Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Јавен Оглас за ОКР 2017

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Гази Баба, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, во рамки на проектот „Стимулирање на правилен ран детски развој преку зајакнување на творечки, емоционални и физички капацитети на родители и деца од општина Гази Баба“  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување  Скопје.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

             -невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година ;

       -млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;

       -родители на деца со пречки во развојот;

       - родители на 3 и повеќе деца.

             -жртви на семејно насилство;

      - деца без родители и родителска грижа;

       -самохрани родители;

       -Роми;

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • 6 (шест) извршители негователи со завршено средно четири годишно образование и важечка лиценца за неговател,
  • 2 (двајца) извршители дипломирани педагози со  стекнати 240 кредити според ЕКТС  или со  завршен ВСС-VII/1  степен-Филозофски факултет, диполомиран педагог и важечка лиценца за стручен работник .
    2 (двајца)  извршители психолози со  стекнати 240 кредити според ЕКТС  или со  завршен ВСС-VII/1  степен-Филозофски факултет, диполомиран психолог и важечка лиценца за стручен работник;.
  • 2 (двајца)  извршители  социјални работници со  стекнати 240 кредити според ЕКТС  или со  завршен ВСС-VII/1  степен-Филозофски факултет, диполомиран социјален работник и важечка лиценца за стручен работник;
  • 1 (еден) извршител диполомиран  педагог по физичко вопитување со  стекнати 240 кредити според ЕКТС  или со  завршен ВСС-VII/1  степен-Факултет за физичка култура, диполомиран педагог по физичко воспитување и важечка лиценца за стручен работник;
  • 1(еден)  извршител дипломиран  ликовен педагог со стекнати 240 кредити според ЕКТС  или со  завршен ВСС-VII/1  степен-Факултет за ликовна уметност,  дипломиран ликовен педагог со ВСС и важечка лиценца за стручен работник

 

 

Заинтресираните невработени лица  пријавите за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да ги подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 14.09.2017 година до  20.09.2017 година.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Гази Баба и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во: општина Гази Баба кај лицето Светлана Којчева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје  кај лицето Флора Лачи, и во Центар за социјлна работа  Гази Баба кај лицето  Соња Арсовска.

 

 

 

                                                                                              ОПШТИНА  ГАЗИ БАБА

14.09.2017

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree