|
Иницијатива за формирање работно тело за следење на состојбите со загадувањето во Гази Баба
|

Како резултат на големиот интерес на граѓаните за загадувањето на воздухот во општина Гази Баба од комплексот на правни субјекти лоцирани на територијата на поранешна Железарница, на Седница на Совет на општина Гази Баба после обемна дискусија, донесен е Заклучок за формирање Работно тело кое ќе ги следи состојбите со загадувањето на животната средина.
Првиот неформален состанок на работното тело се одржа на ден 17.02.2012 година каде беа предложени членовите и дефинирани задачите и активностите на Работното тело кое ќе ги следи состојбите со загадувањето.
За да се опфатат што повеќе чинители во самиот процес, поканети беа претставници од правните лица лоцирани на територија на поранешна Железарница, претставници од стручните служби од општина Гази Баба, членови на Советот во оштина Гази Баба, претставници од Министерство за животна средина и Градот Скопје и претставници на граѓаните.
Работното тело ќе се состанува еднаш месечно, по потреба и почесто и ќе има обврска редовно да ги следи состојбите со загадувањето на животната средина и да дава информации до граѓаните. Исто така, ќе бидат организирани и заеднички активности во насока на подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на населението.

20.02.2012
|
|