Металург ја заврши регуларната сезона со максимални 18 победи
Металург гостуваше кај екипата на Пролет, со која го одигра натпреварот од последното 18-то коло од лигашкиот дел на првенството. Металург влезе како голем фаворит во овој натпревар и таа улога комплетно и ја оправда. Од самиот почеток нашите ракометари наметна темпо кое беше неиздржливо за домашната екипа, па набрзо се создаде и првата опиплива разлика, 3:5, 3:9 и 5:12, а на минута пред одморот таа стана и двоцифрена 6:16. На одмор екипите заминаа при резултат 7:16. Подобри бевме и во второто полувреме, но веќе го немавме мотивот од првиот дел, па овој период го добивме со само три гола разлика 8:11, за конечни 15:27. Металург ги заврши своите натпревари и сега ќе ги чека новите предизвици, најпрво четврт-финалето во Купот на Македонија, а потоа и плеј-офот во првенството. Дотогаш, половина од екипата ќе биде на располагање на младинската репрезентација, а добар дел од остатокот и во сениорската, која ја очекуваат олимписките квалификации во Гданск.
Пролет – Металург 15:27 (7:16) Пролет: Василевски 1, Ичокаев 1, Николовски, Левковски, Мајнов 1, Аларов, Јовановски, Коруновски, Трајковски 5, Андоновски 3, Кимевски, Трајчевски 1, Џонов 1, Дамчевски, Крстевски 1 и Стојановски 1. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 4 минути. Металург: Томовски, Дупјачанец, Петров, Костески 3, Матиќ 3, Вујовиќ, Бувиниќ 7, Кузмановски 2, Јагуриновски, Кукоски, Крстевски, Талески 4, Велковски, Пешевски 2, Палевски 3 и Шаин 3. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 6 минути. Судии: Мајнов Бобан и Христовски Војо од Скопје. Делегат: Николов Стојан од Скопје. 04.04.2016 |
black varsity purple air max 90