Општина Гази Баба , како општина со високо ниво на свест за значењето на животната средина е промотор во низа мерки и кампањи кои имаат за цел да ја подигнат јавната свест за значењето на животната средина.
Денот на екологија еден од настаните кој нашата општината традицонално го користи како повод за делување на ова поле. По тој повод општината спроведе повеќедневна активност, при што централната активност ќе се одржи на 21 Март (недела).
Активноста која е носител на пораката се состои во пишување на еколошки пораки на хартиени кеси за пакување производи од страна на децата во градинките и училиштата. Нивните изработки, ќе бидат дадени во локалните маркети: СП Маркет, Кам Mаркет и Тинекс маркетите, каде во истите ќе бидат пакувани производите купени на Денот на екологијата. Со тоа ќе се направи спој помеѓу најмладите и возрасните, со што ќе се овозможи проток на пораката за значењето на животната средина.
Општина Гази Баба во соработка во СП Маркет, Тинекс и КАМ Маркет, кои донираа кеси и прибор за сликање за реализација на проектот, Ве покануваат на ден 21 Март (недела) во нивните маркети да го проследите финализирањето на проектот.
Традиционално и оваа година општина Гази Баба донира 200 декоративни садници за Денот на екологијата на сите училишта и градинки во општината.