ЈАВЕН ПОВИК
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Врз основа на Законот за Здруженија и фондации (службен весник на РМ бр.52/2010),Општина Гази Баба-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Гази Баба за 2017 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Гази Баба за 2016 година, од програмата ЕЛ, потставка 463110-Трансфери до здруженија и фондации, наменети за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.
- Видот на проектите кои ќе бидат поддржани
Средствата од Буџетот на Општина Гази Баба ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.
Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што можат да се имплементираат во Општина Гази Баба во следните приоритетни области: екологија, култура, образование, спорт, млади и информатичка технологија.
- Предвидени средства
За финансирање на понудените програмски активности во согласност со овој повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Гази Баба за 2017 година.
- Доставување извештај
Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии и Секторот за поддршка на градоначалникот и јавни дејности на Општина Гази Баба.
- Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми што треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:
- Да се регистрирани според Законот за Здруженија и фондации
- Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес
- Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
- Пријава за финансиска поддршка
- Предлог проект
- Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата
- Извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација, ако биле корисници.
Напомена: пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Нема да се разгледуваат и пријавите што не содржат Извештај за претходно добиените средства, ако се користеле.
6. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е од 01-31 август 2016 година. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Општина Гази Баба.
Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Гази Баба
Ул. Архимедова бр.2 1000 Скопје
Или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот.
Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во “Службен Гласник на Општина Гази Баба”.
Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Гази Баба (gazibaba.gov.mk).
Saldos - Entrega gratuita