СОВЕТ НА ОГБ
Дома СОВЕТ НА ОГБ |
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)

 

 

 

Контакт - Координатори на советнички групи

Советот на Општина Гази Баба е претставничко тело на граѓаните на општината.
Тој е највисок орган на одлучување во рамките на правата и должностите на општина Гази Баба.
Има 27 членови, кои се состануваат на редовни, вонредни и свечени седници. Советот има свој деловник, со кој подетално се уредени начинот на работа, постапките на одлучување и другите акти кои се однесуваат на другите органи на општина Гази Баба.

Во согласност со Статутот на општина Гази Баба, Советот на ОГБ ги има следните надлежности:

  • Го донесува статутот на општината и други прописи;
  • Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
  • Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
  • Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
  • Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на оpштината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
  • Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
  • Врши и други работи утврдени со закон.


 

Статут


 

Деловник


 


 
 

Советници



Комисии







Општина Гази Баба, бул. Александар Македонски бб,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;