|
Гази Баба домаќин на радио емисијата „Чекориме заедно“
|

Општина Гази Баба беше домаќин на Македонското радио, од каде се емитуваше радио емисијата „Чекориме заедно“. Градоначалникот Тони Трајковски говореше за реализираните проекти во изминатиот период, за тековните активности и за проектите планирани оваа година.
Гости во емисијата беа и Директорот на основното училиште „Наум Охридски“, Елизабета Андова, претставникот од невладиниот сектор Здравко Ѓорѓиевски, претседател на Црвениот крст Гази Баба, претставникот од стопанскиот сектор Никола Ветаџокоски, генерален директор на фирмата „Виталија“ кои говореа за соработката со општината и директорот на ЈКП „Гази Баба 2007“, Ицко Стојановски кој говореше за ингеренциите кои ги има на подрачјето на општината и заедничката соработка Гази Баба.
Во текот на емисијата се емитуваше и анкета направена со граѓаните од повеќе населени места од општината, кои ги изнесоа своите потреби, барања и предлози за подобрување на условите за живеење во нивните места.
17.02.2012
|
|