Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

33 - ти Општински противпожарен квиз

 

Во ООУ „Крум Тошев“ се одржа 33 - тиот квиз по противпожарна заштита во организација на Општинскиот противпожарен сојуз, а под покровителство на општина Гази Баба.

На почетокот на настанот претседателот на ОПП Сојуз, Миливој Игњатовиќ ги поздрави присутните,  а потоа свое обраќање имаше градоначалникот Борис Георгиевски, кој ја истакна важноста на едукацијата од областа на противпожарната заштита уште од најраната возраст, за навремен и  адекватен пристап при реагирање во случај на пожари, со што ќе се спасат многу човечки животи и материјални добра.

Градоначалникот Георгиевски ја потенцираше важноста од подигање на свеста на граѓаните за внимателно и правилно ракување со се она што може да предизвика пожар, да се биде претпазлив за да можат да се спречат појавите на пожари.

На крајот од своето обраќање, градоначалникот им посака успех на сите натпреварувачи во квизот и секако да победи онаа екипа која има акумулирано најмногу знаење од областа на противпожарната заштита.

На квизот се натпреваруваат 10 екипи од основните училишта во категоријата на кадети и 4 средни и 2 основни училишта во категоријата јуниори.

На квиз натпреварот наградите ги освоија:

Во категорија Кадети

1 место   ООУ  „Дане Крапчев“

2 место   ООУ  „Стив Наумов“ 

3 место   ООУ „ Крум Тошев“

Во категорија Јуниори

1 место  СУГС  „8 септември“

2 место  ООУ  „Његош“

3  место  СЕТУГС „Михајло Пупин“

09.11.2017 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree