|
Саем на науки во ПСУ “Јахја Кемал” |
Градоначалникот Тони Трајковски го посети ПСУ “Јахја Кемал”, по повод отварањето на научниот саем кој оваа година се одржa под мотото “Допрете ја науката”. Овој саем го посетија учениците од основните училишта од општината, каде присуствуваа на многу презентации од областа на хемијата, физиката, биологијата, математиката, техничките науки и друго. Градоначалникот оствари средба и со генералниот директор на “Јахја Кемал”, при што разговараа за искуства од досегашното работење и плановите за во иднина.  |
 |
|
|
|