Основни училишта
-
ОУ Вера Јоциќ
Училиште: ОУ„Вера Јоциќ“ Урбана заедница: Гази Баба Адреса: ул "Разлошка" бр.5 Телефон: 02/ 2522-452 E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор: Јане Тасев Кратка биографија: Основното училиште "Вера Јоциќ" се наоѓа на самиот влез на нашиот главен град во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Училиштето започна со работа во далечната 1975 година на 22 март. Името го доби по народниот херој Вера Јоциќ, која својот млад живот и своите идеали ги даде за правата на македонскиот народ.
Оваа учебна 2009/2010 година, училиштето го посетуваат 499 ученици од прво до осмо одделение. Од учебна 2006/07 година основното училиште прерасна во деветолетка.
Училиштето располага со 22 училници од кои 12 кабинети, фискултурна сала и канцеларии со површина од 2855 м2 a затоплувањето се изведува со градско парно греење. Дворната површина на училиштето е 8620 м2 на која има терени за кошарка, ракомет, мал фудбал и катче за забава за мали деца.
Воспитно-образовната работа во училиштето ја реализираат 10 наставници во одделенска настава, 1 во дневен престој, 15 наставници во предметна настава, 1 библиотекар и 1 педагог.
Училиштето работи во една смена и дневен престој за учениците од прво до трето одд, и една група која е во меѓусмена.Патронен празник: 20 Мај ОУ Његош
Училиште:
ОУ „Његош“
Урбана заедница:
Колонија Идризово
Адреса:
ул. 2-а бр. 18
Телефон:
02/25-45-970
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор:
Никола Настевски
Кратка биографија:
ОУ "Његош" е изградено во далечната 1952 година. Училишната зграда е лоцирана во Колонија Идризово Скопје, и претставува градежен објект од цврста градба која одговара на својата намена. Функцијата на соодветен објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште Његош, Скопје ја опфаќа територијата на месната заедница Колонија Идризово, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Дрма и Дунек.
Училиштето располага со 3000 м? училишен простор и 1996,50 м2 училишен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски и албански наставен јазик со вкупно 661 ученик распоредени во 27 паралелки за која се ангажирани 48 вработени. Наставата се изведува во две смени.Патронен празник:
15 јуни
ОУ Стив Наумов
Училиште:
ОУ„Стив Наумов“
Урбана заедница:
Гази Баба
Адреса:
ул „Лазар Поп Трајков“ бр.28
Телефон:
02/3174006
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор:
Елена Панева
Кратка биографија:
Развојниот пат на училиштето „Стив Наумов” може да се каже дека минува низ четири етапи и тоа : првата од 1948 - 1955 година, втората 1955 - 1963 година,третата од 1963 - 1991 година, четвртата 1991 година па до денес.
Училиштето е лоцирано на ул „Лазар Поп Трајков” бр.28 и претставува современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште „Стив Наумов”, Скопје, ја опфаќа територијата на урбаната заедница Автокоманда, Керамидница, Триангла и почетокот на Маџари.
Училиштето располага со 5000 м2 училишен простор и 10 000 м2 училишен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 864 ученика распоредени во 34 паралелки за која се ангажирани 68 вработени во една и половина смена. Училиштето организира и продолжен престој и целодневна настава за своите ученици.
Патронен празник:
26 октомври
ОУ Крум Тошев
Училиште:
ОУ „Крум Тошев"
Урбана заедница:
Трубарево
Адреса:
ул "2" бр.19
Телефон:
02/2557-443
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ВД директор:
Сузана Трајковска
Кратка биографија:
ОУ „Крум Тошев” е изградено во далечната 1959 година и работи како подрачно училиште на ОУ„Вера Јоциќ”, а од 1986/87 год. работи како самостојно основно училиште. Во периодот од 1959 год. до денес е на неколку пати проширувано и доградувано. Училишната зграда е лоцирана на ул „Вера Јоциќ” бб. во централниот дел на н.м. Трубарево и претставува современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара на својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште „Крум Тошев”, ја опфаќа територијата на н.м. Трубарево, н.м. Ергеле и дел од н.м. Скопско поле.
Училиштето располага со 1022м? училишен простор и 3000м? училишен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 351 ученик распоредени во 18 паралелки за кој се ангажирани 33 вработени. Наставата се изведува во две смени.
Патронен празник:
29 Февруари
ОУ Кирил и Методиј
Училиште:
ОУ „Кирил и Методиј"
Урбана заедница:
Гази Баба
Адреса:
ул.6 бр.1 с. Стајковци - Скопје
Телефон:
02/2553-546
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор:
Анита Ангеловска
Кратка биографија:
Основното училиште „Кирил и Методиј“ - с. Стајковци е воспитно-образовна институција а воедно и организациона единица на Општина Гази Баба - Скопје. ОУ „Кирил и Методиј“ како самостојно училиште работи од учебната 1984/85 год., а дотогаш училиштето работело како подрачно на ОУ „25 Мај“ - Синѓелиќ.
Со проширување на објектот, како и со зголемување на бројот на паралелките, се создадени услови за самостојно училиште, каде во состав на училиштето припаѓа и подрачното училиште од с. Страчинци, во кое наставата се изведува на албански наставен јазик. Поради просторните услови, ОУ „Кирил и Методиј“ - с. Стајковци, како и ПУ Страчинци, работат во две смени.
ОУ „Кирил и Методиј“ - с. Стајковци се наоѓа на североисточниот дел на градот Скопје, на територија на Општина Гази Баба.
Патронен празник:
24 Мај
ОУ Дане Крапчев
Училиште:
ОУ ,,Дане Крапчев"
Урбана заедница:
Маџари 2 , Гази Баба
Адреса:
ул.”Маџари” бр. 9
Телефон:
02/25 25 292
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Веб Страна:
www.danekrapcev.schools.edu.mk Директор:
Виолета Стоилевска
Кратка биографија:
ОУ Дане Крапчев е изградено во 1978 година. Училишната зграда е лоцирана на ул “Маџари” бб и претставува современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште “Дане Крапчев”, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Маџари 2, односно десната страна на улицата “Антон Попов”од влезот на населбата и улицата “Финска”како и населеното место Инџиково.
Училиштето располага со 4200 м2 училишен простор и 7150 м2 училишен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 1033 ученика распоредени во 37 паралелки за која се ангажирани 51 вработен. Наставата се изведува во две смени. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици.
ОУ „Дане Крапчев” е збратимено со ОУ “Јанка Падежника” – Марибор (Р.Словенија)Патронен празник:
24 Мај
ОУ Наум Наумовски - Борче
Училиште:
ОУ "Наум Наумовски – Борче"
Урбана заедница:
Триангла, Маџари и Кирил Петрушевски, Гази Баба
Адреса:
ул "Маџари" бр 25
Телефон:
02/2 521 092
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор:
Јовица Николовски
Кратка биографија:
ОУ "Наум Наумовски- Борче" е изградено во 1961 година. Училиштето се наоѓа на ул "Маџари" бр.25. Објектот е од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Во состав на училиштето е и Спортската сала "Методија Андонов - Ченто", спортски терени и широки зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште "Наум Наумовски - Борче", ја опфаќа територијата на Урбаните заедници Триангла, Маџари 1 и Кирил Петрушевски, што се простираат на територијата на Општина Гази Баба на излезот од Скопје. Училиштето располага со 3239 m? училишен простор, 3400 м? училишен двор и Спортска сала од1040 m?. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 688 ученици распоредени во 25 паралелки и 1 паралелка со дневен престој. Во училиштето се ангажирани 48 вработени, а наставата се изведува во две смени.
Патронен празник:
01 април
ОУ Крсте Мисирков
Училиште:
Крсте Мисирков
Урбана заедница:
Маџари 2, Гази Баба
Адреса:
ул.Среќко Пужалка 65а
Подрачно училиште:
с.Брњарци
Телефон:
02/25 27 220
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор:
Наташа Тргачевска Мојсовски
Кратка биографија:
ОУ Крсте Мисирков е изградено во далечната 1964 година. Училишната зграда е лоцирана на ул.Среќко Пужалка бб и е од монтажен тип. Училиштето ја задоволува својата функционалност за која е наменета надополнета со спортски терени и зелени површини.
Подрачното училиште во с.Брњарци е изградено во 1960година.
Реонот на општинското основно училиште Крсте Мисирков ја опфаќа територијата од улиците Антон Попов левата страна ,Среќко Пужалка, Ј.М/Бригади, Жегљане, Фуштанска, Дурмиторска, Роман Каскалиевиќ,Товарник и улицата Финска од почетокот десната страна а исто така и подрачното училиште во с.Брњарци.
Училиштето располага со 3124 м2 училишен простор и 12000 м2 училишен двор.Наставата во училиштето се изведува на македонски наставен јазик со вкупно 853 ученика распоредени во 34 паралелки и 45 вработени. Наставата се изведува во две смени.
Училиштето организира дневен престој.
Подрачното училиште во с.Брњарци е со површина од 151 м2 и е од тврда градба во добра состојба со 25 ученика во 2 комбинирани паралелки од прво до четврто одд. со 2 вработени. Во село Брњарци наставата се изведува во една смена.Патронен празник:
25 Април
ОУ Григор Прличев
Училиште:
ГРИГОР ПРЛИЧЕВ
Урбана заедница:
Нас. Железарница, Гази Баба
Адреса:
Ул. „Гемиџиска“ бр. 57 Скопје
Телефон:
02/2621-414
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.grigorprlicev.edu.mkДиректор:
Драган Печевски
Кратка биографија:
ОУ „Григор Прличев “ започна со работа далечната 1964 година, најпрво под името „Климент Охридски“. Училиштето е лоцирано во нас. „Железарница“ која брои преку 6000 жители. Училишната зграда е од времен карактер- барака и располага со 3 380 м? училишен простор со 16 училници, 5 кабинети, 4 административни простории, кујна со трпезарија и фискултурна сала, кои ги задоволуваат потребите за нормално изведување на наставата. На површина од 16240 м? училиштето располага со отворени игралишта за мал фудбал,ракомет и кошарка. Игралиштата се со трибини, трева, дворна и озеленета површина, каде не само што успешно се одвиваат наставните и воннаставните активности, туку и претставува центар на спортски и културни збиднувања во населбата. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 336 ученика распоредени во 16 паралелки и 1 дневен престој за кој се ангажирани 31 вработен. Наставата се изведува во една смена- предпладне, а попладене продолжуваат со работа засега двете паралелки целодневна настава- прво и второ одделение и дневниот престој каде дел од учениците се згрижени и се продолжува со воспитно-образовниот процес. Следната учебна година 2013/2014 се планира отворање на третата генерација целодневна настава со што би се опфатил првиот образовен циклус. Патронен празник:
25 март
ОУ 25 Мај
Училиште:
25 Maj
Урбана заедница:
Нас.Синѓелиќ
Адреса:
ул „Алија Авдовиќ“ бр. 6
Телефон:
2521-395, 2520-673
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор:
Фадил Муртезани (078/380-429)
Кратка биографија:
ОУ „25 Мај“ е изградено во далечната 1965 година. Училишната зграда е лоцирана на ул „Алија Aвдовиќ“ бр.бб и претставува современ градежен објект од цврста градба кој наполно одговара за својата намена. Функцијата на современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Реонот на Општинското основно училиште „25 Мај,, Скопје, ја опфаќа територијата на урбаната заедница населба Синѓелиќ, што се простира на исток до ул.Алија Авдовиќ, на север до ул.„ Христифор Жефаровиќ “ и на југ до ул. „Антон Попов. Училиштето располага со 5548 м2 училишен простор и 85754м2 училишен двор. Наставата во училиштето се изведува на албански јазик со вкупно 1537 ученици распоредени во 63 паралелки за кој се ангажирани 101 вработен. Наставата се изведува во две смени.Патронен празник:
25 Мај
www: 25maj.edu.mk ОУ Наум Охридски
Училиште:
"Наум Охридски" Урбана заедница:
с. Булачлани
с. Црешево
с. РаштакАдреса:
ул „5" бр. "1" Телефон:
2575946, 2575076 E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Директор:
Даниела Димишковска Кратка биографија:
Основното училиште “Наум Охридски”во с. Булачани, Скопје претставува воспитно-образовна институција а воедно и организациона единица на општина Гази Баба. Училиштето е лоцирано на северо - источниот дел од Скопска Црна Гора и спаѓа во редот на училишта кои работат во ридско планински предел.
Основното училиште без подрачните е формирано уште за време на турското владеење во Македонија, а во 1963 година прераснува во осум годишно училиште со опфат на ученици од с. Булачани и с. Раштак. Со доградба на две училници во ПОУ с. Црешево во 1995 година ова училиште прерасна во основно училиште.Училиштето ги опфаќа училишниците обврзници од с. Црешево, с. Виниче и с. Смиљковци додека пак ПОУ с. Раштак ги опфаќа училишните обврзници од с. Раштак.
Од 1965 година па до денес училиштето функционира како ЦОУ Наум Охридски с. Булачани.
Наставно - воспитната работа се изведува во три училишни згради кои се исклучиво наменети за изведување на наставно -образовна работа.
Оддалеченоста на училиштето од град Скопје е 16 км.
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАВАТА
Во училиштето има вкупно 253 ученици во учебната 2009/2010 година, распоредени во 18 паралелки од прво до осмо одд. Училиштето во с. Булачани брои 118 ученици , во с. Црешево 123 ученици и во с. Раштак 12 ученици.
Во ОУ “Наум Охридски” - с. Булачани наставата се изведува во 18 паралелки од прво до осмо одд. на македонски јазик.
Во ОУ с. Булачани има вкупно 8 паралелки и наставата се изведува на македондки јазик во 1 (една) смена.
Во ПОУ с. Црешево наставата се изведува во 9 паралелки од прво до осмо одд. на македонски јазик и тоа во две смени. За учениците од предметна настава во прва смена додека за учениците од одделенска настава во втора смена.
Во ПУ с. Раштак учениците се организирани во една комбинирана паралелка од прво до четврто одделение и се работи во една смена.
Воспитно - образовната работа ја реализираат вкупно: 24 наставника.
Одделенска настава (И - ИВ): 10 наставници.
Предметна настава(В - ВИИИ): 14 наставници.
ОУ “Наум Охридски” с. Булачани во учебната 2009/2010 година својата општествена и педагошка функција ќе ја остварува според Законот на Основно образование и сите други документи кои се поврзани со основното образование.
Патронен празник:
23 Декември