Нова даночна пријава на ДДВ-04
Дома Вести 2010 година Вести 2010 Нова даночна пријава на ДДВ-04
Македонски (Македонија)English (United Kingdom)
Нова даночна пријава на ДДВ-04

Новата Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-04“) ќе се применува од 1 октомври 2010 година и е во функција на усогласување со последните измени на Законот за ДДВ, со кои се предвидува прилогот кон ДДВ-пријавата – Периодичен извештај од денарски и девизни трансакциски сметки на ДДВ обврзникот да се доставува до Управата за јавни приходи по електронски пат од страна на носителите на платен промет (банки).

Формата и содржината на новата ДДВ-пријава е пропишана со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност објавен на 27 септември 2010 година („Службен весник на РМ” бр. 128/2010).

“ДДВ-04“ пријавата можете да ја преземемете преку веб страницата на УЈП http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/34 и Правилникот преку http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/138
За подетални информации во врска со пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот, како и специфичностите при пополнување на ДДВ-пријавата, Ви препорачуваме да ја преземете најновата брошура на УЈП - „Регистрација и плаќање на данокот на додадена вредност“ http://ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8


01.10.2010

 
Општина Гази Баба, ул. Архимедова бр.2,   +389 (0)2 322 66 55
Copyright © 2010 Municipality of Gazi Baba, All rights reserved;