Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Чистење на каналска мрежа

 

Јавното претпријатие „Водостопанство Скопско Поле“, во текот на целата година работи на расчистување на каналската мрежа во Гази Баба.

Во тек е расчистување на идризовскиот канал, на потегот од Јурумлери кон Идризово.

Во изминатиот период се работеше на чистење на каналот во Економија и каналот во Ченто, кој поминува низ паркот „Борис Трајковски“.

Во Сингелиќ, ЈП Водостопанство Скопско Поле и ЈП Паркови и зеленило,  го расчистуваат  каналот кој поминува низ ова населено место.

Општина Гази Баба и оваа година донесе Одлука за субвенционирање, односно ја презема обврската за плаќање надоместок за одводнување и одржување на каналската мрежа на индивидуалните физички лица – водокорисници , (сопственици / корисници на индивидуални станбени објекти и земјоделско земјиште) кое изнесува 3.882.672,00 денари.

На подрачјето на Општина Гази Баба под системот за одводнување “Скопско Поле” се опфатени вкупно 2175 ха, од кои 1371 ха поседуваат индивидуалните физички лица – водокорисници.

Согласно планот на водостопанското претпријатие за 2017 година, предвидено е да се исчистат 20.900 метри каналска мрежа.

05.06.2017

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree