Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

 

Општина Гази Баба-Скопје објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за користење на објектите за спорт во општинските основни училишта

во сопственост на Општина Гази Баба за учебната 2020/2021 година

 

ОБЈЕКТИ ЗА СПОРТ

 

  (1) ООУ Григор Прличев, населба Железара

            Се објавува јавен повик за користење на Училишна спортска сала во ООУ Григор Прличев, населба Железара.

  (2) ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда 

           Се објавува јавен повик за користење на Спортска фискултурна сала во ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда.

(3) ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари I

         Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала “Методија Андонов Ченто“ и Помошна фискултурна сала во ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари I.

  (4) ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево

  Се објавува јавен повик за користење на Училишна спортска сала во ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево.

  (5) ООУ Његош, населено место Јурумлери

 Се објавува јавен повик за користење на Фискултурна сала во ООУ Његош, с. Јурумлери.

  (6) ООУ Дане Крапчев, населба Маџари II

 Се објавува јавен повик за користење на Фискултурна сала во ООУ Дане Крапчев, населба Маџари II.

(7) ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II

            (1) Се објавува јавен повик за користење на Голема спортска сала во ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II.

            (2) Се објавува јавен повик за користење на Училишна сала во ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II.

 

  1. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ ЗА СПОРТ

            (1) Намената на објектите за спорт е фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, боречки вештини, пилатес, хип-хоп, стрит денс, модерен балет.

           (2) Објектите за спорт од глава I на овој Јавен повик се даваат на користење секој понеделник, вторник, среда, четврток  и петок од 17.00 часот заклучно со 23.00 часот, а сабота и недела, за време на државни празници и за време на зимскиот распуст од 1 до 20 јануари и летниот распуст од 10 јуни до 31 август од 10.00 часот заклучно со 23.00 часот.

            (3) Објектите за спорт се даваат на користење во видена состојба. Објектите за спорт може да се видат  секој ден.

            (4) Јавниот повик трае десет дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Гази Баба.

            (5) Висината на надоместокот за користење на спортските игралишта за еден час изнесува 610 денари.

          (6) Предност имаат пријавите на барателите со инвестициона програма за оплеменување на објектите за спорт со вредност на инвестицијата и временска рамка за нејзина реализација. Проценката на вредноста на инвестицијата за оплеменување на објектот за спорт ја врши овластен проценител определен од Општина Гази Баба.

            Објектот за спорт во кој корисникот инвестирал за негово оплеменување се дава на користење најмногу до десет години.

          Корисникот кој инвестирал за оплеменување на објектот за спорт, со одобрение на Градоначалникот на Општина Гази Баба може инвестицијата да ја пребива со надоместокот на користење, но не подолго од три години од склучувањето на договорот за користење на објектот за спорт.

          Надоместокот за користење на објектот за спорт го предлага барателот, а Комисијата висината на надоместокот ја утврдува врз основа на мислењето од овластен проценител определен од Општина Гази Баба

             (7) Право на учество на јавниов повик имаат сите правни и физички лице под следните услови:

(7.1) Правните лица кои учествуваат на Јавниот повик кон барањето треба да достават:

(7.1.1) назив, седиште и единствен даночен број;

(7.1.2) тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци, како доказ за регистрирана дејност;

(7.1.3) потврда од надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци, ако е трговско друштво за спорт;

(7.1.4) банка-депонент и банкарска сметка;

(7.1.5) доказ за уплатениот износ од 3.000 денари како гаранција за учество на Јавниот повик;

(7.1.6) телефон за контакт и е-маил адреса; и

(7.1.7) за кој објект за спорт, намена, период и термин се поднесува барањето.

(7.2) Физичките лица кои учествуваат на Јавниот повик кон барањето треба да достават:

(7.2.1) име и презиме, адреса и матичен број;

(7.2.2) копија од лична карта или патна исправа, како доказ за идентификација;

(7.2.3) банка-депонент и банкарска сметка;

(7.2.4) доказ за уплатениот износ од 1.500 денари, како гаранција за учество на Јавниот повик;

(7.2.5) телефон за контакт и е-маил адреса; и

(7.2.6) за кој објект за спорт, намена, период и термин се поднесува барањето.

(7.3) Уплатите од (7.1.5) и (7.2.4) се вршат на: Општина Гази Баба - Скопје, со адреса на улица “Архимедова“ број 2, Гази Баба - Скопје, трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 777014107663019, цел на дознаката - надомест, приходна шифра 725939, програма 00.

(8) Барањата со потребната документација за учество на Јавниот повик се доставува во архивата на Општина Гази Баба секој работен ден од 08-16 чсот со назнака: “За јавниот повик за користење на објект за спорт“ и се наведува името на општинското основно училиште.

            Барањето и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака “не отварај” и “за Јавен Повик за користење на објект за спорт” и бројот на Јавниот повик.

            Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува барателот.

          Барањето се доставува во еден оригинален примерок, што треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице на правното лице, односно од физичкото лице.

            При поднесување на барањето задолжително се евидентира поднесувањето на барањето со ден, час и минута.

(9) По поднесените барања од страна на барателите, Комисијата донесува Одлука за користење на објектите за спорт во согласност со Јавниот повик.

            Доколку два или повеќе баратели бараат користење на ист термин, терминот ќе се даде на барателот кој прв поднел барање. Приоритет има барателот кој организира подготвителни тренинзи и натпревари од највисок степен во сениорска конкуренција, па редоследно во пониските степени на натпревари и пониските возрасни категории.

(10) Комисијата, пристигнатите барања ги разгледува во рок од пет дена по завршувањето на Јавниот повик.

            Барателот чие барање е избрано ќе биде известен во рок од пет дена по завршување на постапката за избор на корисници.

            Комисијата ги известува барателите за Одлуката за користење на објектите за спорт.

            Избраните корисници се одговорни за почитување на протоколите од Владата на Република Македонија во согласност со Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.

(11) Против одлуката на Комисијата, незадоволниот барател може да поднесе писмен приговор во рок од пет дена по приемот на известувањето.

            Приговорот се поднесува до Комисијата, а по истиот одлучува Градоначалникот на Општина Гази Баба, во рок од пет дена од приемот на писмениот приговор.

            Одлуката на Градоначалникот на Општина Гази Баба е конечна.

(12) По конечноста на Одлуката за користење на објектите за спорт Општина Гази Баба и избраните корисници склучуваат Договор за користење.

            Со Договорот за користење се уредуваат односите помеѓу Општина Гази Баба и Корисникот, како и други прашања што се карактеристични за објектот за спорт, за намената и начинот на користењето на истиот.

            Договорот за користење во име на Општина Гази Баба го склучува Градоначалникот на Општина Гази Баба.

(13) Доколку во рок од пет дена по добиеното известување за избран корисник, барателот кој е избран не се јави да склучи Договор за користење, ќе се смета дека се откажал од користењето на објектот за спорт и депонираните средства како гаранција за учество на Јавниот повик нема да бидат вратени.

            Во случајот од ставот (1) на оваа точка и кога избраниот барател писмено се откажува од користењето на објектот за спорт, објектот за спорт ќе биде доделен на следниот кој прв поднел барање на Јавниот повик за истиот објект за спорт и термин.

            На барателите на Јавниот повик кои нема да бидат избрани, депонираните средства како гаранција за учество на Јавниот повик ќе им бидат вратени без камата во рок од пет дена по завршувањето на постапката.

(14) Договорот за користење е со важност најмногу за една година, освен ако Комисијата донесе одлука за избор на корисник во согласност со точката 5 од овој јавен повик.

            Корисникот дава изрична изјава дека се согласува, Договорот за користење на објектот за спорт да претставува извршна исправа и врз основа на истиот да може да се спроведе присилно извршување врз неговиот имот и присилно иселување доколку Договорот биде раскинат заради неисполнување на обврските што произлегуваат од Договорот.

(15) Трошоците за нотарска заверка на Договорот ги сноси Корисникот.

 

 Јавен повик

11.09.2020

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree