Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Турнир во тенис за ученици

Општина Гази Баба, прв пат оваа година заедно со Општинскиот сојуз за училишен спорт на Гази Баба организираше турнир во тенис за учениците од основно образование, кој се одржа на новото тениско игралиште изградено во близина на ОУ "Григор Прличев" во н.Железара.

Целта на овој настан е да се промовира оваа спортска дисциплина, тенис, кај децата од основно образование, како би се запознале и заинтересирале повеќе за него, со надеж во иднина да произлезат врвни спортисти.

На турнирот присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски кој го подржува развојот на овој спорт, членови на општинската администрација, наставници и жители од населбата Железара.

По завршување на турнирот беа прогласени учениците кои ги освоија првите три места, во машка и женска категорија.

Во машка категорија се следните: прво место Матеј Трајчевски од ООУ "Вера Јоциќ", второ место Ненад Крстески од ООУ Григор Прличев" и трето место Леонид Јаневски од ООУ "Н.Н.Борче".

И во женска категорија се следните: прво место Луна Аврамовска од ООУ "Григор Прличев, второ место Тамара Илиева од ООУ "Григор Прличев" и трето место Марија Јаневска од ООУ "Наум Охридски".


23.04.2016

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree