Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Гостување на Даниел Кајмакоски

 

Популарниот пејач на забавна музика Даниел Кајмакоски беше во посета на ,,Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови" во Маџари.

Посетата беше како дел од сценариото на емисијата Вип- Кујна на Канал 5 и во соработка со училиштето Наум Наумовски Борче и тимот од наставнички и ученици, кои ја промовираа Божиќната песна и поделија пакетчиња на корисниците на Дневниот центар.


28.12.2016

 

 

 

 

Најдобар полицаец за 2016 година

 

Градоначалникот Тони Трајковски го прими во својот кабинет Сашо Стефковски, најдобриот полицаец за 2016 година од полициската станица Гази Баба и по тој повод му врачи награда.

Општина Гази Баба на овој начин се заблагодарува на сите вработени во полициската станица, а посебно на полицаецот кој покажал најдобри резултати во работењето во 2016 година.

Воедно ова е и начин да се поттикнат сите вработени во ПС Гази Баба да дадат максимум во реализацијата на своите професионални обврски, што резултираат со вакви или слични награди и признанија.


28.12.2016

 

Доделени наградите за најубаво новогодишно украсување

 

Општина Гази Баба и оваа година избираше најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта и градинки, со цел заеднички да допринесеме за посвечен изглед на нашата општина во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Комисија составена од администрацијата ги посети сите пријавени, од кои се избраа најубавите и најуспешни декорации за кои општината обезбеди награди, кои беа додели од градоначалникот Тони Трајковски.

Награди добија:

Најубаво украсена тераса – Васил Локордов од н.Автокоманда

Најубаво украсен двор – Ивица Павловски од н.Ченто и Наташа Стојановска од н.м Трубарево

Најубаво украсено основно училиште - ОУ„Кирил и Методиј“ н.м. Стајковци

Најубаво украсен објект од градинката „Детска Радост“ е објектот „Мимоза“

Најубаво украсен објект од градинката „25 МАЈ“ e објектот „Детелинка“


28.12.2016

 

 

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree