Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Пуштена во употреба новата спортска сала

Пуштена во употреба новата спортска сала


 

Во населбата Ченто до основното училиште „Крсте Мисирков“, беше пуштена во употреба новата спортска сала, која е и втора во општина Гази Баба.

 

На отворањето присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, зам. министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски, градоначалникот на град на Скопје, Коце Трајановски, Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески, директорите на јавните градски претпријатија, преседателот и членови на Советот на општина Гази Баба и голем број на граѓани.

 

Присутните ги поздрави градоначалникот Тони Трајковски, кој рече дека спортската сала е дел од барањата на граѓаните од населбата Ченто, кое доби приоритет во програмата на Агенцијата за млади и спорт. Свое обраќање имаа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој потенцираше дека новата спортска сала е 34-та изградена по ред, а е 220-тиот спортски објект реализиран од Агенцијата и вицепремиерот Владимир Пешевски, кој истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во спортот, од кој бенефит имаат сите граѓани.

 

Градоначалникот Тони Трајковски додаде дека нашата општина е најспортска општина, каде многу се вложува во развојот на спортот и во изградба на спортски објекти.

 


26.02.2016

 

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree