|
Расчистување на снегот во Гази Баба
|

На подрачјето на општина Гази Баба, фирмите ангажирани за зимско одржување
континуирано се на терен и ги расчистуваат главните улици. Поради обилните
врнежи од снег општината заедно со граѓаните, со ангажирање на приватана
механизација, работат на расчистување на споредните улици во населените места,
за коja општината обезбеди нафта.
Исто така, приватните фирми „Вардарградба“, ЕХИ и „Телефонмонтажа“ ангажираа
своја механизација и се приклучија кон заедничкото расчистување на улици на
територијата на општината.
13.02.2012
|
|