Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Пивтијада
Манифестација Големата мајка
Меѓународен фолклорен фестивал
Априлијада

Меѓународен фолклорен фестивал

Во рамките на Културно лето Гази Баба од 2010 година започна меѓународниот фолклорен фестивал.
На овој фестивал учество земаат ансамбли и фолклорни друштва од цел свет, претставувајќи го својот фолклор, традиција и култура.
Носител на проектот и домаќин е ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“.

 

Големата мајка

Секоја прва недела во месец мај на меѓународниот Ден на мајката, почнувајќи од 2011 година се одржува манифестацијата „Големата мајка“.
Во рамките на оваа манифестација ќе се реализираат различни проекти од областа на културата, уметноста и творештвото.

 

Априлијада

Општина Гази Баба традиционално со најмладите го прославува Денот на шегата 1ви Април. Се организира ревија на маски подготвени од децата од градинките и основните училишта од општина Гази Баба и богата културно забавна програма за нашите најмлади жители.

 

Ликовна Манифестација Виниче

На крај на месец мај, во прекрасниот амбиент на црквата Св. Илија во н.м. Виниче, учениците од сите основни училишта од општина Гази Баба, и гости од соседните и збратимени општини, дружејќи се создаваат уметнички дела преку кои ја изразуваат својата креативност.
Манифестацијата исто така е збогатена и со културно уметничка прогарма.

 

Пивтијада

На големиот верски празник Богојавление - Водци, вештите раце на нашите домаќинки, подготвуваат традиционални рецепти на македонската пивтија.
Манифестацијата е од хуманитарен карактер и отворена за учество на сите хумани луѓе. Најдобрите пивтии се наградуваат, воедно и се продаваат, а собраните средствата се користат за хуманитарни цели.

 

Ревија на народни носии, песни и иструменти

Ненадминливата убавина на македонските народни носии, изворниот звук на народните музички инструменти и македонските песни испеани од бисерните грла на вокалните изведувачи, сплотени со прекрасната природа на Скопска Црна Гора, ќе ви доближат дел од бескрајните убавини на Македонија.

 

Тиквијада

Општина Гази Баба во месец ноември за сите жители на нашата општина ja организира манифестацијата позната како Тиквијада.
Дојдете да се дружиме, да се забавуваме и да ги пробаме специјалитетите од прекрасниот производ на македонското поднебје - тиквата.

 

ТРКА ЗА МИР, СОЖИВОТ И ТОЛЕРАНЦИЈА

Трката за мир, соживот и толеранција се одржува во Спортско рекреативниот центар Хиподром, на која учествуваат ученици од основните училишта од Општина Гази Баба и Општина Арачиново.
Се одржуваат трки на учениците и една ВИП трка каде што учествуваат Градоначалниците на општините Гази Баба и Арачиново, преставници од невладини организации, преставници на спонзорите, директори на основните училишта, како и граѓани, присутни на оваа спортска манифестација.
Покрај спортскиот дел се одржува и забавен дел со учество на ученици од основните училишта од двете Општини.

Политика на квалитет

 

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree