|
Помош на социјално загрозени лица
|
Општина Гази Баба во соработка со месните и урбаните заедници и Црвениот крст на Гази Баба деновиве спроведуваат заедничка акција за помош на најзагрозени социјално ранливи категории (стари и изнемоштени лица, болни, лица со хендикеп и социјални случаи).
Секретарите на месните и урбаните заедници имаа задача да ги посетат овие семејства и да соберат податоци за нивните потреби, според кои општина Гази Баба обезбеди 50 пакети со прехрамбени и хигиенски артикли и 50 м³ дрва кои ќе се поделат на 50 семјства.
Патролни социјални екипи, претставници од општина Гази Баба и екипи од Црвениот крст Гази Баба, вклучени во проектот за помош на стари и изнемоштени лица континуирано ги посетуваат социјално загрозените семејства од подрачјето на општина Гази Баба.
Екипите од Црвениот крст, исто така на оние кои им е потребно ќе им помогнат со топла облека и обувки.
17.02.2012
|
|