Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Општина Гази Баба-Скопје објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

 за надоместување на дел од трошоците на

 граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување

 печки на пелети за 2020 година

 

1. Опис на Јавниот повик

 

1.1. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите на Општина Гази Баба (домаќинствата) за примена на почисто гориво и квалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат печки на пелети од 01.05.2020 година до 01.11.2020 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

1.2. Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето 18.09.2020 заклучно со 01.11.2020 година или до исцрпување на преостанатите финансиски средства (1.500.000,00 денари) од Буџетот на Општина Гази Баба за оваа намена , во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

1.3. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства за оваа намена, Општина Гази Баба ќе ја информира јавноста на својата веб страна (www.gazibaba.gov.mk), дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен’’.

2. Право на учество на Јавниот повик: Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба (домаќинствата), кои ќе купат печка на пелети за затоплување на свиоте домови (станбен објект) од денот на објавување на Јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместок на дел од трошоците за набавка на печки на пелети.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинства) кои имаат станбен објект со приклучок на централно градско греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинства) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

3. Услови што треба да ги исполни барателот: 3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:

 • да е жител на Општина Гази Баба;

 • да нема добиено финансиски средство за набавка на печка на пелети од било кој извор во Република Северна Македонија;

 • до поднесување на барањето да е корисник на печка на дрва, јаглен, нафта;

 • новата печка на пелети да е купена од 01.05.2020 година до денот на завршување на Јавниот повик 01.11.2020 година и таа да биде инсталирана на адресата наведена во личната карта на барателот;

 • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

 • да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети, без оглед на тоа дали се користи;

 • да има платено данок на имот за станбениот објект каде е инсталирана печката на пелети, заклучно со 2019 година;

 • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок;

3.2. За барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект не важат условите во точка 3, потточка 3.1, алинеи 3 и 7. Напомена:

Барателот мора да ги исполнува СИТЕ горенаведени услови за да биде одобрено неговото барање. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.

4. Начин на пријавување на јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави: - барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.gazibaba.gov.mk),

- фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Гази Баба

- изјава заверена на нотар дека барателот и членовите на неговото домаќинство нема искористено право на поврат на средства за купување печка на пелети, на друг Јавен повик од било кој извор во Република Македонија - фотографија од печката која ја користи (дрва, јаглен, нафта ) - доказ дека е извршено купување на нова печка на пелети, и тоа оргинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од денот на објавување на

Јавниот повик до денот на завршување на истиот - фотокопија од трансакциска сметка - фотокопија од број на поднесено барање до архивата на Општина Гази Баба за издавање на Потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката заклучно со 2019 година, за која барателот за субвенции е потребно да поднесе барање до архивата на Општина Гази Баба на едношалтерски систем

4.2. Барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект не треба да достават документација од точка 4, потточка 4.1, точките 4 и 7. 4.3. Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до "Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети“ во архивата на Општината на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 08:30 до 16:00 часот

4.4.На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети за 2020 година“.

4.5. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата 5. Начин на спроведување на јавниот повик

5.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба со решение формира комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази. - во првата фаза Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата доставена во прилог, со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни и - во втората фаза Комисијата ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле наведените услови (ја купиле печката во предвидениот рок и ја инсталирале во живеалиштето според личната карта на барателот, дека нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде е инстaлирана печката на пелети, дека станбениот објект не е во фаза на изградба и во него барателот живее)

5.2. При теренска проверка од страна на најмалку 3 (три) члена на Комисијата, барателот е должен да овозможи пристап до станбениот објект и просторијата во која е инсталирана набавената печка на пелети

5.3. За пристигнатите и обработени барања од точка 5.1 алиинеја 1, ќе се води листа со следните податоци: - име и презиме и адреса, - датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик, - износ на надоместокот за барателот и износ на персоналниот данок на доход

5.4. Исплатата на одобрените средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен’’, а по донесување на решенијата за одобрувања на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба

6. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1. Градоначалнкот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата во рок од 10 дена од денот на завршување на Јавниот повик ќе донесе решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле критериумите од овој јавен повик.

6.2 Комисијата ги известува барателите во рок од 7 дена од денот на поднесување на барањето доколку немаат уредна и комплетна документација и им ја враќа истата во прилог на известувањето. Барателите имаат право повторно да поднесат барање се додека трае јавниот повик.

6.3 Градоначалнкот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето за барателите во рок од 10 дена од денот на завршување на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле критериумите од овој јавен повик.

17.09.2020

 

ИЗЈАВА ЗА НОТАР

ОБРАЗЕЦ-БАРАЊЕ ЗА ПЕЛЕТИ

БАРАЊЕ

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree