Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек


 

Согласно Програмата за Локален Економски Развој за 2016 година, („Службен гласник на Општина Гази Баба" бр. 14/2015), Општина Гази Баба објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За натпревар во бизнис иновативни идеи – студија на случај

1. Предмет на јавниот повик се бизнис иновативни идеи

  • a. Организација на проект, манифестација, настан кој би се одржал на територијата на општината во текот на 2017 година:
    • - Видот и името на настанот не се дефинирани, тоа може да биде, конференција, работилница, фестивал, забава, тркалезна маса или било каков друг вид на собир на учесници кој опфаќа различни теми поврзани со бизнис, туризам, култура, образование, музика, забава, спорт, рекреација, гастрономија, урбано и рурално живеење и слично
    • - Важни точки на кои треба да се обрне внимание при изработката на проектот се следните: вид на проект, манифестација или настан, број на учесници, датум и времетраење на настанот, локација и место на одржување, програма на настанот, сместување, локален транспорт, маркетинг и буџет, човечки ресурси, поддршка на локални институции, поддршка од Вашата институција или компанија и спонзорства
    • - Натпреварот вклучува изработка на проект, постер и презентација

2. Право на учество на јавниот повик имаат:

  • - Студенти
  • - Старт ап фирми
  • - Физички лица

3. Потребна документација за пријавување

  • - Образец „Барање – НБИИ 2016“ – студент или физичко лице
  • - Образец „Барање – НБИИ 2016“ – старт ап
  • - Тековна состојба од Централен регистар не постара од 3 (три) месеци (се однесува на старт ап фирми)
  • - Уверение од УЈП за платени даноци и придонеси не постари од 3 (три) месеца (се однесува на старт ап фирми)
  • - Потврда од Општината Гази Баба за целосно подмирен Данок на имот заклучно со 2016 година (за физички лица и старт ап фирми)
  • - Индекс и потврда за запишан семестар (се однесува за студенти)
  • - Доказ дека сметката на старт ап компанијата е активна (се однесеува на старт ап фирми)

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија заверена на нотар. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува и со свој потпис или печат доколку станува збор за старт ап фирма.

Обрасците „Барање – НБИИ 2016“ за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ги подигнат од архивата или веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.

4. Инструкции и услови за учество

  • - Инструкции за пишување проект
    • - Секој предлог проект мора да биде напишан во вид на семинарска работа
    • - А4 формат, максимум 10 страници
    • - Фонт Times new roman, 12 pt.
    • - Маргини 2, проред 1
    • - Сите слики, табели, графикони и слично се означуваат како додаток по крајот на текстот
  • - Инструкции за изработка на постер
    • - Треба да биде изработен со димензии 70х100 см, да ги содржи името на настанот, институцијата, имињата на членовите на тимот, а останатите податоци се опциони и зависат од изборот на дизајн
  • - Инструкции за презентациите
    • - Презентациите ќе се одвиваат по однапред утврдена агенда
    • - Презентацијата може да биде ППТ или Прези
    • - Презентациите се временски ограничени до 7 минути
    • - Презентациите се доставуваат на почетокот на натпреварот

5. Оценка на предлог проектите

1. Идеја и реализација на настанот...............................................40%

  • - Оригиналност, квалитет, посебност – објаснете зашто учесниците би го посетиле вашиот настан. Земете ги предвид атрактивноста и занимливоста, т.е модерноста, вклопете го настанот во 21 век. Кои се вашите учесници, како ќе ги повикате и што ќе им понудите? Најважно од се е да направите настан кој во реалност ќе може да се реализира

2. Финансиска структура.................................................................40%

  • - Финансиската структура мора да содржи буџет на настанот. Советувајте се за помош со вашата институција, локалната заедница, државните организации, со туристички организации, компании и спонзори. Наведете ги сите спонзори и компании со кои сте контактирале и буџетот кој ви го одобриле, немојте да пишувате претпоставки. Добро пресметатјте ги сите ставки во буџетот и користете реални цени.

3. Предлог проект, постер и презентација....................................20%

  • - Направете го предлогот добро технички уреден, треба да ја импресионирате Комисијата и да оставите добар впечаток. По можност смислете слоган и лого за настанот.

Треба да одговорите на прашањето – Зошто општината и институциите би го поддржале вашиот настан? Ве замолуваме да внимавате на сите инструкции кои ви се дадени и временската рамка за презентирање.

6. Комисија и награди

  • - Со решение на Градоначалникот на општина Гази Баба ќе биде формирана петчлена комисија за оценка на предлог проектите составена од членови на општината, бизнис клубот на општина Гази Баба и професори од факултетите.
  • - Првите три наградени проекти ќе добијат финансиска награда
    • ✓ Прва награда – 150.000,00 денари
    • ✓ Втора награда – 100.000,00 денари
    • ✓ Трета награда – 50.000,00 денари
  • - Најдобриот проект ќе добие поддршка од институциите и општината во реализацијата на предлогот и ќе треба да го реализира предвидениот настан.
  • - Наградите ќе бидат доделени на финалната манифестација на 06 Декември по повод празнувањето на 40 –тиот патронат на општината.

7. Рок и начин на доставување на пријавите

  • - Рокот за поднесување на пријавите е до 28 Ноември 2016 година
  • - Огласот и Обрасците „Барање – НБИИ 2016“ за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ги подигнат од архивата или веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk . Пријавата со бараната документација да се достави или преку пошта или лично во Архивата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот), на ул. „Архимедова“, бр.2 1000 Скопје, најдоцна до 28 Ноември, 2016 година.

Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 02/ 3226655 Сектор за ЛЕР и ИКР, или на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

8. Напомена

Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 


Образец „Барање - НБИИ 2016“ - студент или физичко лице

Образец „Барање - НБИИ 2016“ - старт ап

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree