дефектолог со ВСС/

Дипломиран психолог со ВСС/

Дипломиран педагог со ВСС/

Наставник по одделенска настава  со ВСС/

Дипломиран професор по предметна настава со ВСС

Комуникативна личност

Толерантна и флексибилна личност

Желба за работа со деца со попреченост

 

4 Лица за грижа на стари

ССС-ниво (завршено средно тригодишно или четиригодишно образование) или

ВСС –ниво (завршено било кое високо образование)

Способност за работа во тим

Комуникативна личност

Подготвеност за работа во мултикултурна средина

Желба за работа со стари лица

 

 

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 21.08.2020 година до 27.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Гази Баба и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Гази Баба кај лицето Валентина Ангеловска- Ќиевска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје кај лицето Никола Ѓуровски,  Центар за социјална работа Гази Баба кај лицето Кристина Симјановска.

 

Заинтересираните може да се пријават на меилот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. каде ќе остават свои податоци за контакт и каде ќе наведат за која позиција искажуваат интерес.

 

21.08.2020

Nike Air Jordan 1 Retro

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree