Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Конкурс за доделување на општинската награда Големата Мајка

 

Врз онова на членот 50 став 1 точките 13 и 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ број 05/2002), членот 27 од Статутот на општина Гази Баба („Службен гласник на општина Гази Баба„ број 4/2006), и членот 6 став (1) од Правилникот за начинот,условите и постапката за доделување на награда и признание на Општина Гази Баба („Службен гласник на општина Гази Баба„ број 7/2012), градоначалникот на општина Гази Баба објавува

 

КОНКУРС

За доделување на општинската награда Големата Мајка

 

(1) Се повикуваат граѓаните со живеалиште и правните лица со седиште на подрачјето на општина Гази Баба, како и членовите на Одборот за наградата Големата Мајка, да предложат кандидати за општинската награда Големата Мајка.

(2) Предлогот мора да биде во писмена форма со име на предлагачот, име и презиме, образложение и куса биграфија на предложениот. Во предлогот мора да се наведе за која област се предлага доделувањето на наградата.

(3) Предлогот мора да биде адресиран до Одборот за наградата Големата Мајка-општина Гази Баба, преку архивата на општина Гази Баба.

(4) Наградата се доделува за областите: (4.1) култура, (4.2) уметност, (4.3) наука, (4.4) млади и спорт, (4.5) образование и воспитание, (4.6) хуманост и солидарност, (4.7) заштита и унапредување на животната средина и природата, (4.8) аграр, (4.9) стопанство и (4.10) невладин сектор.

(5) Наградта се доделува на физички и правни лица од земјата и од странство, за значајни остварувања од претходната и тековната година, до објавувањето на конкурсот, како и за подолг период на работа и творештво, што заслужуваат внимание на општина Гази Баба.

(6) Наградата се врачува еднаш годишно, а ја врачува градоначалникот секоја година на 3 ноември – Денот на општина Гази Баба.

(7) Конкурсот трае заклучно со 20 октомври 2016 година, секој работен ден од 8 до 16 часот.

(8) Наградата Големата Мајка се состои од: статуетка на Големата Мајка, плакета и паричен износ. Паричниот износ на општинската награда Големата Мајка го определува Советот на предлог на градоначалникот.

 

Градоначалник на општина Гази Баба
Тони Трајковски

 

 


12.10.2016

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree