Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек


Согласно Програмата за Локален Економски Развој за 2016 година, („Службен гласник на Општина Гази Баба" бр. 14/2015), Општина Гази Баба објавува

ЈАВЕН ПОВИК

Засаемско партнерство со кофинансирање на трошоците за саемска презентација на три мали компании на Саем за бизнис, недвижнини и инвестиции во Минхен, Германија (ExpoReal – MünchenDeutschland) во 2017

1. Предмет на јавниот повик е Саемско партнерство

  1. Заедничко учество на ОГБ и три мали компании на саемот за недвижнини во Минхен 2017 со кофинансирање на трошоците за заеднички штанд, од областа на:
    • - комерцијалните недвижности: деловни, логистички, хотелски и инфраструктурни недвижности, како и станбени објекти за институционални инвеститори
    • - Важна платформа за финансии и инвестиции, како и за промоција на локации
    • - Работен саем со сите носители на одлуки, експерти за недвижнини и финансии за ефективно вмрежување
    • - Платформа за креирање нови мрежи и комуникација
    • - Конференциска програма со акцент на новите трендови, развојот и иновациите
    • - консултантски услуги и
    • - промотивни активности (организирањена саеми и манифестации)
  2. Саемската презентација ќе биде на заеднички штанд на ОГБ со трите избрани компании Согласно Програмата заСаемско партнерство –заедничко учество со кофинансирање на трошоците за саемска презентација на заеднички штанд на ОГБ и три мали компании од ОГБ 2016 година, („Службен гласник на Општина Гази Баба" бр. 14/2016) предвидени се средства во вкупен износ од 600.000 денари.

2. Право на учество на јавниот повик имааткомпании од следните сектори:

  • - Преработувачка индустрија
  • - ИТ – Програмери-софтвер-графика
  • - Прехрамбена индустрија
  • - Градежништво
  • - Туризам
  • - Винска индустрија (производство на вино)
  • - Метална индустрија
  • - Машинска индустрија
  • - Текстилна индустрија
  • - Проектни и архитектонски студија
  • - Логистичка индустрија
  • - Недвижнини

3. Потребна документација за пријавување

  • - Образец „Барање – СП 2016“
  • - Образец „Проект – СП 2016“
  • - Тековна состојба од Централен регистар не постара од 3(три) месеци
  • - Уверение од УЈП за платени даноци и придонеси не постари од 3(три) месеца
  • - ПотврдаодОпштинатаГазиБабазацелосноподмиренДанокнаимотзаклучносо 2016година
  • - Решение за регистрација на компанијата
  • - Бројотнапријавениработници од Агенција за вработување
  • - Доказдекасеизвозноориентирани
  • - Доказдекасметкатанакомпанијатае активна
  • - Компанијатада е активнанајмалкупоследните 2 години

Горенаведената документација целосно пополнета седоставува во оригинал или копија заверена на нотар. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува и со свој потпис и печат.

Обрасците „Барање – СП 2016“ и „Проект – СП 2016“ за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ги подигнат од архивата или веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.

4. Критериуми за исполнување (со бодување)

  1. Проект за промоција и презентација на развој на нови недвижности, инвестиции и бизниси – 50 бода
  2. Уредно подмирен данок на имот – 25 бода
  3. Референтна листа на проекти – 15 бод
  4. Извозно ориентирани деловни активности – 10 бода

5. Услови

Еден апликант може да аплицира само со еден проект по овој јавен повик. Трошоците за репрезентација (хотелско сместување, ручек, коктели и авионски билети) нема да бидат предмет на кофинансирање. Барањата за саемско партнерство за заедничко учество на саемот во Минхен со закуп на заеднички штанд на проекти ги разгледува Комисија формирана со решение од страна на Градоначалникот на Општина Гази Баба, г. Тони Трајковски, а составена од експерти од општината и Бизнис клубот на ОГБ.

6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е од 06Октомври 2016 година. Огласот и обрасците „Барање – СП 2016“ и „Проект – СП 2016“ ќе биде објавен и на веб страницата на Општина Гази Баба. Пријавата со бараната документација да се достави или преку пошта или лично во Архивата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот), на ул. „Архимедова“, бр.21000 Скопје, најдоцна до 16 Декември, 2016 година.

Подетални информации, заинтересираните компании можат да добијат на телефонскиот број 02/ 3226655 Сектор за ЛЕР и ИКР, или на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

7. Напомена

Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.


Образец Барање СП 2016

Образец Проект СП 2016

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree